Sunday, July 1, 2012

Што барал починатиот во Шахта?


Телото на 48-годишниот Томислав А. било идентификувано дури вчера од страна на неговиот брат иако бил најден уште во март. Томислав беше најден во шахта на станица за отпадна вода во Лисиче. Затворот Идризово распиша потерница по него како бегалец, 5 дена пред да го најдат неговото тело. Тој издржувал 10-годишна затворска казна за убиство извршено во 2004-та.
Бегалец по кого затворот Идризово повеќе од три месеци имаше распишано потерница всушност бил непознат маж чиј труп бил најден на 13-ти март. По обдукцијата телото останало во Институтот за судска медицина до вчера кога брат му го идентификувал починатиот.

СВР Скопје соопшти дека конечно е откриен идентитетот на починатиот маж најден во ревизионата станица за отпадна вода од АД „Охис“ покрај реката Вардар во Горно Лисиче, скопско. Телото беше најдено на 13-ти март оваа година, а на 8-ми март (5 дена претходно) затворот Идризово распиша потерница бидејќи Томислав не се вратил од викендот.

Томислав А. требало да издржи уште една година и 7 месеци затвор од вкупната 10-годишна затворска казна. Бил осуден за убиство извршено во 2004-та во населбата Кисела Вода во Скопје. Тогаш со нож убил соседка која со него живеела на истата улица поради меѓусебни расправии.

Телото било најдено на дното на високата шахта. Го нашле двајца случајни минувачи.

Истражителите цело време се обидувале да ја решат мистеријата: кој е загинатиот човек и од што се криел во длабоката шахта за пречистување на отпадна вода.

Најверојатно Томислав првин се качил на отворот на шахтата кој е висок околу 1,6 метри и по скалите почнал да се спушта кон дното со намера тука да се крие пред евентуална полициска потера.

Симнувајќи се надолу тој се лизнал на бетонска косина внатре во шахтата покриена со вода. При падот починал. Обдукцијата ги утврдила причините за смртта, немало знаци на насилство врз телото, ниту пак имало надворешно влијание врз починатиот.

Миомир Серафиновиќ


26.06.2012, 13:56

грид

0 comments:

Post a Comment

Коментар?