Monday, July 9, 2012

Скопјанец видел НЛО



12 светлечки објекти забележал Трајче М. на небото над Скопје минатата ноќ меѓу 00:15 и 00:30 часот. Вели дека сведоци на настанот биле уште 500 - 1000 скопјани кои за време на случувањето стаписано гледале во небото.(обновено во 17.21)


[IMG]

Во писмото упатено до нашата редакција заедно со фотографиите кои Трајче ги направил со својот мобилен, пишува дека 4 пати прелетале групи од по 3 летала. 


- Се движеа многу ниско во колона. Нивните движења беа на моменти физички невозможни(барем физиката што ние ја знаеме). Како што се движеа по замислена патека на крајот сите еден по еден од иста точка под лак од отприлика 70-80 степени, нагоре со огромна брзина исчезнуваа надвор од атмосферата.Целиот настан траеше максимум до 3-4 минути – пишува скопјанецот кој ова го видел седејќи на кејот на Вардар во Аеродром.

Тој вели дека не се работело за авиони бидејќи нивното движење не било проследено со звук, немало траги од сечењето на воздухот како кај авионите, и ниеден авион не би можел за толку кратко време (отприлика 3-4 секунди) да ја напушти земјината атмосфера со толкава голема брзина./www.kanal5.com.mk

***

По објавувањето на сведочењето на скопјанецот Трајче М., до редакцијата на Канал 5 стигна уште едно писмо со исто информации. Скопјанката Биљана З. тврди дека неколку минути по полноќ во неделата ги забележала светлечките објекти на небото од скопската населба Аеродром. Таа направила и фотографија која ја испрати до нашата редакција.

[IMG]

****

Интересно вчера во 00:50 се враќав дома и од паркингот забележав необично светло на небото. Го загледав а во себе носев и апарат си викам да го сликам ама видов во близина на клупа седеа некои деца си викам ај да не се глупирам со апарат у темница ќе сликам башка што ќе фатам на небото. И додека се мислев некоја секунда гледајќи во објектот кој се движеше и светеше со бело светло, забележав дека почнува да трепка и со црвено и плаво светло. Единствено што ми беше чудно е што се движи некако брзо за авион (можеби и не беше брзо ама толку се разбирам во авиони), а иначе се движеше во права линија и со рамномерна брзина. Не останав да го догледам на каде оди дали ќе врти ќе забрза или не знам што затоа што мислам дека беше некаков авион или некакво летало направено од луѓе :) P.S. се движеше од правец ново лисиче спрема населба водно (значи како му доаѓа северозапад према југ)...

0 comments:

Post a Comment

Коментар?