Wednesday, November 28, 2012

Потрага по руда на Балканот

Видео кое ја разбуди светсата свест, конечно и Македонија се најде во центарот. И тоа за нашата омилена тема - мистериите :)





www.think.mk

Leia Mais…

Проколнатата куќа на непозната локација

Кај мене в маало има една куќа без фасада и без таван на вториот спрат. Куќава е од татко му на едно дугарче мое маалско и знајш татково на детево одма до куќава има автосервис. Му тргнал бизнисо па сакал да се прошири или сакал да си се всели во куќава незнам, ама.... од ко знам за мене куќава стои како шо ви кажа и буцио... ко распадната. И знајш ние деца сакавме да знајме шо е работава, и демек на местово од куќкава уште во турско време имало црква. И сеа на местово од црквава се најдува куќава. А други вела дека тука живеел поп, шо си ги убил и жената и децата и се самоубил ( ова второво тро поглупо е и понелогично ). Нема врска. Шо е финтава со куќава... Кога и да го напра таванот на вториот спрат, другио ден таванот е паднат... дали се вандали ова она не знаеле. И еден ден овај газдава ( татково на другарчево ) решил да преспија една вечер на вториов спрат во куќава..... другио ден чоеков не е ист, и си ја остај куќата да си стој така :toe:. Ова другарчево ништо не кажува шо се случило, ама шо и да било не било баш забавно. Ние ко мали сакавме да влезиме еднаш и еден пијаница не исплаши уште пред да ја поминиме улицата, а толку е од мојава зграда, една улица ме дели со куќава.... 



Пренел: IksonamzuK(Кајгана Форум)

Leia Mais…

Куќата близу Идризово

Имам слушнато дека после затворот Идризово позади Пилко фабриката имало некоја голема куќа .. била без прозори без фасади само така напраена а до неа на 20 метри имало гробишта најверојатно турски .. и од порано се ширела некоја легенда дека кој ќе влезе во куќата да стапне внатре моментално се здрвува и не можел ни да викне ни да се мрдне .. и еден мој другар храбар се кладеле незз во пари со уште 2ца другари ( овие му ја кажале приказната а овој храбар демек можел да си влезе и да си излезе без да му биде ништо и се кладеле ) и влегол тој внатре и тие се договориле ако не излезе за 5 мин да го земеме и поминале 5-6 минути ни трага ни глас од другаров и овие решиле да го извадат ... значи не стапнале внатре тој точно го поминал влезот и го извлекле без да влезат и кога го прашале што ти се случи тој рекол не знам на ништо не се сеќавам.



Пренел: Matador (Кајгана форум)

Leia Mais…

Friday, November 16, 2012

Стапките во МРТВ

Вака беше тоа, трета смена во МРТВ, големата зграда, на времето кога работев како одјавувачка на програмата во живо (ако памтите она: „Драги гледачи, утре на програмата ќе гледате...“). Вечерта се фати на муабет темава за духови и некој рече дека меѓу спрат во ходниците каде се студијата за снимање се слушаат чекори, и нормално, ние 5-6 љубопитни отидовме да чуеме. Додека ние галамиме и си збориме, ништо не се слуша, ама на едно место (колегата што веќе знаеше за ова) рече да застанеме и никој ништо да не збори. Се слушаа чекори, како во кломпи, кога ги влечка некој кога оди, го знаете тој звук. Се слушаат од горе (горниот спрат, демек), и можеш точно да го лоцираш: прави чекори, застанува, па се оддалечуваат чекорите, па пак застанува, и тоа не е еднолично, во ритам, туку како некој по потреба да се шета.

Не може да се чуе дури и да трчаат горе, затоа што тоа се студијата за снимање каде меѓу два спрата има барем пола метар (ако не и повеќе) многу јака изолација, токму за да може да се добие тишина додека се снима нешто. Јас и сега се ежам кога ми текнува на ова.


Пренел: виолетова од форум тинк

http://think.mk/forum/threads/%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D0%B7-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82.545/#post-3436




Leia Mais…

Thursday, November 1, 2012

Колку ја познавате Македонија? (Задолжително)

Интересен текст за мистериите во Македонија кој го најдов на ерепублик





Здраво. Ја пишувам статијава бидејќи сум крајно многу револтиран и изнервиран од ова што пред половина час го слушнав.. Сакам да знам, колку вие ја познавате Македонија? Колку си ја познавате вашата земја? Знаете ли воопшто што значи името Македонија? Можеби некои од фактиве ги знаете, а можеби и не, но сепак би сакал некаде да го изнесам мојов гнев, и би сакал да ги споделам со Вас, иако можеби не се поврзани со играва.




-Македонија- името значи Земја на мајката! доаѓа од зборовите Маке- што значи мајка, и Донија- што значи земја. *Инаку култот на божицата мајка потекнува толку од Македонија. Објаснување за ова ќе има подолу

- Македонците дефинитивно се најстарата цивилизација во светот. За тоа доказ се најпрво пирамидите, опсерваториите... Најстарите пирамиди се наоѓаат токму во Македонија, од каде и што потекнуваат. Кокино, се смета за најстара, но има и друга 2000 години постара опсерваторија, но големите сили ( проклетите американци) не даваат тоа да се открие.. во твоја земја да не можеш да си кажеш кој си, што си, и од каде си???

- Што мислите, спорот со името е случаен? Никако!! мислите дека грците ни се најголеми непријатели?? Не!! тие се само марионетки на ЕУ и САД. нели, грујо прифатил промена на името а демек тие не прифатиле??? Ма кои се грците нив да ги прашуваат??? Името не им се допаѓало на Американците.. Тие кои всушност најмногу сакаат да ни помогнат, ни се најголеми непријатели. тие сакаат да не избришат нас, србите и црногорците!! Словенците, хрватите и бугарите се веќе марионети.. Ние сме им како трн во око!!! Им смети нашата историја, затоа што ние ја имаме најстарата историја во светот!!! на оваа тема има уште многу да зборувам но во друга прилика...

- На територијата на Македонија има околу 100 пирамиди, и Македонија е единствена во светот каде постојат кружни пирамиди( во облик на конус) *такви има кај Росоман на пр.. и интересно е што пирамидите се математички точни и се подредувани по три пирамиди да претставуваат триаголник. како една пирамида да е една точка, и сите три пирамиди(точки) кога ќе се поврзат да претставуваат триаголник. Совршено се совпаѓаат со триаголниците, и неверојатно е тоа, како во тој период било некако возможно да се направи тоа( што е уште еден доказ дека сме најстара и најинтелигентна нација во светот!)
*Најпознатиот археолог, испитувач за пирамиди, не знам како му е името, босанец е, рекол дека најстарите пирамиди од по 20.000 години стари се наоѓаат во Македонија.
** Се сеќавате на хаваријата во русија, Чернобил?? Светски познати испитувачи, стручњаци се чудат зошто во Македонија го нема тоа радиоактивно зрачење, а во соседните земји го има. Знаете зошто? Пирамидите ја впиваат, или како да кажам.. одбиваат негативната енергија, и со тоа ја прават Македонија најздраво место за живеење во светот!!
*** Ако има заинтересирани, во следното издание раскажувам за тоа како пирамидите биле градени во тоа време, интересни факти за Македонија, македонците и нивната поврзаност со Библијата и многу други информации...
Имам уште мнооогу факти, но се изморив пишувајќи и немам време, а и секако мислам дека статијава ќе биде избришана од админите, но мислам дека ова се доволни фактиза уште повеќе да си ја сакате Македонија, и уште повеќе да ги мразите Американците и грците..
МАКЕДОНИЈА ЗАСЕКОГАШ!!! ♥♥!!


ЕРЕПУБЛИК

Leia Mais…