Saturday, September 29, 2012

Откриена е некропола во Македонија


виа курир


При истражувањата на локалитетот Старо Бонче и Високо кај селото Бонче во Мариово откриена е раноантичка некропола, досега непозната во археолошката наука, јавува весникот „Нова Македонија“.

nekropola.jpg-500
- Рано е да се кажуваат детали за локалитетот. Копаме на уште две точки - на северниот крај на гробницата од македонски тип, единствена на овие простори по архитектонска концепција. Таа е уникатна и еден од најубавите објекти од раната антика. Втората точка е местото каде што беа пронајдени трите штита од гардата на македонскиот крал Деметри. Целта на истражувањата е да го откриеме археолошкиот контекст на овие извонредни наоди пронајдени пред шест години - вели доцент д-р Антонио Јакимовски.
Како што пишува весникот, на истражувањата кои се предводени од Прф. Д-р. Виктор Лилчиќ работат и студенти по археологија од Филозофскиот факултет. Ископувањата ќе траат до 15 ти октомври, а истражувањето на овие локалитети е финансирано од Министерството за култура.
Како што рекол Лилчиќ, на овој потег се врши истражување на кралска гробница, а се претпоставува дека се работи за античкиот град Пелагонија.

Leia Mais…

Tuesday, September 18, 2012

Карпеста уметност во Македонија

http://beautifullmacedonia.blogspot.com/

Карпеста уметност во Македонија

Карпестата уметност се состои во представи на луѓе, животни, идолиформи, симболи, создадени со гравирање, сликање или низок релјеф врз камења и карпи.
Карпестата уметност во Македонија почнала да се создава пред повеќе од 15 000 години.
Оваа уметност ја создавале праисториските луѓе кои ја населувале територијата на Македонија пред повеќе милениуми.

Неодамна е откриен 100 000-от карпест гравир на територијата на Република Македонија.Се предпоставува дека на територијата на денешна Македонија има над еден милион карпести гравири. Според Светската Федерација за Карпеста Уметност Македонија е светски лидер на полето на истражувањето на карпестата уметност.
Според др.Душко Алексовски, Македонија е резерват на карпеста уметност.
Во Македонија е пронајден и Скочивирскиот натпис-атомска бомба во научниот свет.
Сличноста на буквите од овој натпис со буквите од глаголицата упатуваат на размислување дека Светите браќа Кирил и Методиј не случајно го измислиле "словенското писмо".
Истражувањата на карпестата уметност во Македонија се битни за правилното дефинирање на културното, историското и јазичното наследство на светската цивилизација.
Карпестата уметност живее во духот на македонскиот народен гениј, што може да се забележи од следните две фотографии.
Карпестиот гравир е речиси идентичен со народниот вез од село Бељаковце.

Leia Mais…