Saturday, November 19, 2011

Клеопатра зборувала Македонски? [Курир]

Грчкиот историчар Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил „македонскиот јазик“.

kleopatra240
Античките историчари различно ја опишувале Клеопатра. Еврејскиот историчар Јосиф Флавиј пишува за неа во негативен контекст, што е и разбирливо ако се знае дека таа владеела со Јудеја.
Меѓутоа, грчкиот историчар Плутарх во својата биографија за Марко Антоние пишува само пофални зборови за неа. Притоа, тој наведува дека Клеопатра зборувала голем број јазици, при што индиректно спомнува дека нејзиниот мајчин јазик бил македонскиот.
- Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше, пишува Плутарх.
Ова многу значајно сведоштво од Плутарх ни зборува дека мајчиниот јазик на Птолемеите бил токму македонскиот јазик! Гледаме дека, според Плутарх, некои од нив (веројатно поради политички причини) го запоставувале македонскиот јазик на сметка на јазикот коине. Но, Плутарх не пишува такво нешто и за Клеопатра, што значи дека таа си го зборувала мајчиниот македонски јазик.

Превземено од Курир

Leia Mais…

Sunday, November 13, 2011

Делови од крстот на кој е распнат Исус Христос има во Македонија?

Во темелите на манастирот “Св. Богородица Пречиста” ( Кичевско ) има дел од крстот на кој е распнат Исус Христос. Во внатрешноста на црквата пак има извор со лековита вода од која спасение наоѓале многу паталци од разни болести и проблеми.
Дел од крстот има и во темелите на манастирот “Св. Јован Бигорски” како и во манастирот “Св. Георгиј Победоносец” во с. Рајчица. Дебарско.
Пронаоѓањето и разделувањето на чесниот крст се случило во времето на “Св. Константин и Елена”. Го пронаоѓа царицата Елена која се упатила лично и со голема придружба да го најде во местото на распетието.
Евреите не го кажувале местото каде е закопан крстот, па Елена успеала од еден старец да ја извлече информацијата за вистинската локација.


- Таму навистина ги нашле трите крста – едниот на кој е распнат Исус и двата на кои се распнати двајцата разбојници а кој е вистинскиот, набргу се дознало. Имено Елена и придружбата ги распоредиле трите крста пред кои поминувала поворка со умрен кој требало да се погреби. Минувајќи ги двата крста не се случило ништо на кога умрениот минувал крај третиот крст, се случило чудо. Тој оживел, што било јасен знак за сите присутни, дека е тоа навистина чесниот крст. По ова Елена го носи во столнината и од каде подоцна патријархот Кирил Ерусалимски како најголеми световни реликти разделува стотици парчиња од него за да го чуваат и закрепуваат темелот на Христијанските храмови и вера. Така и се случило да дел од нив дојдат и во Македонија како што сведочат Повелбите за овие три манастири.

Leia Mais…