Wednesday, September 18, 2013

Тажна легенда за како Тетово го добил своето име

Старите Тетовци раскажуваат дека градот го добил името во сеќавање на едно мало девојче кое се изгубило во шумата.

Едно девојче со својата тетка отишло на чешма да наполнат вода. Додека стомните се полнеле, А тетката се Грижела да не се скршат, Девојчето водено од детското љубопитство, се заиграло и навлегувало се Подлабоко во планината. Се стемнило, а од малото девојче ни трага ниту глас...Тамошните мештани почнале да го бараат девојчето низ шумата. Барале долго низ темницата кога наеднаш се слушнало, Тетооо Волк!!!
Девојчето викало на сиот глас, Барало помош! Тамошните мештани побрзале да го пронајдат девојчето но неуспале во намерата за да го пронајдат девојчето. Бидејќи од ехото се слушнало само Тето вооо...
Во чест на изгубеното девојче старите мештани тој крај го нарекле Тетово.

Leia Mais…

Wednesday, September 4, 2013

Од Вас за Вас: "Појави во ресторан?"

Ресторанот во кој работам е стар и со богата историја. Тука некогаш имало пожар. Во тој пожар загинало мало девојче. Многу вработени таму ми се имаат пожалено на чудни појави. Приказните која од која поинтересни. Некои дури тврдат и дека од подрумот се слушало пцуење од возрасна, машка особа. Еден од вработените тврди дека го чул пцуењето и го видел девојчето, облечено во бело фустанче, цела исцрнета како да излегла од запален објект... И тоа без да знае што се случило некогаш. Само раскажал што видел, останатите пребледеле и му ги раскажале приказните. Многу често се случува некој да се пожали дека кога го отворил ресторанот, имало запалени ламби и свеќи наоколу, иако оние кои си одат последни тврдат дека проверуваат сѐ пред да си заминат. Ми се случило и јас да стигнам прва и да затекнам запалени ламби и свеќи, меѓутоа не сум обрнала внимание многу на тоа. Чашата се прели откако еден ден ја затекнав уклучена пеглата за алишта, која горела цела ноќ... И збеснав! Едноставно ме изиритира толкава неодговорност. Лично разговарав со луѓето кои го затвараат ресторанот доцна навечер и упорно тврдат дека проверуваат насекаде, а и самите вработени тврдат дека нема шанси да не ја изгасат пеглата после секое користење. 



Што се случило вчера - не знам, битно едната чистачка си заминала во некоја чудна состојба. Не сака да зборува ни што видела, ни како... Стигнала, почнала да чисти и по некое време избезумена му се јавила на еден од куварите(кој бил на смена тој ден) и го замолила да дојде што побрзо. Овој ја начекал бледа и испаничена, а малава инсистирала да ја заврши смената во присуство на нејзиниот дечко. Девојката повеќе не работи таму... 
Дури и криво ми паѓа затоа што пред некој ден ги зезав баш таа девојка и готвачот дека сум чула детски плач од местото каде што беа тие (ресторанот е на делови, исто и кујната). 

Како и да е, денес на смена јас и готвачот, си работиме... И слушнавме тропање. Луѓе, течниот сапун што стоеше на чешмата беше оддалечен од неа цели две метра! Буквално како некој налутено да го удрил. Значи ниту јас, ниту тој не бевме во близина на чешмата. Ниту имаше провев, а дури и да имаше, шишето беше полно. Немаше шанси да е од ветер. Чешмата тој ден ја немавме допрено, значи не беше искористена, па сапунот да се лизнал од влагата... 
Доаѓа газдата и му викам насмеана дека ресторанот може слободно да биде туристичка атракција, му треба само мала реклама. Човекот се заозбили и праша што се случило овој пат. 



Пренел: Анонимна

Leia Mais…

Од Вас за Вас: "Случувањата на Muranyi"

Имено,еднаш пишував за една случка која ми се случи пред точно 6 години,кога имав непријатно искуство со звуци од дишење-експирации во мојата соба,поточно до мојот кревет.Истите не можев на ниеден логичен начин да си ги објаснам.Првата моја логична претпоставка беше дека можеби го губам разумот,но истите звуци кои доаѓале од мојата соба ги слушала и сестра ми.Штотуку открив дека не сум единствениот на кој му се има ова случено,на нетовима можеби стотици вакви дешавки и као сите немаат поима што може да биде.Буквално истите дешавки насекаде,време на случување после 3 часот,двапати во рок од месец дена.Како да се работи за клише.Се прашувам што би можело да биде?Дали некој од вас имал искуство со овој феномен?

Ај дишењето,туку истиот период,летото пред 6 години,моите беа на одмор а јас бев сам дома.Дента кога ми се случи дешавката за која пишувам,дојде баба ми и ми спреми ручек и си замина со зборовите,ги паметам и ден денес-Сине,имаш ручек,батачиња ти спремив,на шпорет ти се,земи и јади,немој да не си ручал.Тоа беше околу 3 часот попладне и си замина,а после саат време дојде девојка ми и јадевме во некое кафанче.Се вративме дома,седевме некои си 3-4 часа и вечерта излеговме во 12 у дискач.Диското помина и тргнавме накај дома и гладни нормално,почнавме разговор околу тоа каде би јаделе,што би јаделе,па дали до фурна Чаир или на гиро или штотијазнам и пази го моментов-јас,кој сум мрзелив,кој ќе умрам од глад ако некој нешто не ми спреми зашто јас нема шанси да го направам тоа и велам на девојката:Абе ај што ќе јадеме глупости,башка и уморни сме,имам дома батачиња што спремаше баба ми,ќе јадеме тоа.И ок падна договор,стигнавме пред врата кај мене дома,ја отворам клучалката и прво што осетив беше миризба на скара во мојот стан.Беше околу 3.часот по полноќ,т.е. 3 и нешто(и ова имало некоја врска во овие вакви појави,не е случајно тоа време).Се погледнавме со девојка ми и одиме накај кујна,од каде доаѓаше мирисот и ринглата каде стоеше тенџерето со батаците беше вклучена на максимум,а батаците си се крчкаа како да беа пуштени пред 5 мин(остајте вие батаци во масло на максимум пуштена рингла и видете што ќе се случи за еден час,а не за три часа колку што бев излезен од дома-во случај да си помислите дека сум ја заборавил ринглата вклучена пред да излезам,јас шпоретот дента воопшто не го ни користев).Си признавам,се уплашив најмногу што можам,ја исклучив ринглата и таа вечер спиев во кола на паркингот кај Александар Палас:(

После тоа мајка ми палеше во собата темјан,околу две недели и сите паранормални појави ги снема.Дури и чудно ми е како човек е во состојба да ги голтне свесно,т.е.игнорира такви запрепастувачки феномени и да си продужи со животот и да остане нормален.Но,кога и да се сетам на тоа ме полазуваат морници и не би сакал повторно да ми се случи.

Ај сега некој од форумов нека ми одговори дали слушал експирации во собата и за што би можело да се работи.


Пренел: Muranyi (Кајгана Форум)

Leia Mais…