Sunday, July 1, 2012

Мистерија за смртта на Владо Танески


Се’ уште неразјаснетата мистерија, за смртта на новинарот Владо Танески со своите мистични елементи се проткајува низ нашето секојдневие.
Тоа е мистеријата која пред неколку години го разбуди стравот во нас, очајните набљудувачи. Грозоморните убиства на трите мајки и тагата на нивните најблиски. Наводниот убиец, тогашен дописник на Утрински весник за Кичево, како што вели полицијата ја гледал својата мајка во овие три невини жени и ги измачувал до смрт. Следното утро  тој пишувал статии за убиствата во Утрински весник. Животот на Танески завршува со „самоубиство“, но има нешто што не’ принудува да размислиме дека убицот сé уште шета низ кичевските улици. Имено, според наводите на МВР, Владо Танески се удавил во кофа со вода. Експертите контрадикторни со своите ставови, едни велат дека тоа е возможно, но други се сомневаат во самоубиството.

Македонскиот режисер Милчо Манчевски детално го изучи целиот процес, навлезе во семејствата на жртвите и ги пренесе нивните тажни судбини. Тој ја отвори дилемата „Дали се работи за самоубиство или за убиство?.“. Во „третиот“ дел од филмот „Мајки“ на Манчевски се зборува токму за оваа тема, за кичевските убиства и смртта на новинарот Танески.
Мистериите
Како мирен и човек со „добар глас“ во околината стана сериски убиец кој се иживувал со неколкуте жртви?
Според Хелсиншкиот комитет за човекови права на Владо Танески при приведувањето му било повредено начелото на пресумпција на невиност.
Новинарот Танески бил ставен во притвор со други двајца затвореници и не му бил обезбеден 24-часовен надзор. Биле ли прекршени затворските процедури?
Никој од надлежните за случајот не успеа да објасни како може возрасен човек да се удави во кофа со вода. Најпрвин се претпоставуваше дека Танески бил под седативи, но форензичарите по извршената обдукција утврдија дека новинарот пиел само лекови за срце.
Неколку години по „самоубиството“ на Владо Танески се случи убистово, слично на оние за кој тој беше обвинет.
 Заинтересираноста од странските медиуми
„Шокантна приказна за криминалистички репортер во новина кој знаел премногу“, пренесе Guardian
„Мистерија на убиства во Македонија“, пренесе New York Times
„ „Убиецот“ новинар пронајден мртов“, пренесе Sky
„Криминалистички репортер обвинет за убиствата за кој пишуваше се самоуби“, пренесе Independent


грид.мк

0 comments:

Post a Comment

Коментар?