Monday, December 19, 2011

Дали сакате Бесплатен Форум? (Гласањето трае сеуште)

Форумот ќе биде бесплатен(Free Hosted), на Македонски јазик. Преводи би можело да има, но подоцна. Ни треба само наше мислење...

Гласајте слободно овде:



КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОВ ЗА ГЛАСАЊЕ


http://www.acepolls.com/polls/1239094

Leia Mais…

Saturday, December 17, 2011

Пештерни Цркви во Македонија

Пештерни цркви во Македонија

Пештерните цркви, кои се јавуваат во 9. век или порано, а чии живописи се главно датирани во 13. и 14. век, се тесно поврзани со христијанското учење - исихазм. Тоа дава печат и на целокупниот некогашен живот во Македонија. Тука, во разни пештери, се појавиле многу пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување. Особено околу Охридското Езеро, Тиквешко езеро, реката  Бабуна, Кумановко - Кратовски крај ,  никнувале црквички - пештери во кои живееле и дејствувале исихастите.

Да споменеме неколку од нив: новооткриената пештерна црква Св. Никола кај кампот Љубаништа, стотина метри северно од с. Трпејца, на една карпа се наоѓа фреска со ликот на Св. Никола; во туристичкиот камп Градиште во карпа се наоѓаат остатоци од монашко живеалиште; стотина метри северно од него се наоѓа пештерната црква Богородица Пештанска; над синдикалното одморалиште “Орце Николов” се наоѓа пештерната црква Св. Стефан;

само стотина метри западно од оваа црква се гледаат во една карпа остатоци од живопис; пештерната црква посветена на Воведение Богородичино, во карпите под црквата Св. Јован Богослов - Канео во Охрид, на плажата Лабино во една мала пештера каде што извира извор, се наоѓаат остатоци од живопис; северно од неа,на околу двесте метри, во една длабнатина, луѓето одвреме навреме палат свеќи и според искажувањето на постарите рибари од Канео, кога ќе оделе на риболов велеле дека одат да ги фрлат мрежите кај Св. Спас; на почетокот на плажата Грашница има поголема пештера, до неодамна со остатоци од живопис; западно од Охрид, на околу два километри се наоѓа пештерната црква Св. Еразмо; само стотина метри на запад од неа се наоѓа едно монашко живеалиште во внатрешноста со исцртан крст; пештерната црква Успение на Богородица во Калишта; на стотина метри јужно од неа се наоѓа пештерната црква Св. Атанасие; потоа Св. Архангел Михаил кај с. Радожда и др.

Leia Mais…

Венера од Скупи (не е мистерија)

Венера од Скупи

Статуа на божицата Венера од 3 век, со огромна вредност, пронајдоа завчера археолозите кои работат на ископувањата на локалитетот Скупи, кај скопско Злокуќани. Статуата е во природна величина (висока 170 сантиметри) и според обработката станува збор за оригинал, нејзината вредност е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз. Сега таа е пренесена за конзервација, а потоа ќе биде изложена во Музејот на град Скопје. Римската божица на љубовта Срамежливата Венера или Венера Пудика е во природна големина, со голо тело, а со рацете го крие срамниот дел. Според префинето измазнетиот мермер, сигурно е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари. Вредниот наод е откриен при ископувањата на доцноантичкиот хоризонт кога се откриени два објекта: ранохристијанска базилика и бања која може да биде дел од резиденцијален објект. Токму во бањата е откриена статуата на божицата Венера, која на левата нога има изгравиран делфин, кој го има Срамежливата Венера, кога излегува од вода. Најчесто била поставувана во бањи и во простории со базени. Делфинот на ногата, изработката и материјалот на скулптурата укажуваат на тоа дека Скупи од 1 до 7 век бил град од највисок ранг. Само богати градови може да си дозволат таков луксуз да имаат вака изработена Венера.

Археолозите велат дека скулптурата пронајдена во Скупи е единствена скулптура најдена на локалитетите во Македонија што има сочувана глава, односно е во одлична состојба. Скулптура на божицата Венера е најдена и во Стоби, но без глава и сега е во витрините во музеј во Белград. Божицата Венера била инспирација на многу уметници, како на пример Ботичели (15 век) кој е автор на делото „Раѓањето на Венера“, на Тицијан кој ја нацрта „Венера со огледало“ и други. Градот Скупи е од крајот на 1 век пред нашата ера. Создаден е од воени ветерани по потекло од Италија и од Шпанија кои 25 години биле во римските легии. На локалитетот Скупи во досегашните ископувања откриени се 23.000 предмети. Истражувањата годинава почнаа во март и ќе завршат до крајот на месецот.
Во нашата земја досега се пронајдени 7 примероци на Афродита, која во римската митологија се именува како Венера. Пронајдоците се од Стоби, Хераклеја, Штип, а најчесто се обезглавени и без нозе. Пронајдокот во Скупи е прва најсочувана скулптура на Венера кај нас.

Leia Mais…

Позлатената мермерна глава во Стоби

Позлатена мермерна глава, Стоби
Позлатена мермерна глава пронајдоа археолозите истражувајќи го Римскиот форум, кој во минатото служел како плоштад на античкиот град Стоби, кај Градско. Главата е пронајдена падната покрај една од засведените ниши на објектот. Иако е во неколку дела, може целосно да се реконструира.- Пронајдокот е единствен во поширокиот регион. Тоа зборува колкав бил подемот на Рим на овие простори и колкаво значење имал овој град во тоа време.

Според првичните податоци, археолозите може само да потврдат дека скулптурата била изработена во 2 в, од бел, ситнозрнест мермер. Ликот и косата се прецизно изделкани и измазнети. Делови од образот, усните и носот се црни, веројатно од пожарот во античко време, што бил предизвикан кога била скршена скулптурата. Тогаш веројатно изгорел целиот Форум. 

Бидејќи засега не се пронајдени други елементи од скулптурата, археолозите немаат атрибути според кои би можеле да оценат кому му била посветена. Откако била изработена, била премачкана со црвена боја и целата била облепена со тенки листови од злато. Ако загледате повнимателно, ќе ги видите убаво нацртаните веѓи. Истражувачите очекуваат во земјата да пронајдат уште делови од скулптурата, бидејќи се' уште не е детаљно истражен просторот од каде што излегла глава.

Плодната почва во Римскиот форум деновиве дала уште два ексклузивни предмета, пронајдени независно од главата - позлатена мермерна рака, која држи нешто во дланката и позлатен мермерен кантарос (чаша со две рачки од која се пиело вино). Истражувајќи го објектот, археолозите пронајдоа големи камени плочи наредени на подот, на нив биле поставени греди на кои се потпирал внатрешниот трем на Форумот. Така, граѓаните можеле да шетаат и во засведен дел од објектот, на чии ѕидови имало ниши украсени со скулптури. Форумот е еден од најрепрезентативните и најдобро зачувани објекти од римскиот период во регионот. Истражувањата траат веќе три години и досега покажаа дека Форумот, градба од 2-3 в, имал монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади. Форумот бил широк 23 м, долг 35 м. Ѕидовите на објектот се зачувани до 5,5 м. во височина. Според археолозите, изградбата на Форумот веројатно почнала кон крајот на 1 в, кога градот доживеал голем економски подем. Кон крајот на 3 в. заедно со другите објекти во градот бил опожарен, а скулптурите насилно искршени. Археолошки, уништувањето на објектот се врзува со наездата на Готите во 268 и во 269 г. Потоа објектот бил напуштен, а кон крајот на 4 в. врз него бил подигнат внатрешниот градски бедем. 

Leia Mais…

АРМАКЕДОН и неговото значење

Македонија.. Света Земја.. 
Сигурно многу од вас слушнале за Армакедон (местото на кое треба да се одржи последната битка меѓу Господ и ѓаволот). Така е запишано во Библијата поточно во Откровението на Св. Јован. 
Црквата вели дека тоа е полето Армакедон во Ерусалим. Меѓутоа, ако земеме во предвид дека историјата ја пишуваат победниците, а најголемиот победник до ден денес е црквата ќе дојдеме до заклучок дека постои можност сето ова да е само измислица. А причината за тоа е нормално црквата да ја одбрани својата догма и на луѓето да им го наметне нејзиното мислење и да си ја сврти работата во нејзина корист. 
Наспроти ова, ако убаво го разгледаме и протолкуваме зборот АРМАКЕДОН и земеме во предвид дека нашите предци за терминот "земја" го користеле зборот "АР" ни станува јасно за што всушност станува збор.. АР МАКЕДОН т.е Земјата Македонија.. местото каде што треба да се одрши последната битка помеѓу Бог и ѓаволот.. 
Освен тоа, не е за ѓабе запишано уште од минатото.. Македонија, света земја.. :) 
Бидете горди што сте Македонци, затоа што сте благословени меѓу народите.. :)

Leia Mais…

Ѓаволски Ѕид x2

Убавините на Република Македонија не можат да се набројат набрзина и да се опишат со леснотија.

zid1.jpg-500
Низ своето богатство оваа прекрасна земја крие многу тајни и мистерии кои се интересни за светот, а значајни за Македонците.
Интересната природна геоморфолошка појава на десниот брег на Брегалница се нарекува Ѓаволски ѕид.
Легендата говори дека ѓаволот се обложил со Господ дека кај месноста Богословец во атарот на општина Свети Николе само за една ноќ ќе изгради ѕид со кој ќе ја пренасочи реката Брегалница од нејзиното природно корито, нејзините води ќе ги упати кон Овчеполието и целосно ќе го поплави. Господ го прифатил облогот, а ѓаволот се обврзал да го изгради ѕидот додека не закукурикаат првите петли. Истата ноќ ѓаволот започнал да го гради ѕидот и тоа го правел толку брзо и вешто што не оставал место за сомневање дека работата ќе ја заврши навреме. Тогаш Господ се послужил со итроштина - пред зори клоцнал еден заспан петел кој закукурикал и така порано го најавил доаѓањето на денот. Ѓаволот не успеал во својата намера, Овчеполието било спасено од потоп, ѕидот го добил името Ѓаволски, а огромните камења останале до ден-денешен да сведочат за легендата за која не се знае кога настанала.
Интересната легенда остана меѓу народот, кој до ден денес ја раскажува секогаш кога ќе се спомене ова прекрасно место.
zid2.jpg-500
Друга легенда говори дека токму на овој простор се криело големото богатство од освојувачките походи на Александар Македонски, а овој мит бил предизвик за многу трагачи по закопано богатство да си ја пробаат среќата.
Тоа се карпести изданоци т.е. карпести ленти кои се јасно забележливи во релјефот, а се протегаат фрагментарно во правец исток-запад-северозапад, во должина од неколку стотици метри. Појавата е последица на побрзата ерозија на еродибилните еоцени седименти-песоци, песочници и друго, во однос на тектонски пореметените, вертикално поставени поцврсти карпести ленти. Овие карпи како поцврсти во однос на околните, заостануваат во релјефот во вид на природен ѕид. Според тоа појавата воопшто не е последица на директна човечка активност или градба, освен ако не се смета човековото влијание врз забрзувањето на ерозивните процеси преку оголувањето на теренот.
zid3.jpg-500
Д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг рекол дека Ѓаволскиот ѕид е чудо какво не постои во светот.
Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград, Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восхитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо! Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.
zid4.jpg-500
Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив е главната причина што последните години диви копачи на богатство се повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.
Ѓаволскиот ѕид создава немир и спокој истовремено. На човекот му носи опасности, но и зрачи со сета своја убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит.
zid-karta.jpg-500

Leia Mais…

Макеонски Масони?

Македонските Масони решија да се демистифицираат преку интернет страница која деновиве е подигната на интрнет ... Од интернет страницата се задоволува почетната љубопитност за обичниот ѓраѓанин што е тоа Масон/и ... Кои се македонските масонски ложи ... Што е цел на масонското здружување ... Секако сеуште има голема мистика во Масонерското здружување ...
МАСОНЕРИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА: МИТОЛОГИЈА И ИСТОРИСКИ ЗАСНОВАНА ХРОНОЛОГИЈА
ГРБОТ НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА
ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ – РЕГАЛИЈА
ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ – ЛОЖА
ЗА МАСОНИТЕ - ШТО Е СЛОБОДНО ЅИДАРСТВО?
ЗА МАСОНИТЕ - ЗАШТО ЛУЃЕТО ПРИСТАПУВААТ?
ЗА МАСОНИТЕ - КАКВИ ВЕТУВАЊА СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ ДАВААТ?
ЗА МАСОНИТЕ - КОЈ МОЖЕ ДА ПРИСТАПИ?
ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО Е РЕЛИГИЈА?
ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ СЕ ТАЈНО ДРУШТВО?
ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ МАСОНИТЕ СЕ ВМЕШАНИ ВО ПОЛИТИКАТА?
ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ МАСОНИТЕ СЕ ВМЕШАНИ ВО ОПШТЕСТВОТО?
ЛОЖА СКОПЈЕ ... ЛОЖА СКОПЈЕ - ФОРМИРАНА НА 02 ОКТОМВРИ 6000 ГНС; 2000 ЛГ 23 ОСНОВАЧИЛОЖА ЕДИНСТВО ... ЛОЖА ЕДИНСТВО - ФОРМИРАНА НА 08 ФЕБРУАРИ 6002 ГНС; 2002 ЛГ 24 ОСНОВАЧИ
ЛОЖА БЕЛИ МУГРИ ... ЛОЖА БЕЛИ МУГРИ - ФОРМИРАНА НА 20 ЈУНИ 6003 ГНС; 2003 ЛГ 23 ОСНОВАЧИ
ЛОЖА УТРИНСКА ЅВЕЗДА ... ЛОЖА УТРИНСКА ЅВЕЗДА БР.4 - ФОРМИРАНА НА 05 ФЕБРУАРИ 6007 ГНС; 2007 ЛГ 12 ОСНОВАЧИ
СПИСОК НА ГОЛЕМИ ЛОЖИ КОИ ЈА ПРИЗНАЛЕ ГЛМ


“.. Кога ке го слушнеш зборот Масон/и – на што те асоцира Масон/и ?? – Што ти се врти во главата позитивни или негативни чувства ?? Кои се Масоните ?? Кои и какви им се целите ??..“
На дел од прашањата пробав да одговорам во постот ... дел во коментарите ... а во сајтот на Големата масонска ложа на Македонија се појаснети уште некои детали ...
- Mason ... Masoni ... Masonska loza ... Freemasonry ... Масонство ... Freimaurerei ... Τεκτονισμός ... Francmasonería ... Franc-maçonnerie ... Slobodno zidarstvo ... Massoneria ... Wolnomularstwo ... Слободно зидарство ... Masonluk ...


ВОЛАН

Leia Mais…

Дали Тито бил Масон?

Во новиот дел на Белград, после Втората Светска војна, беа изградени зданија кои асоцираат на масонското влијание. За сите овие згради не може со сигурност да се тврди дали масоните имале одредено влијание врз градењето но некои коинциденции не можат да се избегнат.
Можеби од суштинско значење претставува влијанието на слободното ѕидарство пред Втората Светска војна, како и влијанието кое што следеше после тоа. Поради тоа постојат големиот број на претпоставки за важноста на масонството во времето на Tito. Начинот на кој слободното ѕидарство функционираше пред 1940 година (односно до “самозаспивањето“ на Големата ложа “Jugoslavija”, очигледно беше крај на еден голем историски циклус).
За поствоениот период има сеуште свежи рани: од тоа дека Josip Broz, а со самото тоа и неговото блиско окружување имаше блиски односи со масоните, до тоа дека масоните всушност во поствоениот период беа прогонувани и слободното ѕидарство не можеше слободно да функционираат од 1940 година.
Josip Broz _ Tito
За да можеме да го опишеме периодот после Втората Светска војна, беше прегледана полициската архива. Тогашните политички аналитичари, заклучија дека “масонството во Југославија, од страна на окупаторот беше целосно уништено. Голем дел од припадниците во предвоениот период окупаторот ги стрелаше. Еден помал дел пред Втората Светска војна емигриаа во странство, поради што после ослободувањето во земјата останаа многу мал број на слободни ѕидари“.
Во извештајот се напоменува дека уште во 1946 година овие масони започнаа да се собираат, меѓутоа не беа во можност слободно да функционираат.
Под будното око на Удба, не можеше да остане сокриена ниту една активност на масоните, така што е забележано дека веќе во 1953 година, масонството попримала поозбилен и поорганизиран облик. Во истата година, беа откриени две масонски групи – едната работеше под називот “Beogradska loža” и на нејзино чело беше Damjan Branković, додека другата ложа беше “Jugoslovenska loža slobodnih zidara” на чело со Др. Ljubomir Tomašević и неговиот заменик Tomislav Paljić, бивши судија во Апелациониот суд.
Во “Beogradska loža” која што се сметаше за поактивна, покрај Branković, беа и Jovan Aleksić, бивши сенатор во пензија, Др. Vasilij Jovanović, адвокат и бивши министер, Jovan Veljić професор во пензија, Др. Vojislav Arnovljević, лекар, бивши универзитетски професор, Dimitrie Branković судија во пензија, Toma Smiljanić професот.
Belgrad, panorama
Ова група на масони работеа во многу поразлични услови пред војната и нивното дејствување после тоа стануваше се послабо. Всушност, до 1956 година, имаа обиди во реализација на неколку активности, но сите беа неуспешни, а едната од овие акции беше обединување на двете ложи. Подоцна започнаа да ја прошируваат мрежата низ останатите градови во Југославија, а работеа и за собирање на помош од странство.
Во тој период веќе започнаа да ја добиваат помошта од американската амбасада со која имаа многу блиски односи, но сите овие активности ги набљудуваше Убда. Некои масони кои беа активни пред Втората светска војна, беа повикувани на сослушување и распитувани за активностите на слободните ѕидари. Дел од лицата кои биле на испитување се: Andrej Andejević, Vasilije I. Jovanović, Milan Bartoš, Jovan Veljić, Antonijо Šokorac, Petar Šoć, Laza Marković, Dušn Tomić Lala, Damjan Branković…
Според Удба, најголемото влијание на послевоеното масонство го гледаа врз Српската академија на науките и Белградскиот универзитет. Така што на чело на водечката група преку која членовите на академијата интензивно работеше беше Vojislav Mišković, а нивната цел беше создавање на што поголемо влијани во SANU, Ректоратот на Белградкиот универзитет, на Филозофскиот факултет и на уште неколку други факултети. Српската академија, претставуваше најголемо засолниште за масоните во Белград и во неа дел беа најистакнатите и најлојалните масони меѓу кои еминентните научници Radivoje Kašaninom, Jakovom Hličijev, Antun Bilimović, Kosta Perović, Milanković, Avakumović.
На крајот, извештајот на Удба е завршен со коментар дека “група на масони во Белград претставува илегална организација која активно делува против социјалистичкиот систем на СФРЈ“. Врз основа на ова, може лесно да се заклучи дека многу брзо после тоа масоните престанаа со своите активности. Во полицискиот извештај напишан во 1957 година стои предлог да се разидат членовите и да не фукнционираат извесен период. Исто така, било предложено и апсење на најактивните слободни ѕидари – Vojislav Paljić, Boža Pavlović, Vojislav Mišković и Robert Cihler Gašparević.
Авторите на извештајот на Удба, на крај го даваат своето мислење: “Доколку се појави потреба, врз основа на ситуацијата и условите, би можеле да преземеме и други конкретни мерки. Тоа би се реализирало доколку претходно предложените мерки не успеат односно доколку членовите не се разидат“.
II
Од друга страна, постоеше претпоставка дека Тито бил многу близок со масонството. Кое од овие тврдења се точни?
Некои градби, кои се релативно нови, сепак залужуваат поголемо внимание. Иако во некои ситуации едноставно е неминовно да се остане во доменот на хипотеза, сепак се наметнуваат некои прашања на кои не може да се даде точен одговор.
Белград има две капии – едната дводелна и другата троделан градба, кои официјално се нарекуваат Западна и Источна капија на Белград. Во слободнотоѕидарство симболите исток и запад се многу важни.
Кога би се вратиле на симболите на овие капии, лесно ќе се воочи како Западната капијаасоцира на два столба, додека Источната е изградена од три степенасти облакодери кои меѓусебно го создаваат симбилот – пирамида. Генексовата кула или Западната капија на Белград, се наоѓа после завршетокот на автопатот и ги пречекува сите патници кои доаѓаат во Белград од Загреб.
Зградите близначки се изградени во периодот од 1970 до 1980 година, според проектот на архитектот Mihajlo Mitrović, со вкупно 30 катови и 115 метри висина.
Mihajlo Mitrovic
За значењето симболите Jakin и Boaz, беше детално објаснето во претхнодните статии, па од овде може само да се заклучиме дека капиите во Белград сепак имаат значење и поврзаност со масонството.
Од страна на Vjenceslav Cenčić, беше изнесено прашањето дали Tito бил меѓу масоните? Tito, сепак беше дел од масоните и неговото учество во масонството и во политиката во 20от век се смета за неспорно.
И покрај бурната промена на политичкиот систем, “народната револуција“ и сите останати политички турбуленции кои направија одредени поместувања во светот, а влијаеа и врз српската популација во текот на Втората светска војна, дојде до ликвидација на масонското движење. Тоа најпрво се однесува за веќе споменатото “самозаспивање“ на Големата ложа “Jugoslavija”, а потоа и за прогонствата на слободните ѕидари во текот на окупацијата, за на крајот се да кулминира со Антимасонската изложба која во тој период имаше огромен публицитет.
Според официјалните историчари, слободното ѕидарство во поствоениот период згасна, но за одржување на неколкуте искри беше задолжен Damjan Branković. Со доаѓањето на комунизмот, масонството беше искоренето како категорија коe наизглед беше потполно не споивo со марксистичките идеи на тогашниот современ свет.
Според некои хроничари, сепак масоните имаа големо влијание особено во поствоената политика на Југославија односно врз нејзиниот политички врв. Од овде се провлекува прашањето – кои беа предвоените слободни ѕидари кои и после војната заземаа важни места во новонастанатата југословенска држава?
Tito i Ivan Ribar
Докторот Ivan Ribar беше Претседател на Народното Собрание на Кралството Југославија пред Втората Светска војна и Претседател на Собранието на Демократската Федеративна Југославија непосредно по завршувањето на војната.
Edvard Kardelj
Moša Pijade беше исто така масон, Edvard Kardelj за многумина беше “второто јас на Tito“, личност без кое Tito не донесуваше ниту една одлука. (Кој наводно беше член на римскиот Голем Оријент каде е примен под името Eduardo Kardeli). Многу значајна личност беше иVladimir Bakarić, еден од претставниците на хрватската елите во тогашната СФРЈ. Овој список не би бил целосен доколку не се споменат Miroslav Krleža и Ivo Andrić.
Spomenik na Miroslav Krleza - Zagreb
III
Очигледно е дека енигмата започнува да се решава или пак започнува заплетот со едно име – Tito. Josip Broz, врз основа на сите претпоставки, имаше блиски контакти со слободните ѕидари во периодот после Втората Светска војна. Broz својот прв контакт со слободните ѕидари го имал во масонската ложа “Libertas”, и тоа преку адвокатот Ivo Politea и Др. Srećko Šilović. Во прилог на оваа теза, е фактот дека за време на “Загребскиот процес“ во 1928 година, воспоставија блиски односи бидејќи во тој процес Politea му беше адвокат на Tito.
Josip Broz Tito
Во 1926 година Tito влезе во “Libertas”, а од историска важност е тоа дека под закрило на оваа ложа беа три нерегуларни ложи, бидејќи голем дел од активностите беа надвор од масонските кодекси, поради што ложата “Libertas”, не беше призната ниту од една голема ложа. Така што, ложата продолжи да работи, но масоните кои имаа за цел зачувување на југословенските идеи, беа под закрило на Големата ложа “Jugoslavija”, додека пак останатите во “Libertas”.
Сепак, подоцна историјата покажува дека во оваа ложа, беше регрутирана елитата од усташкото движење, додека Ivan Mužć во својата книга “Масонството во Хрватска“ наведува дека од страна на германски известувач има дојдено до податок дека атентатот врз Кралот Aleksandar, бил од страна на Eugen Kvaternik, член на оваа ложа. Покрај него беа и Др. Budak, Др. Puk, Dušan Kralj, Др. Тот, кои веќе после Втората Светска војна ги покажаа јасно своите усташки определби за создавање на Независна Хрватска држава.
Eugen Kvaternik
Со падот на Кралството Југославија, односно нејзиното државно уредување, беше реализирано средба помеѓу Josip Broz и споменатите усташки идеологисти. Иако на прв поглед се неспоиви, усташите и комунистите, во тој период имаа заедничка цел која беше документирана со потпишувањето на спогодбата на Mile Budak и Moša Pijade во Сремска Митровица.
Mile Budak
Нареден сегмент во кој се забележува блиските односи на Broz во масонството беше во почетокот на Втората Светска војна. Ова се согледува во неговата изјава која се однесуваше на предупредувањето упатено до Советскиот Сојуз непосредно пред нападот на Hitler. “Ние го предупредивме Советскиот Сојуз, јас имав состанок со советскиот воен врв и ги информирав дека германските војници се упатени кон нив. Оваа информација ја имав добиено од страна на слободните ѕидари до Загреб кои беа запознаени со акциите кои се подготвуваат“.
Tito
Очигледно, Tito имаше точни информации кои беа превоените масони, особено кои беа хрватските слободни ѕидари, а согледувајќи ги и информациите кои ги имаше, сепак комуницирал со важни личности поставени на високи позиции во масонството.

Leia Mais…