Sunday, June 10, 2012

Црквата Св.Никола во Маврово (Слика)

Сум ја видел и во живо и секогаш ќе ми биде преубава, како и сите Македонски краишта.


Leia Mais…

Македонска Атлантида


Гробишта, црква и куќи на дното од езерото Глобочица


___


Не е толку невообичаено да наидеш на нечиј гроб од пред повеќе од половина век. Ама, секако, безмалку е шокантно ако наидеш на него додека нуркаш во длабочините на темните води. Не само гроб туку гробови на многу луѓе, црква, остатоци од куќи, селската чешма... Цело село, длабоко потонато во езерото Глобочица
[IMG] 
[IMG] 
Езерото Глобочица крие многу тајни
НУРКАЈТЕ И ЗАПОЗНАЈТЕ ПОИНАКОВ СВЕТ
За сѐ што си знаел и сакал. Сѐ што си поседувал. И дом и спомени. Одеднаш ти го снемува. Ти го голтнува некоја голема вода. Непоканета. 

„Овде почива наш никад незабрављени син, брат и унук Кире. Роден 24.5.1937 година, умрен 17.10.1942 година“. Ова е напишано на надгробна плоча неодамна пронајдена во длабочините на езерото Глобочица. 
Ќе си рече човек, па и не е толку невообичаено да наидеш на нечиј гроб од пред повеќе од половина век. Ама, секако, безмалку е шокантно ако наидеш на него додека нуркаш во длабочините на темните води. Не само еден гроб туку гробови на многу луѓе, црква, остатоци од куќи, селската чешма...

- Се нурнав во водата и исто како да го гледав „Титаник“. Гледам гробишта, црква, дрва... цел еден свет. Гледам тава, една детска играчка. И си мислам - леле, овде некој живеел. На ова место некогаш шетале луѓе. И се наежив. Особено кога го видов гробот на петгодишното дете Кире - раскажува нуркачот Милутин Секуловски, од нуркачкиот центар „Амфора“. 

Сигурно е чудно чувството да наидеш на такво нешто. На подводен свет, одамна проголтан, но не и исчезнат. 

„Испод мира триста вира“, велат старите. Понекогаш оваа мудрост може да се разбере и буквално, како во овој случај. 

- Ех, како не го знам Кире. Од Божина Попоски детето. Едно русокосо, височко и наивно. Коњот го удри по мев и така настрада - ни зборува осумдесет и шестгодишниот Владе Илоски, по потекло од селото Глобочица, сегашен жител на Струга. А очињата чудно му светкаат. Мерак му е да зборува за неговото село. Погледот му е радосен. 

СО ЌЕСИЊА ЗЛАТО КАЈ ВАЛИЈАТА ВО АНКАРА

Впрочем сите некогашни жители на Глобочица сега живеат во Струшко. Се иселиле во 1964 година, кога почнало да се полни езерото. 

Во новата населба што се прави до езерото, главно составена од четириесетина нови куќи, претежно викендички на некогашните староседелци, се гради и црква - „Свети Илија“. Како онаа потонатата. А дедо Владе, и покрај тоа што има толку години, не мирува. Редовно оди од Струга до Глобочица, помага во правењето на црквата. Си го влечат корените, како ништо друго на светот што не го влече. 

- Си имам викендичка таму. Редовно одам и си ги послужувам мајсторите што ја прават црквата со кафе, ракија, со што ќе се најде - вели староседелецот. 

А за да ја направат новата црква, мака си мачат. Цел материјал го пренесуваат преку езерото, со сплавови и чамци. Ден по ден. 

- Црквата што ја видов под вода сѐ уште е цела зачувана. Само на покривот се направила една дупка. Се сеќавам порано кога ќе се спуштеше нивото на водата, на површината од езерото се гледаше камбанаријата. Сега и таа попуштила од водата. Се срушила - вели Милутин.

Од пуста желба и мерак овие луѓе и на маки се подготвени. Како за изградба на новата така и кога сакале да ја изградат старата црква. 

- Потонатата црква е градена за време турско. Мислам дека е од 16 или 17 век. Нашите отишле дури до Анкара, кај валијата, за да ни ја одобри изградбата. И паметни биле. Туп, со себе си понеле три-четири ќесиња злато. Му ги дале и нормално дека ќе им дозволи. Арно ама, срце турско не сака да покаже слабост. Им рекле - може да ја правите, ама само ако ја изградите три скалила подолу од земјата. За да се знае дека сте потчинети - ни раскажува дедо Владе. 

И се враќаме во времето наназад. Гледаме црно-бела фотографија. Жени во носии сликани пред сега потопената црква „Св. Илија“. Со тепсии пред нив. 

- Оваа слика е од Дуовден. Обичај беше сите жени да прават мазници. Задолжително носеа и кисело млеко - зборува Ванчо Попоски, фактограф за Глобочица. 

Кога за некој човек ќе речете дека има пасија, да го познавате, неоспорно ќе помислите на него. Купишта, купишта фотографии од Глобочица. Во пакети. И сам што ги направил, ама има собирано и од оние постарите. И иако имал само 14 години кога се иселил од селото, пластично се сеќава на сѐ. 

СО СЕБЕ ГИ ПОНЕЛЕ И МРТВИТЕ

- Ми текнува, кога бев дете, ѕидовите на црквата беа исцрнети. Па, татко ми рече - ај, да ги исчистиме. Зеде од Австрија некои сунѓерчиња и сапуни, немаше такви кај нас во тоа време. И зашто му беше страв да не ги оштети почна првин нежно да трие кај вратата. Виде дека убаво се чисти, па цела ја исчистивме. Тоа беше во 1961 година. Во 1964-та ја потопија. А убаво село беше. Имавме амбуланта, лекар, милиционерска станица, воденица. Ние сме првите што сами си направија хидроцентрала. Сами се снабдувавме со струја. Колку за по една светилка имавме. Сѐ памтам. Сегашни работи заборавам, ама работите од детството никако не се забораваат. Остануваат во главата, се врежуваат - вели Ванчо. 

Тој при само една посета на езерото прави по 200-300 фотографии. Порано, кога немало дигитални апарати, знаел да потроши и по два-три филма. А од неговите слики можеме сѐ да видиме. Точно сѐ како изгледало, како биле облечени селаните, кој од која фамилија бил, рушењето на селото и неговото потопување. Тој со болка зборува за напуштањето на родното огниште.

- Сами моравме да си ги урнеме куќите, зашто ако ние не го сторевме тоа, државата ќе го стореше. А се бунеа селаните. Отпор даваа. А како одеднаш да отидеш некаде, кога нема каде да отидеш. Тоа било твој дом. Ни предлагаа да направиме друго село над нашето, па имаше предлог да ни изградат три згради и цело село да го сместат во нив. А во тоа време за нас беше несфатливо. Така, решија да нѐ преселат во Струга. Тогаш и мртвите си ги зедовме. А нема полоша глетка од таа. Ама не си ги зедоа сите, некои коски останаа. Не е лесно да ти рече некој да се преселиш од дома. Ама во тоа време, па и не смееше да одбиеш - вели фотографот. 

ДРВАТА ВО ЕЗЕРОТО СЕ УШТЕ СЕ ЖИВИ

И го видовме езерото. Мирна вода, зеленило околу, некоја невидена енергија што смирува. Среде водата - зелено пластично шише. Означено е местото каде што се наоѓа подводната црква. 

- Опасно е местото, под водата цело е со големи дрва. Такво ни беше селото, дрвјата се чуваа како очите, никој не смееше да ги сече. А теренот е стрмен. Па, кога ги гледам како одат по риба, а не го познаваат пределот, срце ми се стега. Ако се слизнат, нема излагање. Во почетокот е длабоко само едно метро, а потоа одеднаш десет. А дрвата внатре се како живи. Не се скапани, ако сакаш не можеш ни да ги скршиш - раскажува Ванчо. 

А дедо Владе, пак, упорно си стои на ставот дека има некоја божја сила таму. 

- Вие, помладите, не сакате во ништо да верувате. Ама мене два-тројца ми имаат кажано дека по полноќ се појавува светлина. И ќе отидат да видат што е работава, дали, можеби, човек осветлува, и нема никој. А не само сега. И старите гледале сноп светлина горе од Јабланица, како се спушта кон црквата „Св. Илија“ - со сјај во очите ни зборува дедото. 

Неоспорен е фактот дека околу Глобочица има невидена енергија. А која е вистината не можеме никогаш да дознаеме. Останува само езерото да сведочи за едно време и длабоко во себе да ги крие тајните на еден свет. 





форум кајгана*

Leia Mais…

Monday, June 4, 2012

Македонската книга за пропаст на светот

Попдраголевиот зборник, кој се чува во Народната библиотека во Белград, има 272 листа и потекнува од 13-от век, а бил откриен во 1873-та година во селото Скутари, крај Скадар, Албанија, во старо свештеничко семејство. По неговото расчитување, може да се каже дека се разгатнати некои претскажувања за пропаста на светот и за послед-ното време, но откриени се и топонимите Струмица, Овче Поле и други, кои укажуваат на местото каде што ќе се случуваат дел од настаните предвидени пред седум века во оваа тајна книга.



Во Попдраголевиот зборник, ракописни книга со македонска писмена традиција, за првпат се расчитани досега непознати виденија и предвидувања за пропаста на светот, во кои се спомнуваат топонимите Струмица, Вардија, Гигово Поле, Мезина, Овче Поле и Таен рај, кои ги нема во ниту една друга ракописна книга со верска содржина од Средниот век, вели д-р Виолета Мартиновска од Секторот за ретки ракописни и печатени книги во НУБ ‘Свети Кимент Охридски’.

Во првиот дел од овој таен ракопис се соопштува за повеќе владетели кои ќе владеат пред ‘последните времиња’, но и за доаѓањето на антихристот, додека во вториот дел е раскажана тајната историја за последниот византиски цар Михаил и за второто пришествие. Претскажувањата во Попдраголевиот зборник се пишувани со мрачно предвестување за се’ она што треба да се случува во иднина, а истовремено тие се опомена до луѓето за исполнување на божјите критериуми.

ТАЈНИТЕ КНИГИ И БОГОМИЛИТЕ

- Љубопитноста на луѓето често се движи во насока на она што е ‘забрането’, тајно и мистериозно, па оттука доаѓа и големиот интерес на читателите за ваквиот вид апокрифна литература. Тајните ракопис-ни книги од Средниот век можат да се дефинираат како религиозна белетристика, која поради својата занимливост станува широко распространета народна литература во тоа време. Од друга страна, црквата не само што не ги признавала, туку строго ги забранувала ваквите ракописни книги, па затоа нивното распространување одело по други канали. Во овие тајни книги најчесто наоѓале место човековите фантазии и прет-стави, стремежи и идеали за етика, општествен ред и друго. Автори на ваквите дела се анонимни творци или лажно потпишани веќе познати апостоли и пророци. Во текстовите се вградени елементи на тогашната актуелна култура, но и елементи на христијанското учење со туѓи влијанија. Се претпоставува дека автори, препишувачи, но и читатели на ваквите тајни книги најчесто се токму лица кои припаѓале на богомилското движење. Всушност, ваквите еретички ракописи не биле прифатени како канонски, и затоа нивното читање и распространување меѓу христијанското население било строго забрането. Се разбира, во првите векови на христијанството постоела дилема која творба е канонска, а која не е, и затоа треба да се смета за недозволена. Во периодот кога христијанството се’ уште не е официјална религија, ваквите книги слободно можеле да се препишуваат и да се читаат, но по приз-навањето на христијанството за официјална религија, веднаш биле подготвени списоци на дозволени и на забранети книги. Инаку, според својата содржина овие тајни ракописни книги се поделени на две основни групи: старозаветни и новозаветни книги. Без оглед на која група и’ припаѓа, секоја книга што била на списокот на забранети книги била уништувана, но за да се уништи требало најпрво да биде пронајдена. За жал, голем дел од тоа творештво, односно стотици наслови, кои не влегле во списоците на книги дозволени од црквата, биле уништени засекоѓаш. Сепак, еден мал дел од нив бил спасен на разни начини и тие спасени тајни ракописи останале до ден денес. Науката располага со податоци за околу триесет тајни евангелија, кои претежно се сочувани само во фрагменти. Поголем број од овие евангелија се појавиле меѓу 2-от и 4-от век од нашата ера, а главни теми во новозаветните тајни ракописи, на пример, се оние за животот и дејноста на Исус и апостолите. Врз основа на ваквите тајни ракописи подоцна настанувале други ракописи, па така таа тајна писателска активност продолжила и во Средниот век, особено на Балканот. Наши најпознати такви ракописи се Тиквешкиот и Попдраголевиот зборник - вели д-р Виолета Мартиновска, која неодамна прва успеа да расчита дел од содржината на тајниот ракопис наречен по свештеникот Драгол од Македонија.

Овој исклучително вреден зборник со апокрифни текстови се чува во Народната библиотека во Белград, а во него меѓу најинтересните тајни записи се тие за циклусот виденија и претскажувања за пропаста на светот.


ШТО СЕ КРИЕЛО ОД ХРИСТИЈАНСКИТЕ ВЕРНИЦИ?

Според истражувањата на Иван. Ж. Димитров, појавата на тајните ракописни книги се должи на неколку причини, меѓу кои секако е и потребата од пополнување на празнините во текстовите за животот и дејноста на Исус и апостолите, затоа што Новиот завет во Библијата не содржи детали за она што ги интересирало широките наро-дни маси. Тоа особено се однесува за дет-ските години на Исус, за животот на Богородица, за дејноста на повеќето апос-толи. Затоа се пишувале историски и усни преданија, кои дополнувале и објаснувале одредени празнини во таканаречените ‘дозволени’ книги. Многумина црковни автори, како што се, на пример, Свети Јустин Философ, Свети Климент Александриски, Ориген, Евсевиј Кесариски и други приложуваат историско селектирани сведоштва за Исус Христос, за апостолите и за Богородица, црпејќи податоци токму од новозаветните тајни ракописи. Ваквите книги до нивното прогласување за невистинити биле исклучително читани и барани од христијаните. Затоа Евсевиј Кесариски христи-јанската литература ја дели на призната и оспорувана, а не на лажна и вистинита. Од некои податоци во тајните книги може да се заклучи дека најбројни корисници на ваквите ракописи во Македонија биле богомилите, па затоа во ваквите ракописи можат да се сретнат епизоди за нивното учење кои ги нема во текстот што се преведувал. Бидејќи биле прогонувани од таканаречените вистински христијани, богомилите се снаоѓале меѓу редови да внесат дел од вистината на христијанството што тие ја знаеле преку други историски извори, кои подоцна се избришани од црквата како неканонски. Сепак, ваквите ракописни книги релативно брзо се распространувале, бидејќи луѓето имале потреба од едноставно толкување на светот.

Дел од тие тајни книги е и Попдраголевиот зборник, кој има 272 листа и потекнува од 13-от век, а бил откриен во 1873 година во село Скутари, крај Скадар, Албанија, во старо свештеничко семејство.

- Проучувањето на ваквите тајни или забранети христијански ракописни книги сосема е невозможно без нивна споредба со Библијата. При моето истражување воочив голем број сличности и разлики со делови од Библијата. Од друга страна, факт е дека Попдраголевиот зборник досега не беше предмет на детално проучување во македонската наука за Средниот век. Затоа ком-парацијата со другите сродни преписи на тајни книги ја направив со истражување во Софија и во Белград. Истражувањата покажаа дека Тиквешкиот зборник, кој се чува во Народната библиотека ‘Кирил и Методиј’ во Софија е еден од најбогатите тајни зборници во средновековната литература. Тоа е зборник со мешана содржина, a токму ваквите зборници се карактеристични за релациите меѓу византиската, јужнословенската и староруската литерату-ра. За разлика од овој зборник, Попдраголевиот зборник од 13-ти век досега речиси воопшто не беше сериозно проучуван од македонските научници кои го истражуваат Средниот век. Ракописот е на пергамент и е оштетен во голема мера, бидејќи бил опожарен, па на одредени места е сосема нејасен. На листот 45 б има запис од пишувачот, презвитер Василиј, наречен поп Драгол. Според тој податок е добиено името на овој зборник, кој е составен од разни творби, што се тематски подредени. Многу интересни се виденијата, особено ‘Видението на пророкот Давид за царевите, последните денови и за крајот на светот’, како и ‘Видението на Исаија за последните времи-ња, и за тоа што ќе се случува со човечкиот род во последното поколение’.

Виденијата во Попдраголевиот зборник се пишувани со мрачно предвестие за се’ она што ќе се случи во иднина, односно тие се своевидна опоме-на за животот на човекот на земјата, но и насока за исполнување на Божјите критериуми. Виденијата во Попдраголевиот зборник се разликуваат од виденијата во Тиквешкиот зборник, на пример, според темата и мотивот на текстот, стилот на пишувањето, експре-сивноста на изразот. Оттука тој бездруго бил посакувано четиво на средновековниот читател, не само поради својата занимлива содржина, туку и поради креативноста на авторот и слободата на изразување, популарните теми и мотивите кои се обработу-вани. Во ‘Видението за последните денови и крајот на светот’ е искажано мрачното претскажување на пророкот Данил за иднината т.е. за царевите до последните денови на крајот на светот. Иако случувањата имаат локален карактер, Видението има општочовечки димензии, бидејќи станува збор за ‘последните времиња’ исполнети со страдања и гревови. Во основата на ова Видение или претскажување, е книгата на пророкот Данил кој предвестува апокалиптични настани. Авторот на ова тајно претскажување внесува свои коментари за владеењето на царевите и за крајот на светот, при што констатира дека свештениците ќе бидат оттргнати од престолите, а земјата ќе ја зафати голем хаос. Потоа продолжува со настан од западните краишта на градот Средец (денес Софија н.з.), каде што ќе бидат пратени гласници наречени Тириниди, кои ќе прават ѕверства, но ќе им се спро-тивстават оние кои се од нивните краишта и тие ќе бидат убиени. Подоцна ќе се појават двајца мачители, едниот од исток на градот, а другиот од запад. Тие меѓусебно ќе се сретнат на местото наречено Аркадун каде што ќе се убијат, а крвта ќе го потисне морето. Следува појавувањето на Измаилите, кои пристигнуваат до местото наречено Јенеј, a потоа ги пустошат Персија, Романија, Калварија, Сицилија...

Но, се вели во Видението, ќе се појави некој со име Стокофалеу, кој ќе стигне во Аркадун каде што ќе биде помазан за цар што жестоко ќе се бори против Измаилите. Борбата ќе се случува на местото наречено Пертон, каде што има двоустен кладенец, па римската крв ќе се измеша со измаилитевата. Потоа, кога ќе дојде месецот август, ќе завладее Михаил со царството, и ќе влезе во Солун од запад и ќе владее со царството со целата сила. По него ќе владее друг владетел, а во неговото владеење ќе се појават дваесет цареви во царството. Земјата ќе се тресе од нивниот изглед, а луѓето ќе бидат исплашени и ќе бегаат во планините и пештерите. Многумина ќе загинат и ќе нема кој да ги погребе нивните тела. Од планините ќе излезат нечисти странци, кои ќе ги јадат човечките тела и ќе ја пијат нивната крв. Земјата ќе се опогани од нив, и никој нема да може да им се спротивстави... Се разбира и во ова подраголево видение за последните времи- ња се употребени библиски парафрази кои ја докажуваат релацијата на авторот на тек-стот и неговото познавање на Библијата.

Доближување на ова апокрифно видение со Библијата има со Книгата на про-рокот Данил, но пророчките виденија во Попдраголевиот запис на Данил му ги соопштува архангелот Гаврил, а во соодвет-ната старозаветна книга, пророкот Данил ги гледа во сон. Мошне интересно е што тајниот запис за ‘последните времиња’ изобилува со топоними кои не соодветствуваат со топонимите од Библијата. Такви, на пример, се Аркадун, Вардија, Главнина, Краниево, Кродун, Мариани, Пертон, Струмица и други. Топонимот Струмица, на пример, укажува на македонскиот регион, кој очигледно му бил добро познат на пишувачот на тајниот ракопис - вели д-р Мартиновска.


РЕКАТА ТАЕН РАЈ ВО ОВЧЕ ПОЛЕ?!

Според д-р Мартиновска, другото Видение од Попдраголевиот зборник, Видението на Исаија, соопштува за послед-ните времиња, и за тоа што ќе се случува со човечкиот род во последното поколение. Пророкот Исаија е избран од Бога меѓу про-роците а потоа од ангел е однесен на набесниот свод. Таму тој гледа неред, но и ангел кој седи и пее. По долгите прошетки низ сите ангелски неба, Исаија признава дека му било убаво меѓу ангелите, но, сепак, сака да се врати назад од каде што дошол. За жал, заедно со исполнетата желба да се врати на земјата, морал да го донесе и пророштвото за судбината на последниот род на земјата.

А пророштвото требало да се исполни, притоа лавот да пасе со јагнето, мечката да живее заедно со волот, а евангелието да се проповеда меѓу човекојадци и крвопијци. Ова треба да го знаат царевите за да можат да му се спротивстават навреме на бесрамниот змеј. Змејот ќе ги фати сите велможи на дрвен сплав на реката наречена Таен рај. Таа река тече низ земјата што се нарекува Мезина земја(?). Ете така отприлика Исаија ја соопштува вистината за тоа што ќе се случува во последните времиња. Интересно е тоа што кога змејот ќе се симне од дрвениот сплав, ќе се сместел во местото наречено Овче Поле, а потоа ќе ги победи сите народи околу себе со големи битки во кои меѓусебе ќе загинат многумина. Кладенците ќе бидат полни со нивна крв. Кога ќе започне крајот на царството во Мезината земја, ќе се јават два кнеза, едниот од исток, а другиот од запад. Западниот кнез ќе владее со жестокост, а источниот кнез со мир. Во тоа време кнезовите ќе живеат живот без тага се’ до определеното време. Тогаш ќе тргне змејот од Овче Поле на сите страни за да го заврши последното време. Тајното пророштво на Исаија е многу интересен текст, и него досега го разгледувале повеќемина истражувачи, меѓу кои И. Порфирев, П. А. Лавров, П. С. Сречковиќ, Н. С. Тихонравов, М. Кајмакова, А. Џ. Косова и други. Првиот дел соопштува за повеќе владетели кои ќе владеат пред ‘последните времиња’, но и за доаѓањето на антихристот. Вториот дел ја содржи византиската легенда за царот Михаил и за второто пришествие.

Интересно е името на царот Гордиј т.е. Чигочин, a ce спомнува и триесет и осмиот цар Гаген. Споредбата меѓу Попдраголевиот препис и подоцнежните преписи на ова видение, покажува дека подоцнежните преписи се скратени преку стилска редакција на творбата. Досега не е пронајден грчки текст од ова пророштво кој би се сметал за возможен извор на Видението, а според содржината на словото веројатно постоел таков изворен текст. Меѓутоа, според А. Милтенова тоа Видение на Исаија претставува компилација од грчки и други словенски извори, но направени по 1261 година кога е воспоставена императорската власт во Константинопол. Токму ова Видение за последните времиња е сведоштво за разво-јот на историско-апокалиптичната литература во 13-от век, но ја изразува и историската состојба на епохата. Во Видението се употребени библиски цитати од Новиот завет, поточно од Евангелието според Матеј, што докажува дека пишувачот на текстот солидно ја познавал Библијата, но истовремено употребил топоними кои ги нема во таканаречениот канонски текст, како што се Гигово Поле, Мезина, Овче Поле, Романија и Таен рај, а топонимот Овче Поле, каде што доаѓа змејот што ќе ги уништи сите владетели до последното време, укажува на тоа дека авторот на текстот добро го знаел овој дел на Македонија. Значајно е да се каже дека во ова, би се рекло македонско пророштво за последните денови, преплетени се легендарно-историски моменти, библиската и усната традиција, како и учењата за смртта, бесмртната душа, страшниот суд, крајот на светот, вечното блаженство и пеколот. Тајните ракописи во Тиквешкиот и Попдраголевиот зборник ги отсликуваат тогашните апокалиптични, библиски пораки со креативно-емотивни дополнувања од страна на авторите - вели д-р Виолета Мартиновска, автор на обемното истражување за тајните ракописи во македонската писмена традиција, кое наскоро треба да излезе како обемна книга во издание на ‘Македонска реч’ од Скопје.

Инаку, досега, д-р Мартиновска има реализирано неколку научно-истражувачки проекти од областа на старословенските ракописи во Киев, Софија и Белград, а паралелно со тоа работи и во тимот за дигитализација на културното наследство на Република Македонија.
Контроверзи


ПРАЗНИЦИТЕ ЗА БОГОРОДИЦА СЕ ‘ПОЗАЈМЕНИ’ ОД ТAЈНИТЕ КНИГИ?!

Според Ирена Сергеевна Свенцицка од Москва, која важи за угледен експерт во истражувањето на тајните книги на првите христијани, изучувањето на ракописите кои црквата ги нарекува тајни и фалшливи, а кои во реалноста биле многу почитувани во почетокот на нашата ера од значителен број верници-христијани, всушност дава можност да се востанови вистинската историја на раното христијанство, но и да се разбере како се создавале светите’ книги. Тајните ракописи ја содржат христијанската традиција, која не престанала да се развива и менува во првите три века од постоењето на новата религија. Таа традиција ги одразувала ставовите, интересите и мечтите на различните слоеви во општеството каде што се распространувало христијанското учење. Во ракописите на првите христијани, кои подоцна се наречени тајни книги, всушност можат да се видат изворите на многу средновековни ереси. Особено се интересни, смета таа, оние творби во кои се содржат идеи кои потоа се развиле во најголемото еретичко движење на Балканот -богомилството. Инаку, христијанската црква само делата вклучени во Новиот завет ги смета за канонски, а сите оста-нати творби на христијаните од 1 до 4-ти век, напишани во истите тие жанрови, за неа се тајни, некаконски книги.

Тајните христијански книги почнале да се сметаат за неканонски дури кон крајот на 2-от век, a no утврдувањвто иа таканаречените канонски книги, ситe кои не биле вклучени во одобрениот список почнале да се третираат како тајни книги, иако многу од нив не биле тајни туку билв отворено почитувани од многу христијански општини. Дури во 419-та година, на Картагенскиот собор, конечно бил утврдвн списокот на книгите на Новиот завет, но тоа на Црквата не и’ пречи, иако св оскудни податоците за мајката на Христос во дела-та на Новиот завет, сепак во нвЈзина чвст да устаиови редица празници: Рождвство Богородично, Воввдвнив иа Првсввта Богородица во Храмот, Успвние Богородично и други. Настанитв спорвд кои се создадени овие црковии празиици нв доаѓаат од канонските текстови туку од творби кои официјално не се признати за свети.

Извор: http://ma-ke-donija.blogspot.com

Leia Mais…

Двете тајни книги


Медиевистот Мартиновска долг период ги анализираше апокрифните текстови од Тиквешкиот (15 век) и Попдраголевиот зборник (13 век) и нивните сродни преписи, па од неодамна нејзиниот труд е објавен во книгата "Апокрифите во македонската писмена традиција" (книга прва), издание на "Македонска реч"

Апокрифите како тајни, скриени, недостапни, мистериозни книги се во фокусот на истражувањето на д-р Виолета Мартиновска, медиевист во НУБ "Свети Климент Охридски". Таа долг период ги анализираше апокрифните текстови од Тиквешкиот (15 век) и Попдраголевиот зборник (13 век) и нивните сродни преписи, па од неодамна нејзиниот труд е објавен во книгата "Апокрифите во македонската писмена традиција" (книга прва), издание на "Македонска реч".
Книгата нуди нови аспекти: како компарација на сродни преписи од апокрифните текстови до 16 век, текстолошки сличности и разлики, Библијата и апокрифите - разлики и сличности, конкретно укажување на библиски личности, топоними, библиски цитати и библиски парафрази. Ексклузивно за прв пат се приложени и факсимили од апокрифните текстови, од кои Тиквешкиот зборник се чува во Народната библиотека "Кирил и Методиј" во Софија, а Попдраголевиот зборник, кој е пишуван на пергамент и досега не бил предмет на детално проучување во македонската медиевистика, се наоѓа во Народната библиотека во Белград.
За апокрифите, Мартиновска вели дека можат да се дефинираат како религиозна белетристика која поради занимливоста, креативноста, слободата на изразот, популарните теми и мотиви, станува широко распространета народна литература.
- Апокрифите се тајни книги кои не биле прифатени како канонски и затоа нивното читање и распространување меѓу христијанското население било забрането, објаснува Мартиновска и додава дека авторите на апокрифите се анонимни или лажно потпишани автори. Таа вели дека преку апокрифите се запознаваме со различните степени на црквата со нејзиното учење, различните предизвици на тогашните философски учења и идејни тенденции. Истражувањето било насочено кон обезбедување на нужни археографски податоци за секој препис од зборниците: кога се создадени апокрифите, во кои ракописи се содржани и каде се чуваат денес за да може тие во иднина да се истражуваат не само од аспект на книжевноста, туку и од аспект на историја на јазикот. Со текот на работата, Мартиновска констатирала дека Тиквешкиот зборник е еден од најбогатите апокрифни зборници во средновековната литература. Блаже Конески го превел Тиквешкиот зборник на современ македонски јазик. 

Leia Mais…

Saturday, June 2, 2012

Чуда, Преданија и Легенди за Св.Наум


На 3 јули во Свети Наум доаѓа народ од секаде и сите носат по нешто. Но и Свети Наум бил издашен. Порано пред празникот манастирски луѓе оделе во поблиските и подалечните места да го канат населението да дојде на панаѓур. Се канело со риби. Во секоја куќа и на секого што ќе го сретнеле се давало по една риба велејќи: „Повели да дојдиш на панаѓур“. За канењето манастирот трошел со стотици риби. А на денот од панаѓурот на дојдените им се давало и јадење. Секој земал од манастирското јадење за да добие благослов од Свети Наум. Марко Цепенков соопштува дека чојачко-абаџиските занаетчии од Прилеп, а според други сознанија и во Крушево, за свој патрон го имале Свети Наум. Нив манастирот Свети Наум во старо време ги канел со риба за на поклонение на празникот. Бидејќи во тоа време еснафот беше во расцвет, одеа на поклонение мајсторите со калфите дури и фамилијарно. Ако пак се случеше да не отидат, му се испраќаше парична помош на манастирот, пишува Марко Цепенков.


Меѓу селото Тушемишта и сегашната наша граница има една вода извор. (Се вика На јазма) Додека по Првата светска војна траеле расправиите за манастирот под кого ќе потпадне,  игуменот на Свети Наум кај војчето ставил натпис на наш јазик. Тоа било знак дека не само манастирот туку дотаму треба да биде наше. Попот од Тушемишта го избришал натписот. За таа постапка тушемишкиот поп бил убиен од емигранти од Албанија. За одмазда Албанците повеќепати правеле обиди да го убијат игуменот, поп Димитрија. Велеле: „Поп за поп“. Но во тоа не испеаја зашто го штител Свети Наум. По негова волја и Свети Наум за поп отишол во Дебарца.
Воловите, од кои еден изела мечка, биле близнаци, подарени на Св. Наум. Со овие волови се изорала првата бразда околу селото Љубаништа и околу другиот манастирски имот. Свеченото заорување со воловите близнаци било благословено од Свети Наум и затоа во атарот што бил опфатен со првата бразда никогаш не паѓа град.


На местото од денешните извори кај Свети Наум имало чешма. На една девојка, полнејќи вода на чешмата и паднал герданот од бисер. За тоа се сетила дури кога си отишла дома. Со трчање девојката се вратила кај чешмата, но не го нашла герданот. Почнала да плаче. Од нејзините солзи потекле големите извори со студена и бистра вода. Свети Наум направил бистрата вода од овие извори како што се влева во езерото така да излегува од него без да се меша со другата езерска вода. И навистина. Црн Дрим на истекот од езерото кај Струга е чист како неговите извори во Свети Наум.





Кога Свети наум го изградил манастирот на сегашното место, кај него доаѓал многу народ за помош. Не можејќи да превтаса, Свети Наум му се молел на Господа да му даде лек за сите болести. Господ ја послушал неговата молба. Под манастирот, во подножјето на големата карпа, се отворил извор и потекла лековита вода. Од ова вода се лекувале сите болести. Тој извор и до ден-денеска тече и кај него доаѓаат луѓе да бараат помош за своето здравје со пиење и миење од неговата вода. (Во извештајот за битолскиот пашалак на францускиот вицеконзул во Битола Белег де Буга од 1856 година  се вели дека на тоа подрачје имало околу 160 манастири. Од сите нив само манастирот Свети Наум, вели тој, успева да преживее подобро од другите и има голем углед во регионот, како поради својата восхитувачка местоположба на брегот од Охридското Езеро, така и поради гостопримството на кое се наидува таму. Манастирот Свети Наум според добиените податоци се уште прима рента од 80.000 пјастри. Многу болни христијани, па дури и муслимани доаѓаат тука да се излекуваат од водата на изворот кој се смета за благословен. Секое лето тука доаѓаат многубројни посетители за прошетки и тука се гледа вистинска полезност на овој манастир, како и другите.“)


 
До 1941 година во манастирот Свети Наум се печеше по два фурни леб на ден. Секогаш стоеше пред портата еден манастирски човек со вреќа леб. Тој на секого што ќе поминеше покрај манастирот му даваше по еден леб. Секој што минуваше тука, без разлика дали му требало или не земаше за здравје. Од тој леб, оној што ќе земеше кого ќе сретнеше патем и дома на сите луѓе им даваше по некој касај, онака како што се прави и денеска со „сваќата“ на свадбите. Тие што патуваа подалеку (во Албанија) или на други места го земаа лебот како еден вид документ пред разбојниците. Кога ќе бил нападнат на патот од качаци, ако патникот им го покажел лебот од Свети Наум, веднаш бил пуштан. И кога манастирот ќе пушташе свои калуѓери да просат, им даваа повеќе лебови (мали пешници) за да им даваат на гладните што ќе ги сретнат, а и за да не бидат напаѓани од качаци.


Свети Наум најголемиот дел од својот живот го поминал во манастирот на јужниот дел од Охридското Езеро кој сам го изградил. Освен по книжевната работа мегу народот бил познат и како исцелител и за време на својот живот излечил многу луѓе, особено душевно болни. Познат е и како чудотворец бидејки се зборува дека направил многу чуда, а некои од нив се претставени и на фреските од неговиот манастир како онаа на која е претставен како ја впрегнал мечката да го влече плугот наместо волот што го изела. Импресионираат  и другите сцени од животот и чудата на Свети Наум Охридски кои се насликани во втората зона од Наумовиот гробен параклис : "Вкочанување на монахот што се обидел да го украде телото на Свети Наум од неговиот гроб" "Лекување на нервно заболени" "Крадец на коњ кого зората го затече пред вратите на манастирската црква" и "Ведрото остава вдлабнатина во каменот".


Манастирскиот комплекс „Свети Наум“ низ вековите важел за мистично место каде голем број луѓе доаѓале да се помолат и да побараат лек за својата мака. И денес тука секојдневно доаѓаат намерници, не само од христијанската вера, да остават дар, курбан и да се поклонат на гробот на големиот светец кој се смета дека има чудотворна моќ. Ова култно место крие бројни тајни и интересни приказни кои се пренесуваат од колено на колено. Се смета за чудотворно  по делата на светецот, а посетителите ден денес раскажуваат за бројни  необични случки што ги доживуваат во Свети Наум. Една таква необична појава со својот мобилен телефон забележала туристка од Србија. На фотографијата се забележува силуета на светец со јасно видливи христијански детали како се отсликува во изворските води на Црн Дрим кај „Свети Наум“. Останува дилема дали се работи за феномен, некаква рефлексија или игра на сенки, но фотографијата секако делува мистично.






Меѓу композициите што го сочинуваат циклусот на животот и чудата на Свети Наум во гробната капела во најновите истажувања најголемо внимание привлекува композицијата „Успение на Свети Наум Охридски“. Опелото на Светителот се извршува пред насликаната архитектура на манастирскиот комплекс. Самата структура пак на композицијата е мошне блиска на прикажувањето на „Успението на Богородица“. Починатиот Свети Наум е положен на одар, а опелото го извршуваат словенските учители Методиј и Кирил, Климент и Горазд, кои се распоредени околу одарот. Меѓу насликаните фигури над одарот се појавува уште една фигура на млад ѓакон, без брада и мустаки, а со кадилница на десната рака. Тој инаку не е насликан во претставата на „Седумчислениците“ во припратата на Наумовата црква. Во втората зона на Наумовата гробна капела се развива циклусот на животот и чудата на Свети Наум Охридски, кој веке со споменатата композиција на „Успение на Свети Наум Охридски“ содржи вкупно десет сцени и претставува циклус со најголем број на теми илустрирани во зидното сликарство во Македонија посветени на Свети Наум. Почнувајки од северната страна споменатите сцени една по друга се насликани по следниот ред: “Впрегнување на мечката во јаремот“, „Вкочанување на монахот што се обидол да го открадне телото на Свети Наум од неговиот гроб“, „Лекување на нервно заболени“, „Крадецот на коњот кој зората ја затекнува пред вратите на манастирската црква, Царот Михаил го осудува Свети Наум, Свети Наум го водат во затвор“, „Крштевање на керката на царот“, „Казанот остава впечаток во каменот“ и „Свети Наум ги прогонува Богомилите“.Пет сцени од циклусот на животот на Свети Наум - “Впрегнување на мечката во јаремот“,„Вкочанување на монахот“,„Лекување на нерво заболени“,„Крадецот на коњот“ и „Ведрото остава впечаток во каменот“ – може да се каже дека се насликани според верувањата за чудата на Свети Наум што настанале и се пренесувале од генерација на генерација во кругот на манастирот и во соседните села и населби.
Најпопуларно е преданието за кротење на мечката од страна на Свети Наум, кое кај месното население се разкажува во повеќе варијанти. Наумовото чудо со мечката е прикажано на икони, фрески, а и во рељефи. Но, и она што паѓа во очи е фактот дека ликовните решенија не се поклопуваат, односно не се идентични со познатите варијанти на преданието за мечката и волкот. Имено, на фреските во манастирот Свети Наум ова чудо ликовно е обликувано како вол и мечка впрегнати влечат мала кола, со две тркала, какви што и денес се сретнуваат на падините кон Охридското и кон Преспанското Езеро, на планината Галичица. Колкаво големо значење му се преидавало на Наумовите чуда со мечката може да се потврди со изложениот музејски експонатво еден од конаците на манастирот на Свети Наум, каде се чувала пополната кожа на големата мечка.
 
 
Игуманот Гаврило, далечната 1662 година, во манастирскиот комплекс на Свети Наум, изградил болница за лекување на душевно заболените лица. Оваа болница се наоѓала до гробната капела на Свети Наум. Се верувало и денес се верува дека лековита моќ имал не само Свети Наум, туку по неговата смрт и неговиот гроб во манастирската црква. Во Турскиот период, во текот на голема селидба на Балканските православни народи во Унгарија, во Сетандреа и во другите крајбрежни населби на реката Дунав, биле пренесувани секавањата за чудотворната моќ на Свети Наум Охридски и биле пренесувани и обичаијте од родните краишта на Балканот. На прашање “Која Слава славите?“, денес од православните жители во Унгарија може да се добије и одговор: “Го славиме Свети Наум“.
 
Гробницата на СвЕТИ Наум е свртена на југ и е посебна градба со широка и ниска купола. Ѕидовите однадвор се од делкан камен, а куполите се градени исклучиво од тули. Западната фасада на денешната црква во горниот дел има форма на калкан кој завршува со запчест венец. Запчестиот венец продолжува на јужната, односно северната страна. Многу луѓе доаѓаат во манастирот да најдат лек за неротки во фамилијата. Палат свеќи и се молатврз гробот, многу луѓе ја ставаат главата врз гробот, потпрена врз раката, за да го чујат срцето на Свети Наум и за да си кажат во себе молитва за нешто што им е многу важно.
Кога починал Свети Наум, излегол пред Господа. Поради големото добротворство што го правел Свети Наум на земјата Господ го одредил да биде во вечен рај. Бидејќи во небесниот рај немало толку убаво место што да одговара за Свети Наум, Господ со рака покажал кон неговиот манастир велејќи му: „Она е твојот рај. Ти таму ќе бидеш засекогаш“. Ете зошто Свети Наум и сега е во неговиот манастир покрај Охридското езеро. На местото на денешниот манастир некогаш биле царски дворци кај што сега се наоѓа манастирот Свети Наум, тука некогаш биле царски дворци, а Свети Наум почнал малку подолу, над селото Tушемишта, помалку од еден час далеку, да гради црква и изградил веќе четири ѕида, тие и сега таму се познаваат. Царот кој живеел во тие дворци, имал болна ќерка која кој не ја лекувал, па најпосле го повикал Свети Наум и му ветил дека ќе му даде се што ќе посака, само ако му ја излекува ќерката. Свети Наум ја излекувал со молитви кон Бога, па не побарал ниту богатство ниту друг имот туку она место каде што се царските дворци. Царот како што рече, му го даде и тој тука го изградил својот манастир.
 
Кога Свети Наум го изградил манастирот на сегашното место кај него доаѓал многу народ за помош. Не можејќи да превтаса Свети Наум му се молел на Господа да му даде лек за сите болести. Господ ја послушал неговата молба. Под манастирот во подножјето на големата карпа се отворил извор и потекла лековита вода. Од оваа вода се лекувале сите болести. Тој извор и до ден денеска тече и кај него доаѓаат луѓе да бараат помош за своето здравје со пиење и миење од неговата вода. Свети Наум прво дошол кај изворот на јазма, кај Тушемишта. Ја благословил водата. Затоа порано, до втората светска војна, игуменот од манастирот Свети Наум пред празникот Свети Наум со котле земаше вода оттука за светење, во која таму се дотураше за потребите на посетителите со соодветен ритуал. Изворот на јазма е култно место. До 1967 година кај него доаѓаа луѓето од поширокото подрачје (Тушемишта, Поградец, Старова и др.) за здравје, и тоа преку цела година, а особено на празникот. А и потоа доаѓаа ѓоа фаќаат риби или со друг изговор. И сега се оди кај овој чудотворен Светинаумов извор на јазма.


Дека припадници на други вери го почитувале светителот и манастирот се зборува и во Летописот на манастирот каде што се вели: „Оваа света институција стекна голем углед и чест и кај друговерци, а особено кај Отоманите Бекташи, кои не се знае од какви причини, ова светилиште го викаат „Сари Салтик баба“ што преведено од турски значело жолтобрадиот татко. Според едно предание еднаш кога дошле на гробот на Свети Наум неколку Турци замолиле некој од поупатените да им ги објасни ликовите од фреските. Кога тој што им ги објаснувал рекол: „Овој е Свети Наум“, тие радосно извикале: „А тој е нашиот татко.“ Интересен бил и начинот на кој се молеле Бекташите. Тие кога ќе дојделе во манастирот чевлите ги оставале пред манастирската капија и до црквата се доближувале со метании. На враќање излегувале наназад секогаш свртени со лицето кон црквата и пак со метании.

Еѓупците Зизовци од Ресен на манастирот му поклониле камбана. Мерија се молел на Свети Наум да отиде во Америка, ветувајќи дека на манастирот ќе му подари камбана. Откако навистина заминал и таму работата убаво му тргнала, испратил чек со кој во Битола била купена камбаната и била однесена во манастирот, а овде била пречекана лично од владиката и свештениците. Камбани на манастирот подариле и Умер Зизо од Ресен кој работел во Америка, и Џемаил Зизо, исто така од Ресен, кој тоа го направил затоа што Свети Наум го оздравел неговиот брат Сулејман Зизо. Интересен бил и начинот на кој се молеле Еѓупците. Тие уште од вратата се поклонувале, застанувале до гробот на светителот и му се обраќале со одбрани зборови, како: „Свети Науме, докторе златен, спасителу наш.“ Тие и кога излегувале од црквата излегувале наназад се до излезот.

Некој бег од Албанија дошол во манастирот Свети Наум. Со калуѓерот отседнале во најубавата одаја од зградата на карпата над езерото. Јал и пил бегот и почнал да се препира со калуѓерот за тоа дали има или нема господ, живи се, не се светците и слично.- Со што ќе докажеш оти има господ и дека тие ваши светци се живи и оти прават чуда? - му рекол бегот на калуѓерот.
- Грнево со вино што е пред нас ќе го пуштам одовде од оваа височина в езеро. Ако се истури виното, манастиров е твој, а ако не се истури, твојот чифлик да е манастирски! - му предложил калуѓерот.
- Важи! - се согласил бегот и му подал рака на калуѓерот. Калуѓерот го пуштил грнето со вино од прозорецот. Долу го пречекал Свети Наум и го застанал на езерската вода право простум. Бегот достојал на зборот. Својот чифлик му го отстапил на манастирот Свети Наум.Вечерта на калуѓерот на сон му се јавил Свети Наум и му рекол:
- Јас бев многу далеку кога се кладеше со бегот. Одвај го чув разговорот и долетав. Ако не чуев ќе ме дадеше на турчин, уште еднаш да не се кладиш!.
 

Во Тушемишта, се вели дека Света Марена му била сестра на Свети Наум. Таа е позната по своите чудотворства. Црквата Света Марена се наоѓа во л’нга на планината мокра, кај неа се наоѓа убава пештера, во која има прекрасни сталактити и сталагмити. Камењата откај Света Марена се многу лековити. Нив луѓето ги чуваат во своите домови, ги носат со себе, а најмногу се познати за заштитување на малите деца од урокливи очи (од зарек). Се става каменот во вода и со таа вода се измива детето. Братот Свети Наум и сестрата Света Марена на спротивните планини изградиле свои храмови наспроти еден кон друг за постојано да се гледаат. Правилното име на великомаченицата Марена е Марина. Таа е од антиохија. По свирепо мачење на 15 или 16 годишна возраст била обезглавена за христа околу 270 г. Се слави на 30/17 јули. Во народот е позната како огнена Марија зашто била господарка на огнот и заштитничка на посевите од пожари и од поројни дождови.
Прво чудо Интересен е случајот со авионот кој се урнал и изјавите во медиумите и весниците на стјуардот кој изјавил дека бил спасен од св. Наум. Еден ден пред уривањето на авионот, тој купил икона од св. Наум и бил цврсто убеден дека неговиот живот го спасил св. Наум.Второ чудо Двајца лекари, сопружници долги години немале дете. Доаѓале неколку пати во манастирот со молитва кон светителот за родителство. По две години добиле ќерка. Биле црвсто уверени дека нивното чедо е дар од св. Наум.
Трето чудо Од Трпејца доаѓале некои луѓе за молитва. Единаесет-дванаесет години биле без свое чедо и минатата година на денот на св. Наум го крстеле детето. Биле убедени дека нивната молитва пред св. Наум помогнала за нивното чедо.
Четврто чудо Некој човек, Германец долги години имал протеза на вратот. Но, влегувајќи во манастирот, слушнал глас „извади го тоа помагало". Ја извадил протезата и му се олеснило. Повеќе не ја користел протезата. Постоле сведоци за ова чудо.
Петто чудо Во манастирот донеле момче на 17-годишна возраст од муслиманска вероисповест кој страдал од епилепсија. Му бил прочитан педесеттиот псалм и молитва. Игуменот Некатариј се интерисирал преку негови роднини за неговата болест. Му рекле дека нема епилептични напади.
Шесто чудо Манастирот го посетиле група Бугари. Една жена од нив украла мало паунче. Кога требало да си заминат автобусот се расипал. Но, некој ја видел кога го украла паунчето, ја укорил да го го врати украденото паунче. Од црква и манастир не се крадело. Таа се засрамила и го вратила паунчето. Тогаш автобусот тргнал.
Седмо чудо Св. Наум направил многу чудеса. И денес се уште се случуваат многу чуда. Дошле посетители од Охрид, но недолично се однесувале на свето место и на враќање сите се удавиле. Се превртел чунот во езерото

Leia Mais…

МистеријаМК доби анонимен мејл

Пред 1 еден, од непознат праќач беше испратен мејл кој со големо исчекување го чекам. Пишува дека е најден лист со стар ракопис, но пола е изгорен! Во повратен мејл прашавме дали има слика и повеќе информации. Ако дознаеме нешто повеќе, бидете сигурни дека ќе бидете известени! Ако имате некоја ваша случка, нешто најдено, пишете во коментар (слободно како анонимни) ќе бидат поставени!

Leia Mais…

МистеријаМК го "слави" празникот на мртвите


Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат од оној свет кај своите блиски барајќи од нив храна, пијалак, затоплување, чистење... Се верувало дека заборавањето на душите на покојните може да предизвика суши, поплави, немаштија, болести и други несреќи. Кај народот постојат две примарни задушници, пролетна и есенска, но задушниците порзани со Духовден се официјално признати од црквата и прифатени од народот.

zadusnica500
Наоѓајќи се на ден пред големиот празник Педесетница, правиме спомен на починатите во верата отци наши, браќа и сестри.
Светата православна Црква, движена од науката на Христовата љубов, постојано нѐ поттикнува да се молиме на Господа за душите на покојниците, знаејќи дека смртта е само една врата, преку која човечката душа преминува од животот овде на земјата, во животот на идниот век.
Богомудрите и божествени отци не поучуваат секојдневно да се молиме за нашите упoкоени ближни, но тие озакониле – неколку денови од годината да бидат целосно посветени за правење помен на починатите. Тоа се т.н. саботи – задушници. Се нарекуваат задушници, затоа што во тие денови верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Eдна од тие задушници е токму саботата пред Духовден – слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што светите отци љубат за овој празник да кажат: „Роденденот на Црквата“. Целата проткаена со човекољубие и сострадание, Христовата Црква токму во предвечерието на својот роденден, како да сака да ни каже дака во Христа се сите живи, нѐ повикува да направиме помен на сите, од века, благочестиво упокоени луѓе.
Пред погледот на Црквата минуваат милијардите и милијарди упокоени отци, браќа и сестри наши, сите оние на кои не им ги знаеме имињата, кои одамна веќе немаат овде меѓу нас пријатели, за да бидат спомнати во нивните молитви. Не заборавајќи никого во овој заеднички, соборен и молитвен помен, Црквата ги спомнува своите од почетокот починати чеда, и богати и сиромашни, и мирјани и монаси, и цареви и слуги – сите оние кои веќе нѐ напуштиле.
Последувајќи го завештанието на светите отци, се помоливме и ние соборно во свештената Бигорска обител, за Бог да ги насели Неговите упокоени чеда во небесните дворови. Започнувајќи уште од петочната вечерна богослужба, трогателно прозвучија боговдахновените молитвени и потресни стихири: „Плачам и ридам кога ќе помислам на смртта и ја гледам во гробот нашата, според ликот Божји, создадена убавина, каде лежи без облик, без слава, без изглед… Како се предадовме на гнилежот? Како се присоединивме на смртта…“ Веднаш потоа Старецот, заедно со останатите јеромонаси, ја започна панихидата, на која монасите и верните, со свеќи во рацете, ги упатуваа своите молитви кон небесниот Цар за да ги всели душите на починатите во Неговото царство на живите.
Утредента, пак, на утрената богослужба, која продолжи со заупокоена Литургија, мноштвото христољупци се помолија за блажено успение на душите кои, веќе, го напуштиле телото. Сите богослуженија имаат длабока и важна смисла и се одликуваат со своја убавина и значение на нивната содржина. Но Светата Литургија е најсуштинскиот дел од богослужбениот круг; круна на истиот и средиште на целиот верски живот на христијаните.
Меѓу другото, за време на проскомидијата (даропринесувањето) свештеникот вади честички за сите починати кои умреле со вера и надеж за вечен живот, и овие честички потоа се потопуваат во чесната и животворна крв на Јагнето – Христос, при што, на тој начин, гревовите на споменатите се бришат и нивните души се ослободуваат од идните маки. Ова е најголема милост, ова е најголема љубов, која единствено преку верата може да се разбере и прифати. На крај ќе се помолиме уште еднаш со зборовите на светата Црква: Со светиите упокој ги Христе, душите на Твоите раби, таму каде што нема болка, ни тага, ни воздишка, но живот бесконечен.
Господи, Кој со длабока мудрост човекољубиво управуваш сѐ, и на сите им даваш сѐ што е полезно, единствен Создателу, душите на Твоите слуги упокој ги, зашто сета надеж ја положија на Тебе – Творецот и Создател и наш Бог. (Тропар за упокоените)

Курир

Leia Mais…