Friday, September 16, 2011

Шпанија - Македонија

Се надеваме на нова победа? Или сепак Шпанците се прејаки? МистеријаМК посакува многу успех :)

Leia Mais…

Wednesday, September 7, 2011

НЛО-а во 2011 (Свет)

Видеото кажува се. Гледајќи го, ќе се потстетите на 2012 и малце е застрашувачко, но возбудливо

Leia Mais…

Среќен Празник Македонци!

Нека ви е среќен празникот на сите Македонци. 8 Септември 20 годишнина. Еве еден текст превземен од www.idividi.com.mk


Република Македонија одбележува 20 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Убедливо мнозинство над 95 отсто од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 септември 1991 година позитивно одговорија на референдумско прашање„Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“.

На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.

Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Сенка врз настаните со кои се поставија темелите на самостојна Македонија фрли бојкотот на референдумот од страна на дел од албанската етничка заедница и неподдржувањето на новиот Устав од пратениците Албанци. Десет години подоцна Уставот беше надополнет по конфликтот во 2001 и потпишувањето на Рамковниот договор.

Државноста на Македонија прва ја призна Република Бугарија, по што следуваа признавања и од Турција, Словенија, Хрватска, Русија, Босна и Херцеговина...

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, Македонија беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН беше направено под привремената референца Поранешна југословенска Република Македонија. Под покровителство на ОН, Скопје и Атина почнаа разговори за решавање на проблемот што го има Грција со уставното име на Македонија, кои се уште траат.

Македонија досега има воспоставено дипломатски односи со 168 држави во светот, а под уставното име е признаена од 132 меѓу кои и три од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН - САД, Русија и Кина.

Во изминатите 20 години самостојно живеење македонската држава мина низ низа проблеми и тешкотии. Трицифрената инфлација на почетокот на 90-те години, грчкото ембарго, косовската бегалска криза и конфликтот во 2001 година беа вистински предизвици и закани за младата македонска држава што го забавија нејзиниот пат кон остварувањето на стратегиските цели - зацврстување на демократијата и интеграција во евроатлантските структури. Последниве години ги одбележа процесот на прилагодување на законодавството кон легислативата на Европската унија, децентрализација на власта, реформите во одбраната потребни за членство во НАТО.

И покрај исполнувањето на сите критериуми за полноправно членство во НАТО на Самитот на Алијансата во Букурешт во април 2008 година, Република Македонија доби само условена покана за членство, откако Грција поради спорот за името го блокира приемот.

Во 2005 година Македонија доби статус на земја кандидат за членство во ЕУ, а во 2008 и препорака од ЕК за почеток на пристапните преговори со Унијата, која беше повторена и лани. Грција по примерот со НАТО, ја блокира и македонската евроинтеграција, условувајќи со претходно решавање на прашањето за името.

Дваесетиот роденден од осамостојувањето Македонија го минува во очекување на новиот извештај од Брисел за напредокот на земјата на патот кон евроинтеграциите, како и датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

„20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“
Две децении од прогласувањето самостојност ќе бидат одбележани со централна прослава во Скопје, под мотото „20 години државност - 20 години независна Македонија - заедно под едно сонце“.

Програмата има космополитска димензија и мисија да ги обедини сите граѓани, без оглед на каква било припадност. Ќе ги илустрира минатото, сегашноста и иднината и ќе ги прикаже националните обележја и уметничките капацитети на државата.

Прославата ќе почне во 18 часот пред Парламентот каде што собранискиот претседател Трајко Вељаноски ќе и ја предаде Декларацијата за независност од 1991 на Гардата на РМ. Со свечено дефиле низ портата „Македонија“ и Камениот мост Декларацијата ќе биде донесена до новиот Музеј на македонска борба, каде што ќе биде внесена во 19 и 30 од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Први низ портата „Македонија“ ќе поминат илјада деца, што ќе ја симболизира иднината на државата.

Со театарски ораториум „Непокор“ пред музејот ќе бидат илустрирани сцени од минатото во изведба на актери од сите македонски театри, а Армијата со почесна стрелба ќе им одаде почит на сите загинати херои. Покрај спомениците на плоштадот „Македонија“ ќе стојат актери во костими соодветни на периодот во кој живееле историските личности (од Јустинијан Први до Методија Андонов Ченто).

На 40-метарска сцена на плоштадот ќе биде кулминацијата на прославата - музичко-сценски спектакл „Македоуниум“ во кој ќе учествуваат над 300 уметници. По обраќањето на премиерот Никола Груевски, на плоштадот ќе биде пуштена грандиозната фонтана со споменикот „Воин на коњ“. Ќе биде изведена свечената песна „Македонија“ од 20-ина естрадни ѕвезди заедно со Хорот на МОБ, Македонската филхармонија и „Танец“, кои ќе бидат на сцената. Прославата ќе биде заокружена со голем музички хепенинг на кој ќе настапат околу 90 пејачи или бендови од забавната и народната музика, кои ја одбележале музичката историја во изминатите 20 години.

Креативниот тим е предводен од режисерот Дејан Пројковски, кој на прес-конференцијата истакна дека програмата има неколку делови и е конципирана според космополитските мисли на Гоце Делчев (Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите) и Кочо Рацин (Ако куќа не направив, куќа цел свет братски ми е). Главната идеја била да се отслика уметничкиот потенцијал на Македонија. Подготовките за прославата се завршени..

Од 83 општини ќе има бесплатен автобуски превоз до Скопје за сите граѓани кои сакаат да присуствуваат на централната свеченост.

Празнувањето на 8 Септември ќе почне со положување цвеќе на вечните почивалишта на првиот премиер Никола Кљусев и на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните во Бутел. Во рамки на одбележувањето ќе биде пуштена автопатната делница Куманово - Табановце. Во МАНУ ќе биде промовирана едицијата „130 тома македонска книжевност“, преведена на англиски јазик. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе има средба со претседателот и членовите на Комисијата за спроведување на Референдумот во 1991, на кој беше изгласана независноста на Република Македонија.

Две децении од државноста се одбележуваат и со други настани и активности кои ќе траат до крајот на месецов. Собранието денеска ќе одржи свечена седница, премиерот Груевски ќе има средба со поранешните претседатели на Владата на РМ, а на Свечена академија во МОБ вечер ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов. За јубилејниот роденден државата доби модерен аеродром, а главниот град нови автобуси за јавен превоз.

Leia Mais…

Thursday, September 1, 2011

Каменот во Иловица

Во атарот на струмичкото село Иловица,постои еден голем камен.Ќе помислите дека е обичен камен,но не е.На него има совршени отпечатоци од потковица за коњ,како и помала потковица со не толку совршен облик.Месното население зборува дека тоа се опечатоци од коњот на Александар Македонски.За доказ, се организиравме неколку души,за да видиме дали одговара со таа потковица која ја носевме ние.И,погодете,одговараше.
Ако сакате,на лето ве очекувам да дојдете,за да го посетиме каменот. Слики за жал немаме...





Пренел: ''Несреќник''



Leia Mais…

Се враќаме :)

После голема пауза од 2 месеца, решивме да се вратиме со нови содржини.

За денес се очекуваат уште 2 нови.

Leia Mais…