Monday, February 25, 2013

Светлина во форма на круг

Imam 3 godishen sin koj objasnuva deka gleda svetlina vo forma na krug i koja ispusta zvuk kako blago zuenje.Mnogu cesto pred da si legne ja pee taa melodija zuejki i kazuva deka svetlinata mu ja kazala pesnickata i deka mu ja pee pred da zaspie.Isto taka mnogu cesto koga sum nervozna,izmorena ili bolna,toa 3 godishno dete mi vika deka ke me izleci krugot ako go vikne ,da mu spushti struja na raka , ja kreva rakata i potoa me masira i za cudo sekogas znae da me dopre tocno tamu kade me boli.Koga go prashuvam kako znae kade me boli mi kazuva deka tamu zastanuvala svetlinata.Posle negovoto masiranje ne mi pominuva bolkata ama sekogas mnogu se naezuvam i me smiruva na nekoj nacin iako toa negovo odnesuvanje strashno me voznemiruva...
temava ja predlozuvam zatoa sto neznam kako da se spravam so seto toa neznam dali treba da pobaram pomos od psihijatar ili da mu veruvam na deteto
se nadevam deka ke napisete nekoe mislenje sto ke me informira ili uste podobro nekoj sovet
i dali taa svetlina se vsushnos orbovi?





Пренел:Mama. (kajgana)

Leia Mais…

Friday, February 15, 2013

Книги на Македонски јазик за тајните друштва

- Масонерија-Ралф Еперсон;
- Масони-Јован Бригиски;
- Масонски мозаик-Живко Груевски;
- Значењето на масонеријата-В.Л. Вилмшурст;
- Родени во крв(Загубените тајни на масонството)-Џон Ј. Робинсон;
- Светски заговори-Џим Марс;
- Разоткривање на масонските тајни-Роберт Л.Д. Купер.


Се само дел :)

Leia Mais…

Tuesday, February 12, 2013

Сите истражувања кај селото Бонче


Старо Бонче

27.10.2006



БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ СО ДВАНАЕСЕТКРАКО СОНЦЕ НА МАКЕДОНСКО ТЛО



ФРАГМЕНТ ОД ШТИТ СО ИМЕТО НА КРАЛОТ ДЕМЕТРИj



ФРАГМЕНТ ОД ШТИТ СО ЗБОРОТ "БАЗИЛЕУС" - КРАЛ

Трите парадни штита му припаѓале на ветеран од гардата на кралот Деметриј но, за жал, не може да се каже дали се работи за повоинствениот крал Деметриј Полиоркет, кој владеел околу 50 години по Александар Македонски или за Деметриј II, чии монети се евидентирани во Нумизматичката збирка во Музејот во Прилеп, а потекнуваат од локалитетот Старо Бонче.

Во средишниот дел на штитовите со пречник од околу 80 сантиметри е претставено дванаесеткрако сонце, а наоколу, во низа, се распоредени седум помали осумкраки сонца.

Делови од бронзени штитови стари 2.200 години, кои им припаѓале на антички македонски војници, се пронајдени во селото Старо Бонче, прилепско Мариово од страна на археологот од Заводот и Музеј од Прилеп, Душко Темелкоски.

Ова е исклучително откритие затоа што станува збор за уникатни наоди, кои имаат особена научна и историска вредност, бидејќи го потврдуваат протегањето на античката македонска држава на овие простори и на македонскиот идентитет.
Значењето на штитовите е уште поголемо, бидејќи на нив стои името на македонскиот крал Деметриј, еден од наследниците на тронот на Александар Македонски.
Вредноста на овие наоди е огромна но, исто така, нивното откритие навестува дека доколку се продолжи со истражување би можело да се открие и костурот на воинот или евентуална цела некропола од антички град во овој дел на Мариово.

ЗНАЧЕЊЕ

За штитовите и за нивната вредност најкомпетентно може да говори вишиот кустос Темелкоски, чие внимание веќе подолго време е насочено кон откривањето на тајните кои ги крие локалитетот Старо Бонче.
"Што се однесува до штитовите, станува збор за бронзени опкови од три антички македонски штита, кои во средишниот дел имаат претстава на поголемо дванаесеткрако сонце, додека наоколу се распоредени седум помали осумкраки сонца.
Значењето на овие вредни наоди има два аспекта.
Досега тие во Македонија прв пат се откриваат, додека во соседна Грција е евидентирана едноцифрена бројка на антички македонски штитови.
Со оглед на собраните фрагменти од земјени садови, кои веројатно претставувале гробни прилози, може да се претпостави дека станува збор за место каде што е погребан војник ветеран, не обичен војник.
Кон тоа нè упатува бројката на откриени штитови во неговиот гроб и секако името на македонскиот крал Деметриј, испишани околу средишното сонце.
За жал, не може да се каже дали се работи за повоинствениот крал Деметриј Полиоркет, кој владеел околу 50 години по Александар Македонски или за Деметриј II, чии монети се евидентирани во Нумизматичката збирка во Музејот во Прилеп, а потекнуваат од локалитетот Старо Бонче.



Името на кралот на штитовите би можело да значи дека војникот кому тие му припаѓале бил некој со поголем чин во македонската армија", вели Душко Темелкоски, виш кустос и археолог од прилепскиот Музеј.

Идните археолошки истражувања на самото место каде што се пронајдени штитовите ќе овозможат да се дефинираат, односно да се коригираат овие претпоставки.

(ДО)ИСТРАЖУВАЊА

Како што потенцира Темелкоски, локалитетот Старо Бонче во минатото во континуитет бил напаѓан од дивите копачи.
Во еден од нивните налети биле ископани многу вредни уникатни наоди на бронзени опкови од антички македонски воени штитови.
За среќа на науката и воопшто на сите нас, овој "плен" не ги задоволил бизнис критериумите на дивите копачи, така што остатоците од штитовите ги оставиле расфрлани наоколу на местото на ископување.
Мештаните од двете села ги собрале,така што во овој месец почна одисејата на вишиот кустос археолог Душко Темелкоски за нивно институционално згрижување во Музејот во Прилеп.
"Додека траеше 'битката' со бирократските процедури за наоѓање средства за дооткупување на преостанатите делови од штитовите, дојде до недоразбирање, при што проф. д-р Виктор Лилчиќ, кој понуди помош за забрзување на оваа постапка, ги откупи истите.
Секако штитовите ќе бидат комплетирани и ќе добијат репрезентативно место во
археолошката постојана изложбена поставка во Музејот Прилеп", објасни Темелкоски.

Инаку, археолошкиот локалитет Старо Бонче на кој се откриени овие вредни штитови се наоѓа во близина на истоименото село во прилепскиот дел на Пелагонија и во Археолошката карта на Република Македонија се води како хеленистичка и доцноантичка некропола.

Во Нумизматичката збирка на Музејот во Прилеп се евидентирани поголем број монети од повеќе македонски кралеви со потекло од Старо Бонче, што значи дека на тоа место подолго време егзистирал град.
Со оглед на распространетоста на локалитетот, се работи за поголем град.
"Поради погрешната стратегија во минатото, не му е посветено достојно внимание на овој локалитет, односно досега не се вршени никакви археолошки истражувања, па затоа останува отворено прашањето за името на градот.

Во неговата непосредна близина, во атарот на селото Подмол, се наоѓа монументална гробница на некој великодостојник, кој живеел во тој град.
Се претпоставува дека се работи за градот Пелагон.
Повеќе податоци за разрешување на дел од оваа мистерија секако ќе се добијат по завршувањето на археолошките ископувања на горната акропола на врвот Висока, веднаш над локалитетот, а кои се во тек.
Со нив раководи проф. д-р Виктор Лилчиќ од Институтот за археологија при Филозовскиот факултет во Скопје, во соработка со прилепскиот Музеј", додаде Темелкоски.

Пишува: Милева ЛАЗОВА


Над мене е од 2006.

_____________________________________________________________________________



Археолошките истражувања кај Старо Бонче со нови откритија



Археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот „Завод и музеј” веќе еден месец истражуваат на археолошкиот локалитет „Павла Чука” кај прилепско Старо Бонче. Најновите истражувања носат нови факти, пред се за кралската гробница, досега истражувана неколку пати од 1936 година, но и ограбувана.

Според доцент доктор Антонио Јакимовски од Инстутот за историја на уметноста и археологија од Скопје, тоа е уникатна гробница во светски рамки.

- Уникатноста на гробницата е поради кружниот ѕид и таква не се среќава не само на Балканот туку и во светот. Во неа бил погребан, а потоа и кремиран, со сите почести и материјални добра моќен македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера. Околу гробницата се најдени неколку гробови зашто тоа станало свето место. За жал, материјалните добра се однесени во ограбувањата низ вековите, вели Јакимовски.

Професор д-р Викотр Лилчиќ вели дека тоа е локалитет од врвно значење. Тука бил антички македонски град и според наодите упатува дека е таинствениот главен град на античките македонци-пелагонци.

-  Единственото место каде можел да се наоѓа тој град, според сите сознанија, е најверојатно овде кај Старо Бонче. Бил на нивоа. Горе на преку 1.400 метри е месноста Висока. Тоа било стратегиско место со контрола на Пелагонија, а долниот дел кај гробницата живеалиштата на населението. Сигурно бил со преку 20.000 жители, вели професор Лилчиќ.

Археолозите прв пат претставуваат наоди: копје – пепознатливоста на македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија, ва која се верувало се душите на покојниците.  Одавде се трите штитови, најдени пред 6 години,  што се конзервираат во Охрид и монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј. 

Според професор доктор Виктор Лилчиќ, Македонија е големо археолошко наоѓалиште со најмалку 50.000 локалитети, но само 10 проценти се истражувани.  Тоа го утврдиле и британските археолози. 


_________________________________________________________________________________


Старо Бонче (археолошки локалитет)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Јужно од селото Бонче, откриени се гробови во кои се најдени монети од времето на Александар Македонски и други македонски владетели, како и римски бронзени монети.

Опис

Откриена е заѕидана засведена гробница со монументални димензии. Гробниот дромос и комора се опкружени со периметрално оформена заштитна ограда - вид подиум, конструирана со масивни правоаголни камени блокови. Манирот на оформувањето на камените блокови од коридорот е идентичен со блоковите од кралскиот дворец.
Гробницата се наоѓа на неколку стотици метри од дупката во која, 2006 година биле откриени деловите од македонските штитови.
Проширувајќи го просторот на истражувањата околу кралскиот дворец, археолозите откриле керамички фрагменти што датираат токму од времето на најголемата моќ напелагонското кралство. Пронајдени се делови од висококвалитетни кантароси од црн фирнис, раноантичка луцерна (керамичка ламба) датирана во средината на 4 век пред новата ера и делови од други предмети.
Според археологот Виктор Лилчиќ, средиштето на античките Пелагонци се наоѓа на планинскиот врв Висока, на Селечка Планина. Во повеќегодишните истражувања тој лоцирал комплекс археолошки локалитети: кралскиот дворец и горниот град се наоѓаат на врвот Висока, додека долниот град со култниот простор и некрополата се наоѓаат во западното подножје на Висока.

Потрага по градот Пелагонија

Научниците 165 години трагаат по раноантичкиот град Пелагонија, престолнината на пелагонските кралеви во 4 век пред новата ера и главен град на Македонија Четвртаод 168 до 148 година п.н.е. Кога римските воени единици го покориле во 168 година п.н.е., кралството Македонија било поделено на четири дела - мериди. Главните градови на првите три мериди биле АмфиполТесалоника (Солун) и Пела, кои денес се наоѓаат на територијата на Република Грција. Центарот на четвртата мерида е градот Пелагонија, по кој научниците се уште трагаат. Тое е значаен податок за едно од горномакедонските раноантички независни кралства, кои веќе во втората половина од 4 и низ 3 век пред новата ера постепено се припоиле кон единственото кралство Македонија.
Централната комора на гробницата, била ограбена во доцната антика, ходникот бил раскопуван во 1912 година од француска армија, за во 1936 година археологот Никола Вулиќ повторно да ја откопа и нацрта. Гробницата низ годините го привлекувала интересот и на други археолози.
Никој не ни сонуваше дека таа гробница е опкружена со еден периметрален ѕид од огромни камени блокови, монтирани во ѕидот. Небесната симболика на нејзиниот круг е нешто импресивно, покојниците одат на небото а кругот е небесната рамка. Претпоставуваме дека во неа бил погребан кралот на Пелагонците, можеби токму оној кој е споменат во натписот откриен во Атина, датиран во 365 година пр. н.е. Интересно што и при првото истражување на тој простор во 2005 година, таму откривме раноантичка керамика, што говореше дека тоа не е обично место, туку се работи за нешто посериозно, но и ѕид и контури на главен централен влез во акрополата. Една година подоцна се потврди дека акрополата е антички дворец на владетелот, околу кој на два километри се протега градот. Очекуваме во гробницата или во градот да се појави можеби и некоја плоча со натпис - вели Лилчиќ.
Камен од гробницата како градежен материјал е носен во селото Подмол, со што и практично било откриено и нејзиното постоење.

Истражувања

Гробницата низ годините го привлекувала интересот на многумина археолози.
  • 2007, вршени се археолошки испитувања од страна на вработени во Музејот на Македонија, Катедрата за археологија при Филозофскиот факултет на универзитетот Св. Кирил и Методиј од Скопје, при што е откриена заѕидана засведена гробница со монументални димензии.
  • 1912, ходникот бил раскопуван од страна на француска армија,
  • 1936, археологот Никола Вулиќ врши истражување на гробницата.






build.mk

Leia Mais…

Saturday, February 2, 2013

"Очи широко затворени" во Македонија

Верувам дека повеќето од вас го имаат гледано култниот филм на Стенли Кјубрик - Очи широко затворени. Нешто слично се случува во Македонија и тоа најмалку 3-4 години. Е сеа јас не сум Том Круз и не би можел да кажам што се случува во замокот за кој се бара лозинка, ама сепак нз што ми требаше па истражував и така стигнав до некои информации. Се надевам дека и некој друг ќе пише за да разбереме нешто повеќе околу ова.

Еве за што се работи: 
Група која се претставува како организација (не е регистрирана проверено е) има канцеларии во повеќе градови во РМ. Пред канцелариите нема име на фирма, ниту некоја друга ознака. Тие не кажуваат со што се бават, ниту пак со што вие ќе се бавите и колку пари ќе ви даваат за тоа. Ќе слушнете за нив само гласини. Функционерите во канцеларијата не кажуваат колку пари би ви давале и строго забрануваат на нејзините членови да зборуват за тоа. Впрочем ако стнете член една од обврските е да не кажувате за ништо што се случува и што се работи.

Единствени услови за да бидете примени во групата е да имате желба, да носите црна облека (костум), да сте оженет/ омажена (има сличност со очи ширум затворени а?) и да уплатите 1500 денари (мислам дека толку беше одамна праев муабет). Типците имаат канцеларии во повеќе градови во Македонија. Местата не се во некоја забутана населба, а во централното подрачје кајшто кириите и не се баш евтини шо ќе рече имаат пари. А сигурно се поврзани и со луѓе од власта штом нерегистрирано работат ко организација, а и бараат пари за нешто што не кажуваат што е, па и вработените не се регистрирани и не се плаќа данок за тоа.

Е сеа тоа е за да се зачлените. Но нема да ви кажат во што се зачленувате. Во канцаларијата има само еден двајца од пониските членови на групата (сектата). Тие ќе ви кажат дека од нив е толку, а за потаму ќе ви кажат нивните шефови на состанок за кој ќе ве известата накнадно и кои ќе ги видите само доколку ги исполните условите што и јас ви ги наведов. Пробав нешто повеќе од нив да извлечам ама не успеав. Горепишаното лесно можете да го дознаете доколку отидете во нивна канцеларија.

Нешто што нема да ви го кажат:
Плаќаат од 500 или 1000 евра месечно. После извесен период истражување разбрав дека членовите ги собираат (петок чинам беше денот, приквечер) со кола (комбе) и ги носат во куќи. Првиот пат нема да ви кажат кај ве носат, а за потаму дали носат по различни објекти нз, но имаат неколку објекти по неколку градови во РМ. Пред куќите има обезбедување, што ги проверува дали се со препорака и дали се облечени ко шо треба и дали носат оружје. Што се случува во куќата може само да се претпостави. Некои од луѓето што разбрав дека се во групата финансиската состојба значително им се подобри. Не сум сигурен дали се истата група но од другар разбрав дека и тој познава луѓе од сектата што ги земаат на тој начин и им помагаат финансиски. Знам и други случки ама не сум сигурен дали се истите луѓе па не би зборел. Понекогаш ги собираат само жените, а не мажите (зошто не ми е чудно). Што мислите вие околу ова и дали сте слушнале нешто повеќе.





Пренел:Eddie_rebel (кајгана)

Leia Mais…