Sunday, October 28, 2012

МистеријаМК со think.mk поддомејн

Деновиве највероватно ќе се реализира нов блог за МистеријаМК со истата намена - да ви ги открие нашите МАКЕДОНСКИ мистерии, но овојпат и најретките и најмистериозните мистерии кои никогаш не сте ги слушнале!

Слободно изразете се во коментар дали сте спремни, или сакате да останеме на блогер.

Подоцна ќе има и уште повеќе информации






Тимот на ММК©

Leia Mais…

Thursday, October 11, 2012

Грците ја нашле гробницата на Роксана и на Александар IV?

Грчките археолози тврдат дека во ископините на античкиот град Амфипол во Егејска Македонија е пронајдена гробницата на сопругата на Александар III Роксана и неговиот син Александар IV.
Засега ископувањата се престанати заради недостаток на финансии. Македнските археолози му понудиле помош но била одбиена.



Линк на српски

http://www.vesti-online.com/Scena/Kultura/260722/Pronadena-grobnica-zene-i-sina-Aleksandra-Makedonskog-


Ултиматум?

Leia Mais…

Monday, October 8, 2012

Think.mk форум како наши соработници

Нов форум во кој вреди да се дискутира за најопштите дела во животот

http://think.mk/forum/

Leia Mais…

Sunday, October 7, 2012

Непозната Македонија во стар весник

„Непозната Македонија“, „The New York Times“- 3 ноември 1895 г.

„Македонија, земјата на три реки, Вардар, Струма и Бистрица, е обрабена со возвишени планини, од кои најпознати или највисоки се Олимп, Шар Планина и Родопите - високи меѓу 8.000 и 9.000 стапки над нивото на морето. Таа е меѓу најживописните земји од Европа…“ – вели авторот на текстот „Непозната Македонија“ објавен на 3 ноември 1895 година во весникот „The New York Times“.

Во статијата „Непозната Македонија“, опишувајќи ја земјата како една од најживописните земји на Европа и сеуште неоформена како држава, авторот релативно прецизно ги дава географските граници на земјата, сместувајќи ја територијата на Македонија меѓу планините Олимп, Шара и Родопите.

Иако авторот е збунет од т.н. „Кинеска загатка“, која пропагандите кои делуваат во тоа време ја наметнуваат во однос на припадноста на населението на територијата на Македонија, од текстот е видливо, дека според тогашните географски карти тој му дава предност на славјанскиот народ (македонскиот народ), доколку го издвоиме турскиот како носител на власта, а дури потоа на грчкиот и арабанашкиот етникум, чии имиња повремено се појавуваат на тогашните карти во зависност од тоа кој ги изработил.

Со поетски речник, авторот ја прикажува Македонија како неодоливо привлечна, но дива и опасна земја, земја на авантури, во која во одредени делови, Европејците немаат стапнато скоро еден милениум. Во текстот „Непозната Македонија“, кој го објавува „The New York Times“ во 1895 година, авторот меѓу другото ќе напише дека:

„Македонија e практично непознатa за пошироката јавност како голема неоформена територија во која некогаш живееле трите сестри Граи кои му помогнале на Персеј да ја избегне смртта. Дури и добро информиран политичар кој може да си избере пат низ Централна Африка е често неспособен да ја каже разликата помеѓу Помаците и Цинцарите (Власите н.з.), помеѓу Јуруците и Арнаутите, или да каже дали тие се овошје, алатка или луѓе.

Не само што географијата на земјата е многу комплицирана и недоволно проучена, гледаме дека речиси секој округ, река, езеро и град се познати по најмалку две целосно различни имиња, едно турско и друго славјанско, грчко или албанско -- од кои две повремено се исфрлени од некои мапи кои ние ги поседуваме, тука етнографијата е повеќе збунувачка од Кинеска загатка, и не постои маж или жена кои можат да понудат решение на проблемот на начин кој ќе ги задоволи народите од Источна Европа.

И покрај железничката мрежа од околу 600 милји, комуникацијата со внатрешноста не е само примитивна и тешка, туку многу опасна. Практично е невозможно да посетите било кој од оддалечените и многу од главните области без придружба на турски заптии, а понекогаш дури и на неколку Арнаути убијци, како мерка на претпазливост. Постојат места во Македонија -- особено помеѓу реката Вардар, од една страна, и Дрина и Морава од друга страна -- кои не биле посетени од Европејците уште од деновите кога воинствениот Самоил бил цар, околу 900-тите година.

Македонија, земјата на три реки, Вардар, Струма и Бистрица, е обрабена со возвишени планини, од кои најпознати или највисоки се Олимп, Шар Планина и Родопите - високи меѓу 8.000 и 9.000 стапки над нивото на морето. Таа е меѓу најживописните земји од Европа, богата со прекрасни шуми кои се искачуваат по ридовите, декорирани со реки и скриени острови; дивите планински сцени, прекрасните водопади и мирните езерски површини - соодветен амбиент за скапоцените камења од смарагдните островчиња, длабоките клисури, вртоглавите планински патеки, насмеаните рамнини и напуштени предели, кои треба да докажат една неодолива привлечност за патникот, кому опасноста и авантурата му претставуваат вистинско задоволство“.

„Современиот Преглед“ на Македонија од XIX век претставува вистински туристички водич кој ги претставува убавините на земјата, но истовремено ни ги прикажува не само границите на земјата, туку посредно и на сите контраверзи кои се појавуваат како последица на бугарската, српската и грчката пропаганда во тој период.


ny-times-1895.jpg

Leia Mais…

Случувањата на KillerBee

Одовде надоврзувам продолжение на претходниот мој големичок пост, само пред тоа да напоменам нешто - луѓе, им завидувам на верниците, на оние кои го имаат Господ, на оние кои верата им дава сигурност дека се ќе биде во ред и Господ ќе ги спаси. Јас тоа го немам. Сум го изгубила (или никогаш не ни сум го имала). Блазеси им на верниците што имаат надеж. Ние безбожниците имаме само сомнежи :D
Не знам дали е нормално или паранормално искуствово ама сепак ќе го споделам... Многу сонувам и си ги запишувам соновите. Убаво знам кога сонот е реакција на дневните активности и дразби, а кога не е. Пред 4-5 години сонував како влегувам во темен стан. Ролетни спуштени, онакви жолто-кафени со дупчиња. Од вратата право гледам празна соба, со оштетен паркет, Лево од неа уште една соба, потесна со тераса, а паралелно со влезната врата најголемата соба, широка и со еден куп парна т.е. радијатори и цевки во неа. Сонот беше најобичен, мирен и безвучен. Само слики и тишина. Сабајлето на моите им викам - еден чуден сон сонував... И им го раскажувам.
Моите се стаписаа. Почнаа нешто да пресметуваат години, и велат "не е можно, нема теорија да се сеќава...". И ми кажуваат дека кога сум имала 3 -4 месеци сме живееле во тој стан под кирија и дека кога се вселувале немало во него парно и морале да наместат. По 3 месеци сме отишле во друг стан оти газдата не сакал да им ги одбие кириите за наместеното парно и се тужеле.

Исто така, кога почина дедо ми (мојот идол и најдобар другар :D) . Имав 16 години. Во Велес, во станот на баба ми и дедо ми стигнавме за погребот, па нормално, моравме тука и да останеме неколку дена за баба ми да не биде сама, а бевме 7 души. Јас од дете, секогаш спиев до дедо ми - тој на тросед, јас на двосед, или пак на полски креветчиња - ќе ги ставевме на балкон и ќе глумевме дека сме во природа, па врзувавме сукала со јаже ѓомити риби ловиме и сл (дедм многу страастен риболовец беше). Ноќта нормално, некој мораше да спие на полско и јас се согласив. Бидејќи беше февруари не можев да спијам на балкон.
За чудо мирно заспав, после сите трауми тој ден. Едно време се разбудив, ама мирно - како само да ги отворив очите. И слушам чекори - едно специфично шушкање кое го правеше само дедо ми. Сите го караа дека постојано е бос и петите му се како сосијат (хартија за брусење), ап кога се движеше толку чкрипеше по тепихот со петите, што сите викаа по него.
Станав. Бев невообичаено мирна, спокојна и без грам страв. Почнав да ги следам чекорите и стасав до балконот. Преку стаклото погледнав на оградатаа на балконот и гледам стапче потпрено на неа. На стапчето манила конец. Се насмевнав како во бунило и си легнав да спијам пак. Не ми беше воопшто страв. И после се, би помислила дека имам сонувано, но цаката која ја прави ситуацијата тоа што е, е дека стапчето сабајле го видоа сите. И прашаа од каде дојде. Никој не знаеше.
--- надополнето: 24 јуни 2012 во 17:03 ---
Од друга страна пак, кога умре татко ми јас не можев со недели да спијам нормално. Секој ден по нешто се случуваше, но највпечатливо нешто беше водата во и околу куќата. Цевки пукаа, чешмите де гргаат, де не течат, канализацијата се затна 10 пати во еден месец. Олуците испукаа, од ходникот почна да лее вода во млазови (од таванот по ѕидовите). Значи водата се на се, не мрдна. Секој ден само проблеми. Освен тоа, откако татко ми умре се исуши СЕ што имаме дома од растение. Дури и бамбусот на мајка ми што стоеше во желе во вазна скапа. Ниту една тревка не остана. Мајка ми се фрли, освен едно дрво на животот кој му го даде на братучед ми и снаа ми ( по 40 дена) Дрвото го видов кај нив по некој месец, беше зелено, здраво и претерано високо, па го врзувале по шипки по ѕид. А кај нас... Расадникот и лозјето кога ги видовме, беа скапани и болни. Оттогаш ништо не порасна, кивите што татко ми со таква радост си ги посади - умреа.
Дури сега, по 2 години неполни, купивме по некоја саксија за да не биде пуст дворот. Белки нема да се исушат и тие...

П.С. Сте имале ли досега сознанија за тоа дека во куќата каде што умрел некој а не му било време секогаш биднуваат проблеми со вода?

Leia Mais…

Магнет за вражачки?

Приказната ни ја пренесува Алкарина:

Јас сум магнет за вражачките низ Скопје. Има една госпоѓа, ме има застането досега 3 пати и тоа на различни места од градот. Е сега си правам муабетче со неа, цигара ќе и понудам, 20 ден. ќе и дадам (колку да не е без ич муабетот) и нон стоп ми врти муабет за црна магија и црна жена во мојот живот која ме мрази... Ама тој муабет како почнал така и си заминува.
Денес пак ја сретнав, незнам дали веќе ме научи како изгледам или не, ама немав време да си помуабетам. Немаше ни 10 мин. налетав на една друга. И сега ај нели нема смисла (душичка жената) ќе ја ислушам. Застанавме да збориме и она стандардното, имаш среќа наредни 3 дена, ти се смееш надворешно ама душата ти е стегната во тупаница имаш таков пријател имаш таква пријателка.. И викам „Бабе“ еве за муабетот што си го направивме те частам 100 денари. И ги зема парите и ми вика.. Ти во минатото со кој си раскинала долга врска? Викам е бабе одамна беше знаеш деца, па дечковци... Вика сега си во врска долги години ама нема брак сеуште нели. Викам абе тежок живот што да се прави. Вика НЕ, имаш магија направено. И ме прашува кој е Горан? (инаку колку за инфо Горан е дечкото од претходната врска која ја раскинав пред 12 години а со кој одев долго) И јас овде се пресеков. Викам незнам, не познавам Горан... (лажев најнормално)
И вика Горан не сака да те види среќна дури до 59 години, оти после тебе не му е се исто.
Викам бабе отидов ...

Е ајде де сега, зошто кажа Горан, зошто не кажа Гоце или Аце? Зошто спомна претходна врска.. Требаше да видам што тревки ми нудеше за растерување на магијата, може ќе смотаФ нешто сега.

Leia Mais…

Случувањата по патот К.Паланка - Скопје

Случувањата му се случиле на Doc Holidej. Прочитајте:

Otidovme so drugarot do K.Palanka da kupi agregat za struja,bevme so kombe,na vrakanje mi se pusese cigara a toj ne dozvoluva pusenje vo voziloto pa ubij go iako e pusac,poslem dolgo nagovaranje da zastane pokraj pat zastanavme..zivi temnici gi ostavivne farovite zapaleni,no go zamoliv da gi iskluci zatoa sto precea..gi izgasna i bap muzika brate mili,sviraat luge,ko svadba a toa edna pustelija so da ti kazam..upalivme farovite nema muzika e da tibam gasi farovi trupa muzika na veliko..gasime i nie cigarite i auf da ne nema sme cutele do skopje za da ne slusneme pak toa trubite e aj idi pa kazi sto bese ccc i od cigara i od se da ti se odmili.


Leia Mais…