Saturday, December 7, 2013

НЛО во близина на Прилеп?


Leia Mais…

Thursday, December 5, 2013

Излевањето на Вардар и старата Учителска школа (слика)


Нешто повеќе за Учителската школа од википедија:



Учителската школа некогаш
Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште „Идадија“ во близина на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „ислахански парк“.
Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.
Набрзо потоа се трансвормира во гимназија а во 1898 во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така што во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.


Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.
На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.
Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.
Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.



По втор пат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.
Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.


Слики:





Слики: Hip.Hop_MKD




Leia Mais…

Wednesday, December 4, 2013

3D прошетка низ срушената куќа во Црниче


Имате опција за денска и ноќна прошетка. Ние би ноќната. :)

Leia Mais…

Село Локов, месност Закамен - епицентар на скриено богатство или не?

Денес, на тапет ќе ви оставиме три скоро исти приказни од три различни персони.





Маријанела:
Ми има мајка ми раскажувано за селото Локов-Струшко за месноста Закамен. Таму има и ден денес закопано злато-макар што сега како што нема траги од месноста потешко е и да се најде ама порано било полесно па така некој човек од селото што точно знаел каде се наоѓа го откопал златото но подоцна целата фамилија му изумрела бидејќи тоа злато било проколнато па затоа како што кажуваат старите подобро да стои таму закопано.


Hip.Hop_MKD:
Приказнава ја знам од баба ми:
В' Струга, пред празник Преображение секоја година се гледал сноп како запалено сено од над Езерото, па над градот и идел накај Караорман во Село Локов. Демек тоа било не знам кој светец и на секоја година на таа дата идел во црква. Баба ми ми рече дека сестра и нејзина од градот го видела, а и она самата од таму како се движело.
Мојата теорија падна на тоа дека се работи за поголемо небесно тело ( комета или метеорит ) кој имал своја орбита по која се движел и се служувало секоја година тоа време да се поклопи со празникот.





Анонимен:
Јас водам потекло од С.Локов и можам да потврдам за ова.Од месноста Закамен има многу малце урнатини кој ги имам видено и одено со постари луѓе таму.И секако,злато има но е проколнато.Многу пати и еден наш пријател се обиде да дојде до злато но се одкажа поради кажувањето на постарите селани кој го молеа да не чепка таму.Денес од Закамен е многу тешко да се најде,обраснато со трева,дрвја и изгубени се многу траги кој водеа таму.Село Локов ми остана едно од најубавите села и полно со мистерии.Од црквата во која несмеат да влегуваат жени поради иконата до златото од месноста Закамен.




За било каков контакт, вест, договор, обратете се тука: misterijamk1@gmail.com

Leia Mais…

Monday, December 2, 2013

Суеверие, кобење, обичаи во книгите на Цепенков







Leia Mais…

Tuesday, November 26, 2013

Гласајте за МистеријаМК за најдобар блог и најиновативен сајт

Оваа година, номинирани сме за најдобар блог и најиновативен сајт. Без форсирања и бламажи, некој ако смета дека блогов е достоен да ја земе наградата за Најдобар Блог и Најиновативен Сајт, слободно нека гласа. Сигурно нема да изгубиме ние ништо, па ни вие.


За да гласате, потребно е да се пријавите со ваша валидна е-пошта (или "модерно" е-маил). На вашата е-пошта ќе пристигне линк кој ќе ви овозможи гласање за сите категории. Ако некој неможе да се снајде, слободно нека не контактира на misterijamk1@gmail.com.




Забелешка: Дојдовната е-пошта може да пристигне и во спам.



Гласајте паметно, МистеријаМК






Leia Mais…

Friday, November 22, 2013

Од вас за вас: Црвена светлина на небото

Јас сакам да го споделам моето искуство со нло,ова се случи пред околу два месеци.Седев во соба на компјутерот,а прозорот беше отворен.Бидејќи живеам високо на 12 кат одеднаш мајка ми ја слушнав како рече демек што е она што свети толку силно надвор,не е ѕвезда.Јас љубопитен г'з набрзина се кутнав на прозорот и кога видов голема светлечка топка како лебди негде кај воена болница и светеше жар црвено.Си викам еј да си ибеш векот што може да е она.Прво што направив беше да пробам да си ја само-објаснам оваа појава.Си викам,авион не е,хеликоптер не е,сателит не е затоа што топката беше на многу ниско растојание,метеролошки балон никако затоа што беше преголемо,значи си викам ова мора да е нло.Во меѓувреме го извадив мојот чкарт алкател земен на нула денари при-пејд и си викам леле готово се збогатив,Латас ќе ме искешира.Палам камерата кога единствената снимка што ја направив беше фамозната црна боја со 0.5 мегапиксели камера.Си викам пу да ти ибам камерата сега ми преостанува само да набљудувам.Наеднаш црвената жар топка почна да се движи со огромна брзина лево-десно и да се гасне и пак да се пали.Кога го видов тоа сфатив дека тоа што го гледам не е од оваа планета т.е не е направено со човечка рака.Наеднаш светлечката топка стоејќи во место како се палеше и гасеше исчезна негде накај 12 саатот по полноќ,а се тоа се случуваше 5 минути.Си реков толку од сеирите и седнав на компјутерот по брза постапка да известам дека маалото ми го нападнале свемирци.Така скролајќи со маусот на фејсбук наидов на една статија дека истата топка е забележана негде околу 9 саатот по ручек.Така праејќи си филмови со моите дома и гледајќи низ прозорецот цело време љубопитно одеднаш ко на филм ја гледам истата топка како се враќа од пределот накај Шар планина и повторно дојде на истото место.Целиот возбуден за подобар поглед летнав накај терасата да го доживеам тоа чуство на возбуда поубаво.Истата таа светлечка топка повторно со голема брзина мрдаше лево-десно и се палеше и гасеше жар црвена за да за неполни 2 минути да се изгасне повторно.Така седнат на терасата замислен,возбуден помислувајќи дека одисејата заврши наеднаш ко на филм негде од кај пределот на село Волково три бели кугли наместени во правоаголна положба се издигнаа во небото и се распрскаа на три страни со голема во брзина и одеднаш застанаа во место па почнаа да се палат и гасат за на крај скрос да се изгасат.Јас пред да го видам ова не верував во такви работи но после тоа што го видов засекогаш ми се изменија видиците.

Пренел: Кристијан

Leia Mais…

Saturday, November 2, 2013

Ден на починатите - Задушница

Да го одбележиме денот на мртвите.


Leia Mais…

Thursday, October 10, 2013

МистеријаМК контакт

Сите приказни, преданија, легенди, случувања можете да ги испратите на misterijamk1@gmail.com

Во најбрз рок истите ќе бидат поставени на блогот.

Бидете слободни, ставајте слики, уредете го вашиот текст по избор. Вистинско име или анонимност, тоа е ваше право. :)



misterijamk1@gmail.com

Leia Mais…

Monday, October 7, 2013

Масоните во Македонија (телеграф.мк)

Излог со шапки, дуќан како и секој друг, влегувате во него, разговарате со мајсторот, го прашувате за цена на моделите што ги изработува и, подновени или не, го напуштате местото. Продолжувате по калдрмата на скопската Стара чаршија, но сепак мал сомнеж ви вели – во дуќанот имаше нешто необично.
Се враќате назад, непријатно ви е повторно да влезете тукутака, па измислувате изговор – сакам уште една шапка. Додека мајсторот одново покажува некој од новите модели, сфаќате дека сомнежите ви се на место. На ѕидот, на таванот, на полиците, покрај качкетите, баретките, шеширите забележувате необични предмети, со уште поневеројатни симболи.
Погледот шара наоколу љубопитно истражувајќи го просторот и полека почнуваат да се забележуваат оклопи од средновековни витези, кои се надвиснале над главите на муштериите. Во рацете држат мечеви, како да чуваат стража за вековни тајни.
(Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
(Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Веднаш до нив, црвена таписерија со букви од древно писмо, симболи во облик на птици, скали, бројки, човечки коски, мртовечка глава. Во средината и голем крст обвиен со венец од трње. Неизбежна во целата таа сценографија е позлатена рамка, поставена гордо на највидното место во дуќанот, а во неа пентаграм, опкружен со непознати знаци.
- За тоа да го разбереш, треба со месеци да ти раскажувам. Тоа се кодови на кои само малкумина знаат да им ги прочитаат мислата и пораката – вели мајсторот, кој веќе насетил зошто неговиот старо-нов муштерија се врати во дуќанот.
Наместо да го прекине разговорот, тој веднаш додава: Кодови се тоа, на масоните. Како да не е доволен и тој одговор, па вади бизнис-картичка, а на неа стои: Големиот мајстор, Македонски масонски храм.
Веќе станува јасно за што се работи, дека шапкарот не е само моден креатор, туку и член на некоја масонска ложа.
(Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Шапкарот не е само моден креатор (Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Невообичаено, Мајсторот го продолжува разговорот, кој полека се претвора во раскажување за историјата, развојот, тајните, улогата на масонството во Македонија. Не заборава да нагласи и дека во тајната хиерархија тој се наоѓа на висока позиција.
- Ова е најстарото масонско здружение, односно братство на Балканот. Ниепостоиме од 1337 година, а први негови членови се мијачките мајстори. До 2007 година беше скриено, пред да бидеме разоткриени. Најчесто нè нарекуваат Светите старци, а некој нè вика Светогорско братство. Јас сум најмлад од таа групација – вели Мајсторот отворено иако првпат го гледа соговорникот пред себе.
Вели дека братството чиј член е тој е најекстремно и исклучиво православно христијанско.
- По правило, кај нас знакот е православие или смрт. Се примаат исклучиво православни христијани, а нема ниту жени во нашите редови – истакнува Мајсторот и додава дека некои од нив и никогаш не се женат, а сепак имаат деца, но со непознати жени.
Вели дека својата „обука“ ја поминал на Света Гора, во Зографскиот манастир, каде што поминал 14 години. Покажува и диплома, на која јасно стои неговото лично име, Илија Трајковски, со која ја добил титулата Голем мајстор.
Вели дека има повеќе такви дипломи. Според него, само тој и уште двајца во светот знаат да ги толкуваат и да им ја разберат смислата на пораките што се испраќаат со таканаречената сигма, кодирана масонска мисла.
Преку овој крст, преку овие букви се прават атентати. По тие кодови се разбира кој треба да биде отстранет – вели Мајсторот покажувајќи кон комбинацијата од црни симболи поставени врз црвена основа.
(Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Мајсторот: Овие кодови само малкумина ги разбираат (Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Додава дека во хиерархијата на македонскиот масонски храм Големиот мајстор стои најгоре и не заборава да спомене дека го достигнал таканареченото 32-то ниво.
- Моментално во Македонија има само 32. степен. Најголемиот е 33. ниво, но таков во светот има само еден, а тој е во Тибет – додава Мајсторот.
Разговорот продолжува и набргу открива дека во Македонија има околу 200 масони, од кои само четворица се во врвот на хиерархијата. Другите, пак, истакнува дека се слободни масони. Не помина многу време, па почна да споменува и имиња од нашиот бизнис-сектор.
Нашето братство беше скриено сè до 2007 година. Тогаш за нас проговори Живко Груевски, некогашниот газда на „Јукан“. Тој не е масон. Треба човек да разликува што е масон, а што е слободен масон. Тој е во другата група – тврди Мајсторот и го споменува и бизнисменот Трифун Костовски, за кого исто така додава дека е слободен масон.
(Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Диплома за Голем мајстор (Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)

Никако да се поврзе крај со крај на информациите што ги кажува. Скока од тема на тема и во еден миг се префрла на проектот „Скопје 2014“. Според него, и самите споменици кријат масонски кодови.
- Ајде малку размислете зошто се вика мостот „Око“, а не поинаку – истакнува Мајсторот.
(Фото: Телеграф.мк)
Според Мајсторот, триаголнестиот изглед на фонтаната отсликува масонски симбол (Фото: Телеграф.мк)
Откако си кажа какви „фаци“ во државата се неговите компањони од братството, проговори и за местото и за времето кога ги договараат „круцијалните“ државнички одлуки. Вели дека се сретнуваат исклучиво во петок навечер и средбите им траат долго во ноќта, речиси до утрото.
Се состануваат скришно во објект во скопската Стара чаршија. Иако отпрвин не сака да каже за кој простор се работи, веројатно во доверба, ја открива куќата каде што, наводно, се сретнуваат.
(Фото: Телеграф.мк)
Во куќата со распадната фасада и тараби, наводно, има тајни средби (Фото: Телеграф.мк)
Излегуваме од дуќанот и не одиме далеку. Патувањето до објектот е само три чекори, до куќа која е буквално залепена до неговата шапкарска работилница, на крајот од златарската уличка во чаршијата.
Возбудата од тоа дека ќе видиме тајно масонско скривалиште веднаш спласнува.Фасадата од куќата е распадната, тарабите се спуштени над излозите, прозорците затемнети и покриени со пајажина. На тоа што треба да биде врата поставен е катанец, кој почнал и да кородира од стоење. Над тарабите поставена е и табла, која чиниш во секој момент ќе падне. На неа со избледени букви пишува„Шивачка за женска облека – Веса“.
Ништо не укажува дека таму се одвиваат некакви таинствени средби, а уште помалку дека во таа „дупка“ се кројат државнички планови. Но, колку и да не е за верување, Мајсторот е упорен и тврди дека распаднатата фасада е само маска и дека вистинскиот влез е од страната на Безистенот, кој е во близина.
Според него, вистинските простории се под земја и таму никој нема право да влезе освен членовите на братството. Тврди и дека локацијата е посебно обележана, па покажува кон шахтите на калдрмата. Нагласува дека тие се поставени според кодови што само малкумина ги препознаваат и од почит дури и не гази врз нив. Покажува и кон фасадата од соседниот дуќан, златарница, а таму, пак, одвај забележливо се внесени релјефни стрелки кои упатуваат токму кон наводното тајно собиралиште.
(Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Старата скопска чаршија крие во себе бројни приказни и тајни (Фото: Тоше Огњанов/Телеграф.мк)
Го врти погледот и кон кубињата од џамиите, тврдејќи дека гледано од воздух, ако се повлече линија според нивниот распоред, таа ќе ве доведе повторно кај куќата со стара фасада.
Но, токму во мигот кога разговорот почна да заличува на ново сценарио за „Кодот на Да Винчи“, се појави муштерија кој се наведна кон Мајсторот и набрзина размени неколку збора со него. Јасно беше дека раскажувањето тука ќе престане.Мајсторот, во духот на неговата мистичност, пријателски подаде рака и ѝ се врати на својата шапкарска работа.
Средбата заврши како што и почна – неочекувано и мистично. Веројатно и некој друг мајстор, кујунџија, лимар, чантар или бербер, во себе носи интересна приказна, која чека на ист начин да биде раскажана. На читателите им останува да оценат дали ќе веруваат во неа или само ќе ја видат како уште една приказна за тајните на скопската Стара чаршија.

извор: www.telegraf.mk

Leia Mais…

Wednesday, September 18, 2013

Тажна легенда за како Тетово го добил своето име

Старите Тетовци раскажуваат дека градот го добил името во сеќавање на едно мало девојче кое се изгубило во шумата.

Едно девојче со својата тетка отишло на чешма да наполнат вода. Додека стомните се полнеле, А тетката се Грижела да не се скршат, Девојчето водено од детското љубопитство, се заиграло и навлегувало се Подлабоко во планината. Се стемнило, а од малото девојче ни трага ниту глас...Тамошните мештани почнале да го бараат девојчето низ шумата. Барале долго низ темницата кога наеднаш се слушнало, Тетооо Волк!!!
Девојчето викало на сиот глас, Барало помош! Тамошните мештани побрзале да го пронајдат девојчето но неуспале во намерата за да го пронајдат девојчето. Бидејќи од ехото се слушнало само Тето вооо...
Во чест на изгубеното девојче старите мештани тој крај го нарекле Тетово.

Leia Mais…

Wednesday, September 4, 2013

Од Вас за Вас: "Појави во ресторан?"

Ресторанот во кој работам е стар и со богата историја. Тука некогаш имало пожар. Во тој пожар загинало мало девојче. Многу вработени таму ми се имаат пожалено на чудни појави. Приказните која од која поинтересни. Некои дури тврдат и дека од подрумот се слушало пцуење од возрасна, машка особа. Еден од вработените тврди дека го чул пцуењето и го видел девојчето, облечено во бело фустанче, цела исцрнета како да излегла од запален објект... И тоа без да знае што се случило некогаш. Само раскажал што видел, останатите пребледеле и му ги раскажале приказните. Многу често се случува некој да се пожали дека кога го отворил ресторанот, имало запалени ламби и свеќи наоколу, иако оние кои си одат последни тврдат дека проверуваат сѐ пред да си заминат. Ми се случило и јас да стигнам прва и да затекнам запалени ламби и свеќи, меѓутоа не сум обрнала внимание многу на тоа. Чашата се прели откако еден ден ја затекнав уклучена пеглата за алишта, која горела цела ноќ... И збеснав! Едноставно ме изиритира толкава неодговорност. Лично разговарав со луѓето кои го затвараат ресторанот доцна навечер и упорно тврдат дека проверуваат насекаде, а и самите вработени тврдат дека нема шанси да не ја изгасат пеглата после секое користење. 



Што се случило вчера - не знам, битно едната чистачка си заминала во некоја чудна состојба. Не сака да зборува ни што видела, ни како... Стигнала, почнала да чисти и по некое време избезумена му се јавила на еден од куварите(кој бил на смена тој ден) и го замолила да дојде што побрзо. Овој ја начекал бледа и испаничена, а малава инсистирала да ја заврши смената во присуство на нејзиниот дечко. Девојката повеќе не работи таму... 
Дури и криво ми паѓа затоа што пред некој ден ги зезав баш таа девојка и готвачот дека сум чула детски плач од местото каде што беа тие (ресторанот е на делови, исто и кујната). 

Како и да е, денес на смена јас и готвачот, си работиме... И слушнавме тропање. Луѓе, течниот сапун што стоеше на чешмата беше оддалечен од неа цели две метра! Буквално како некој налутено да го удрил. Значи ниту јас, ниту тој не бевме во близина на чешмата. Ниту имаше провев, а дури и да имаше, шишето беше полно. Немаше шанси да е од ветер. Чешмата тој ден ја немавме допрено, значи не беше искористена, па сапунот да се лизнал од влагата... 
Доаѓа газдата и му викам насмеана дека ресторанот може слободно да биде туристичка атракција, му треба само мала реклама. Човекот се заозбили и праша што се случило овој пат. 



Пренел: Анонимна

Leia Mais…

Од Вас за Вас: "Случувањата на Muranyi"

Имено,еднаш пишував за една случка која ми се случи пред точно 6 години,кога имав непријатно искуство со звуци од дишење-експирации во мојата соба,поточно до мојот кревет.Истите не можев на ниеден логичен начин да си ги објаснам.Првата моја логична претпоставка беше дека можеби го губам разумот,но истите звуци кои доаѓале од мојата соба ги слушала и сестра ми.Штотуку открив дека не сум единствениот на кој му се има ова случено,на нетовима можеби стотици вакви дешавки и као сите немаат поима што може да биде.Буквално истите дешавки насекаде,време на случување после 3 часот,двапати во рок од месец дена.Како да се работи за клише.Се прашувам што би можело да биде?Дали некој од вас имал искуство со овој феномен?

Ај дишењето,туку истиот период,летото пред 6 години,моите беа на одмор а јас бев сам дома.Дента кога ми се случи дешавката за која пишувам,дојде баба ми и ми спреми ручек и си замина со зборовите,ги паметам и ден денес-Сине,имаш ручек,батачиња ти спремив,на шпорет ти се,земи и јади,немој да не си ручал.Тоа беше околу 3 часот попладне и си замина,а после саат време дојде девојка ми и јадевме во некое кафанче.Се вративме дома,седевме некои си 3-4 часа и вечерта излеговме во 12 у дискач.Диското помина и тргнавме накај дома и гладни нормално,почнавме разговор околу тоа каде би јаделе,што би јаделе,па дали до фурна Чаир или на гиро или штотијазнам и пази го моментов-јас,кој сум мрзелив,кој ќе умрам од глад ако некој нешто не ми спреми зашто јас нема шанси да го направам тоа и велам на девојката:Абе ај што ќе јадеме глупости,башка и уморни сме,имам дома батачиња што спремаше баба ми,ќе јадеме тоа.И ок падна договор,стигнавме пред врата кај мене дома,ја отворам клучалката и прво што осетив беше миризба на скара во мојот стан.Беше околу 3.часот по полноќ,т.е. 3 и нешто(и ова имало некоја врска во овие вакви појави,не е случајно тоа време).Се погледнавме со девојка ми и одиме накај кујна,од каде доаѓаше мирисот и ринглата каде стоеше тенџерето со батаците беше вклучена на максимум,а батаците си се крчкаа како да беа пуштени пред 5 мин(остајте вие батаци во масло на максимум пуштена рингла и видете што ќе се случи за еден час,а не за три часа колку што бев излезен од дома-во случај да си помислите дека сум ја заборавил ринглата вклучена пред да излезам,јас шпоретот дента воопшто не го ни користев).Си признавам,се уплашив најмногу што можам,ја исклучив ринглата и таа вечер спиев во кола на паркингот кај Александар Палас:(

После тоа мајка ми палеше во собата темјан,околу две недели и сите паранормални појави ги снема.Дури и чудно ми е како човек е во состојба да ги голтне свесно,т.е.игнорира такви запрепастувачки феномени и да си продужи со животот и да остане нормален.Но,кога и да се сетам на тоа ме полазуваат морници и не би сакал повторно да ми се случи.

Ај сега некој од форумов нека ми одговори дали слушал експирации во собата и за што би можело да се работи.


Пренел: Muranyi (Кајгана Форум)

Leia Mais…

Sunday, August 11, 2013

НЛО во Делчево (Видео)

Конечно заврши летната пауза, па можеме да се вратиме со нови постови. :)
Овој пат идеме во Делчево каде што Никола вчера вечер (10.08.2013) успеал да сними НЛО.


Leia Mais…

Wednesday, July 10, 2013

Сребрената вода во Битола

Народот ја смета оваа вода за мошне лековита, вода која извира меѓу селата Букоо и Крстоор.


Leia Mais…

Thursday, June 13, 2013

Пирамиди на Водно или измислица?

Лутајќи по фејсбук, налетав на една интересна страна која апсолутно треба да се најде на овој блог, без разлика дали е вистина или не.

Во продолжение следат најважни слики, но и оригиналниот линк од страната.

Координати:
41°58'50.85"N 21°23'7.04"E








На подножјето на пирамидата




Оваа несекојдневна појава дефинитивно ми го привлече вниманието, па ќе истражам нешто повеќе, без разлика дали ќе успеам или не.







Leia Mais…

Monday, June 10, 2013

Пренесувате: Случувањето во Прилепската куќа

Ова му се случило на вујко ми кога бил мал, сега он има 55 години!
Значи вака: кога бил средно (матурант) седел во Прилеп во куќата на од мајка му прв братучед, иначе тој бил од село пошо во селото немало средно училиште он морал да престојува во Прилеп оти таму му било школото!
Секоја вечер кога си легнувал и ја гасел сијалицата за да спие во собата на креветот скокнувало нешто и му идело право на нозете, детето многу се плашело... значи ова се повторувало повеќе време. Баби ми, значи мајка му, не му верувала ај си рекла да дојди да провери... ја изгасила сијалицата и седнала на креветот... штом се изгасило светлото веднаш и на неа и скокнало во скут нешто со големина на мачка.
После тоа не знам што правеле... кога ќе прашам ми: "вели ај доста со тоа не е важно"...


Пренел: Flikson

Leia Mais…

Sunday, June 9, 2013

Непознатите карпи

Огромен, бизарен и речиси непознат на туристите карпест масив ,се наоѓа крај бугарско-македонската граница, на 25 километри над градот Симитли 
Коматинските карпи се спакувани во легенди и мистерии а во  нив се зборува најчесто за војводи, копачи, мистериозна пештера, а повеќето вистински се ловечките подвизи во реонот на претседателот Георги Прванов. Тој доаѓаше тука често, за да  го оствари својот сон- волк ловечки трофеј,и  неслучајно при неговата посета во Симитли пред три години локалниот сликар Николај Кашев му подари својот слика на Коматинските карпи.karoa vjuv
Скалестиот комплекс, кој е геолошки феномен се наоѓа помеѓу селата Брестово и Сухострел, општина Симитли. Во последното село струјата е непознато, едноставно затоа што никогаш не ја имало. Ниту по комунистичко време, во демократијата, пак, ептен.
Локацијата е позната на малкумина, најмногу поради граничната зона дозволен пристап само со граничен лист , и неразвиената патна мрежа за денешно време. Пред години нанзад имаше проект за пат Симитли-Пехчево во Македонија. Но како и секој прекуграничен проект, поврзан со Македонија и тој остана во заборав. Само карпите ги има и вечно ќе ги има. Или како што велат локалните возрасни луѓе: "се роди Калин беа тука, ние ќе си одиме, но тие ќе останат, вечни се".
karpa1

Постојат две опции да се дојде до Коматинските карпи, кои локалните жители го нарекуваат Коматиница. Од Симитли покрај депонијата до селото Тросково води кривулестиот по наклонот асфалтен пат. Тој мораше да води и до остатокот на хартија граничниот Симитли-Пехчево. Асфалтот завршува кај Градското собрание во Тросково. Од таму по правливиот пат по 7-8 километри се достигнува до Брестово, крај што штрчат карпите.
Друга опција е асфалтиран пат Симитли-поле-Сушица. Од последното село асфалтот продолжува во м Гиургиу до продавница во јужниот дел на селото Брестово. Од таму до карпите води правливиот пат по самото било прооден за џипови стари соцавтомобили. Такви какви што не вреди да пазиш од калта и камењата на патот.

По 2 км. пред погледот се открива еден неверојатен карпест масив кој ви зема здив  и ве  поразува една големина и чистина.
Коматинските карпи се делат на три целини. Најмногу импресивен е југозападниот, па висечки над првите куќи на Сухострел. Некои од карпите на различни скаменети фигури  е најимпресивен дел од карпестиот масив нешто како огромна уста на праисториско животно.
komatinska1
Досам реката има карпи фигури впечатлива слични на  бремената божица Мајка од паганските времиња со огромни гради. Во соседството пак  се наоѓа едно дренови дрво, минувајќи низ него  жени без деца забременуваат. Славата негова одамна е разнесе низ целата земја дека и соседните Грција и Македонија се редат и велат дека "системот" работи. Стисни се во гранките  во врвот на  две дренови стеблото и жените добиваат деца. Според верувањето, за да се случи ова, на дренка се останува облека носена од Рахиме жена.
komatinska
Во реката десно од Коматинските карпи се наоѓа Тросковскиот манастир "Свети Архангел Михаил". Според легендите во него ќе падне Свети Иван Рилски и ѓакон на слободата Васил Левски.
Откај  Симитли доаѓа правливив пат,а  југоисточниот дел на карпестиот масив е мазен како ѕид. Пред 7 години градоначалникот на Симитли Апостол Апостолов речиси беше дал согласност на ѕидот да бидат прикажани ликовите на бугарските претседатели Жельо Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов. Но идејата Коматиница да стане бугарскиот Рашмор пропадна. Како  и патот за Македонија.Останаа само монтажитеprezidenti

Сега над Коматиница се вијат орли, и разговор-постава доаѓаат група туристи. На Коматинските карпи тренираат и алпинисти од регионот.
karpa zid
И толку, само некој земјотрес, еднаш на 100 години, како овој од април 1904-та  ги раздрусва карпите, од врвовите се откажува некој камен како куќа и тој паѓа како грмотевицата подолу.
А врз фасадата на продавница се вејат прокосаните од сонцето, ветровите и бурите бугарски трибагреник и овој на Европската унија. Чешма крај продавницата одамна не тече, локалните луѓе кои се  поретко и од орлите, пасат добиток и само ветрот свири во непристапна врвовите на Коматиница. Да,само таа е вечна! / БГНЕС
Софија / Бугарија

lokalno.mk

Leia Mais…

Wednesday, May 22, 2013

Вампири во Поречје и Кичевско (мотика)

Еве го оригиналниот текст:
КЛИК ТУКА

Leia Mais…

Wednesday, May 15, 2013

Сектата Црна Ружа во Македонија (think.mk)

Еве го целиот текст и оригиналниот линк од think.mk.

ЦРНА РУЖА ВО МАКЕДОНИЈА

Leia Mais…

Monday, May 6, 2013

Бонакон - митско суштество од источна Македонија


[IMG]

Бонакон е митско суштество за кое се верувало дека живеело во Пајонија (денешна источна Македонија). Познато е по неговиот одбранбен механизам што било исфрлање на измет на огромно растојание кое горело се што ќе допре!

За бонаконот пишува римскиот филозоф Плиниј Постариот, кој живеел во првиот век; во своето дело „Природознание“ (овде може да ја најдете на латински и на англиски). 


Наводно, овој опис е преземен од Аристотеловата „Историја на животните“ и е малку преправен. Аристотел пишувал дека животното исфрла измет на растојание од четири стапки, и дека е толку отровен што на кучињата им паѓало крзното од него.
Ова е англиски превод на „Историја на животните“, но јас не успеав да најдам податоци за чудово во него. Прашање е колку е зачувано и изменето од оригиналот, но кој сака нека повели.

Овој запис за бонаконот, подоцна во средновековието, е преземен од многу автори во повеќе дела, а често бил и сликовито претставуван во разни бестиари

Во „Природознание“, покрај многубројните информации за живата и неживата природа, имало запишано и многу неточни и непроверени информации за митски суштества кои тогашните луѓе верувале дека навистина постојат. На пример, опишани се птицата феникслуѓе со кучешки глави,луѓе со само една нога, и слично. Знаењето за многу од овие митски суштества биле пренесено во средновековието, па и надоградено со фантазијата на авторите. Така, за бонаконот подоцна се мислело дека, покрај од задниот отвор, можел да исфрла оган и од устата, како змеј!

Се претпоставува дека бонаконот всушност претставува само едно извртено сеќавање за вид на бизон што живеел некогаш на овие простори. Европскиот бизон постоел во Североисточна Европа се до XX-ти век, но во каменото доба бил распространет низ скоро цела Европа. Веројатно средбите на луѓето со ова моќно животно останале во колективното сеќавање, но сепак оваа слика се изменила со тек на време, давајќи му примат „митско“ на ова суштество.

Следува галерија од различни претстави на бонакон од средновековието:


[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

Leia Mais…

НЛО над Косовска Митровица

Блиску


Leia Mais…

Куќата во Битола (мапа)

Во Битола има стара еврејска куќа за која велат дека е опседната од дух на мало детенце. Имам пишувано за ова во една друга тема ама ајде и овде да раскажам.
Како што кажав,се работи за еврејска фамилија (имало тука цела населба пред војната,сега нема ниедна фамилија колку што знам) и кога дошле бугарите ги депортирале сите освен едно мало дете кое се скрило во куќата. Изгледа некој им кажал пошто тие се вратиле и го убиле. Куќата долго време седела празна се до 70тите кога некој решил да ја купи ама веднаш по вселувањето почнал да му се појавува духот на детето. Човекот немал појма која фамилија живеела пред него ниту пак за детето. Неколку пати викал попови да ја крстат куќата ама џабе и на крајот некоја бајачка му рекла секоја вечер да пали кандило пред икона од некој светец. Не знам што бидна со човекот ни дали од тогаш некој го има видено духот,ама имам неколку пати поминато на вечер пред куќата и навистина има запалено кандило пред икона (од оние електрични што се со сијаличка) се гледа преку прозорци
Куќата се наоѓа во уличка позади дрвен пазар во Битола за тие што сакаат да поминат на вечер и сами да се уверат. Куќата се разликува,само таа е стара трошна куќа и претпоставувам некој од комшиите го пали кандилото пошто куќата е празна а тоа секоја вечер



МАПА

Leia Mais…

Симптоми на опсесивно-компулсивно растројство

Вистински настани, тазе или минато, сеедно.

1. Ми се случувале некој ептен чудни работи, еве како на пример ќе се случи нешто ВИСТИНСКО и јас имам чуство дека тоа се случило истото и порано, ова не ми се случува еднаш туку повеќе пати. Пр: Некое случување ќе се случи, и јас откога ќе заврши тоа и ќе се задлабочам како да ми се повторува нешто...
2. Пред 3,4 години јас убеден бев дека некој ќе ме киднапира кога се враќав накај дома. Што е најинтересно се враќав во 7 саатот, не беше ни стемнето. А јас толку бев сигурен дека некој ќе ме киднапира, секоја кола што поминуваше мислев дека во неа се киднапери и секој човек ми беше крајно сумљив, трчав накај дома како луд, ептен беше страшно...
3. Ова ми се нема случено многу пати, ама ми се случува бар еднаш годишно, кога си легнувам упорно слушам некој звуци како некој да чекори кон мојата врата во соба, ептен е морничаво, еднаш дури и станав да проверам што е(можете да ме замислите хехе) и немаше ништо, но кога се вратив и легнав пак слушав звуци како некој чекори кон мојата соба.
4. Ова е најинтересно ми се има случено еднаш (фала богу), ако за се можам нешто да најдам објаснување за ова стварно неможам. Бев многу мал станувам рано и легнував рано. И едно утро станав во 8 и 15, отидов во кујна да земам нешто за лапачка и кога гледам саатот е 10 и 10. Ова немаше да биде чудно, и јас немаше да одадам важност ако не се јавив на мајка ми во 8 и 15, значи имам зачувано во повици дека толку бил часот.

И со вакви работи не се зафркавајте. Појдете на психијатар, не дека ве навредувам или сте луди, туку навистина ви треба помош.

Пренел: Филип.

Leia Mais…