Форумот ќе биде бесплатен(Free Hosted), на Македонски јазик. Преводи би можело да има, но подоцна. Ни треба само наше мислење...
Гласајте слободно овде:
КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОВ ЗА ГЛАСАЊЕ
http://www.acepolls.com/polls/1239094
Monday, December 19, 2011
Дали сакате Бесплатен Форум? (Гласањето трае сеуште)
Saturday, December 17, 2011
Пештерни Цркви во Македонија
Пештерни цркви во Македонија Пештерните цркви, кои се јавуваат во 9. век или порано, а чии живописи се главно датирани во 13. и 14. век, се тесно поврзани со христијанското учење - исихазм. Тоа дава печат и на целокупниот некогашен живот во Македонија. Тука, во разни пештери, се појавиле многу пустинаци кои се занимавале со мистика, чудотворство и пророкување. Особено околу Охридското Езеро, Тиквешко езеро, реката Бабуна, Кумановко - Кратовски крај , никнувале црквички - пештери во кои живееле и дејствувале исихастите. Да споменеме неколку од нив: новооткриената пештерна црква Св. Никола кај кампот Љубаништа, стотина метри северно од с. Трпејца, на една карпа се наоѓа фреска со ликот на Св. Никола; во туристичкиот камп Градиште во карпа се наоѓаат остатоци од монашко живеалиште; стотина метри северно од него се наоѓа пештерната црква Богородица Пештанска; над синдикалното одморалиште “Орце Николов” се наоѓа пештерната црква Св. Стефан; само стотина метри западно од оваа црква се гледаат во една карпа остатоци од живопис; пештерната црква посветена на Воведение Богородичино, во карпите под црквата Св. Јован Богослов - Канео во Охрид, на плажата Лабино во една мала пештера каде што извира извор, се наоѓаат остатоци од живопис; северно од неа,на околу двесте метри, во една длабнатина, луѓето одвреме навреме палат свеќи и според искажувањето на постарите рибари од Канео, кога ќе оделе на риболов велеле дека одат да ги фрлат мрежите кај Св. Спас; на почетокот на плажата Грашница има поголема пештера, до неодамна со остатоци од живопис; западно од Охрид, на околу два километри се наоѓа пештерната црква Св. Еразмо; само стотина метри на запад од неа се наоѓа едно монашко живеалиште во внатрешноста со исцртан крст; пештерната црква Успение на Богородица во Калишта; на стотина метри јужно од неа се наоѓа пештерната црква Св. Атанасие; потоа Св. Архангел Михаил кај с. Радожда и др. |
Венера од Скупи (не е мистерија)
Статуа на божицата Венера од 3 век, со огромна вредност, пронајдоа завчера археолозите кои работат на ископувањата на локалитетот Скупи, кај скопско Злокуќани. Статуата е во природна величина (висока 170 сантиметри) и според обработката станува збор за оригинал, нејзината вредност е иста со експонатите во музејот „Лувр“ во Париз. Сега таа е пренесена за конзервација, а потоа ќе биде изложена во Музејот на град Скопје. Римската божица на љубовта Срамежливата Венера или Венера Пудика е во природна големина, со голо тело, а со рацете го крие срамниот дел. Според префинето измазнетиот мермер, сигурно е работена во професионален центар во кој работеле врвни вајари. Вредниот наод е откриен при ископувањата на доцноантичкиот хоризонт кога се откриени два објекта: ранохристијанска базилика и бања која може да биде дел од резиденцијален објект. Токму во бањата е откриена статуата на божицата Венера, која на левата нога има изгравиран делфин, кој го има Срамежливата Венера, кога излегува од вода. Најчесто била поставувана во бањи и во простории со базени. Делфинот на ногата, изработката и материјалот на скулптурата укажуваат на тоа дека Скупи од 1 до 7 век бил град од највисок ранг. Само богати градови може да си дозволат таков луксуз да имаат вака изработена Венера.
Археолозите велат дека скулптурата пронајдена во Скупи е единствена скулптура најдена на локалитетите во Македонија што има сочувана глава, односно е во одлична состојба. Скулптура на божицата Венера е најдена и во Стоби, но без глава и сега е во витрините во музеј во Белград. Божицата Венера била инспирација на многу уметници, како на пример Ботичели (15 век) кој е автор на делото „Раѓањето на Венера“, на Тицијан кој ја нацрта „Венера со огледало“ и други. Градот Скупи е од крајот на 1 век пред нашата ера. Создаден е од воени ветерани по потекло од Италија и од Шпанија кои 25 години биле во римските легии. На локалитетот Скупи во досегашните ископувања откриени се 23.000 предмети. Истражувањата годинава почнаа во март и ќе завршат до крајот на месецот.
Позлатената мермерна глава во Стоби
Според првичните податоци, археолозите може само да потврдат дека скулптурата била изработена во 2 в, од бел, ситнозрнест мермер. Ликот и косата се прецизно изделкани и измазнети. Делови од образот, усните и носот се црни, веројатно од пожарот во античко време, што бил предизвикан кога била скршена скулптурата. Тогаш веројатно изгорел целиот Форум.
Бидејќи засега не се пронајдени други елементи од скулптурата, археолозите немаат атрибути според кои би можеле да оценат кому му била посветена. Откако била изработена, била премачкана со црвена боја и целата била облепена со тенки листови од злато. Ако загледате повнимателно, ќе ги видите убаво нацртаните веѓи. Истражувачите очекуваат во земјата да пронајдат уште делови од скулптурата, бидејќи се' уште не е детаљно истражен просторот од каде што излегла глава.
Плодната почва во Римскиот форум деновиве дала уште два ексклузивни предмета, пронајдени независно од главата - позлатена мермерна рака, која држи нешто во дланката и позлатен мермерен кантарос (чаша со две рачки од која се пиело вино). Истражувајќи го објектот, археолозите пронајдоа големи камени плочи наредени на подот, на нив биле поставени греди на кои се потпирал внатрешниот трем на Форумот. Така, граѓаните можеле да шетаат и во засведен дел од објектот, на чии ѕидови имало ниши украсени со скулптури. Форумот е еден од најрепрезентативните и најдобро зачувани објекти од римскиот период во регионот. Истражувањата траат веќе три години и досега покажаа дека Форумот, градба од 2-3 в, имал монументален отворен влез, составен од три столба високи 7 метри, на врвот споени со аркади. Форумот бил широк 23 м, долг 35 м. Ѕидовите на објектот се зачувани до 5,5 м. во височина. Според археолозите, изградбата на Форумот веројатно почнала кон крајот на 1 в, кога градот доживеал голем економски подем. Кон крајот на 3 в. заедно со другите објекти во градот бил опожарен, а скулптурите насилно искршени. Археолошки, уништувањето на објектот се врзува со наездата на Готите во 268 и во 269 г. Потоа објектот бил напуштен, а кон крајот на 4 в. врз него бил подигнат внатрешниот градски бедем.
АРМАКЕДОН и неговото значење
Македонија.. Света Земја..
Сигурно многу од вас слушнале за Армакедон (местото на кое треба да се одржи последната битка меѓу Господ и ѓаволот). Така е запишано во Библијата поточно во Откровението на Св. Јован.
Црквата вели дека тоа е полето Армакедон во Ерусалим. Меѓутоа, ако земеме во предвид дека историјата ја пишуваат победниците, а најголемиот победник до ден денес е црквата ќе дојдеме до заклучок дека постои можност сето ова да е само измислица. А причината за тоа е нормално црквата да ја одбрани својата догма и на луѓето да им го наметне нејзиното мислење и да си ја сврти работата во нејзина корист.
Наспроти ова, ако убаво го разгледаме и протолкуваме зборот АРМАКЕДОН и земеме во предвид дека нашите предци за терминот "земја" го користеле зборот "АР" ни станува јасно за што всушност станува збор.. АР МАКЕДОН т.е Земјата Македонија.. местото каде што треба да се одрши последната битка помеѓу Бог и ѓаволот..
Освен тоа, не е за ѓабе запишано уште од минатото.. Македонија, света земја.. :)
Бидете горди што сте Македонци, затоа што сте благословени меѓу народите.. :)
Ѓаволски Ѕид x2
Убавините на Република Македонија не можат да се набројат набрзина и да се опишат со леснотија.
Макеонски Масони?
- ГРБОТ НА ГОЛЕМАТА ЛОЖА НА МАКЕДОНИЈА
- ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ – РЕГАЛИЈА
- ГАЛЕРИЈА НА СЛИКИ – ЛОЖА
- ЗА МАСОНИТЕ - ШТО Е СЛОБОДНО ЅИДАРСТВО?
- ЗА МАСОНИТЕ - ЗАШТО ЛУЃЕТО ПРИСТАПУВААТ?
- ЗА МАСОНИТЕ - КАКВИ ВЕТУВАЊА СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ ДАВААТ?
- ЗА МАСОНИТЕ - КОЈ МОЖЕ ДА ПРИСТАПИ?
- ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ СЛОБОДНОТО ЅИДАРСТВО Е РЕЛИГИЈА?
- ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ СЛОБОДНИТЕ ЅИДАРИ СЕ ТАЈНО ДРУШТВО?
- ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ МАСОНИТЕ СЕ ВМЕШАНИ ВО ПОЛИТИКАТА?
- ЗА МАСОНИТЕ - ДАЛИ МАСОНИТЕ СЕ ВМЕШАНИ ВО ОПШТЕСТВОТО?
- ЛОЖА СКОПЈЕ ... ЛОЖА СКОПЈЕ - ФОРМИРАНА НА 02 ОКТОМВРИ 6000 ГНС; 2000 ЛГ 23 ОСНОВАЧИ- ЛОЖА ЕДИНСТВО ... ЛОЖА ЕДИНСТВО - ФОРМИРАНА НА 08 ФЕБРУАРИ 6002 ГНС; 2002 ЛГ 24 ОСНОВАЧИ
- ЛОЖА БЕЛИ МУГРИ ... ЛОЖА БЕЛИ МУГРИ - ФОРМИРАНА НА 20 ЈУНИ 6003 ГНС; 2003 ЛГ 23 ОСНОВАЧИ
- ЛОЖА УТРИНСКА ЅВЕЗДА ... ЛОЖА УТРИНСКА ЅВЕЗДА БР.4 - ФОРМИРАНА НА 05 ФЕБРУАРИ 6007 ГНС; 2007 ЛГ 12 ОСНОВАЧИ
- СПИСОК НА ГОЛЕМИ ЛОЖИ КОИ ЈА ПРИЗНАЛЕ ГЛМ