Wednesday, September 4, 2013

Од Вас за Вас: "Појави во ресторан?"

Ресторанот во кој работам е стар и со богата историја. Тука некогаш имало пожар. Во тој пожар загинало мало девојче. Многу вработени таму ми се имаат пожалено на чудни појави. Приказните која од која поинтересни. Некои дури тврдат и дека од подрумот се слушало пцуење од возрасна, машка особа. Еден од вработените тврди дека го чул пцуењето и го видел девојчето, облечено во бело фустанче, цела исцрнета како да излегла од запален објект... И тоа без да знае што се случило некогаш. Само раскажал што видел, останатите пребледеле и му ги раскажале приказните. Многу често се случува некој да се пожали дека кога го отворил ресторанот, имало запалени ламби и свеќи наоколу, иако оние кои си одат последни тврдат дека проверуваат сѐ пред да си заминат. Ми се случило и јас да стигнам прва и да затекнам запалени ламби и свеќи, меѓутоа не сум обрнала внимание многу на тоа. Чашата се прели откако еден ден ја затекнав уклучена пеглата за алишта, која горела цела ноќ... И збеснав! Едноставно ме изиритира толкава неодговорност. Лично разговарав со луѓето кои го затвараат ресторанот доцна навечер и упорно тврдат дека проверуваат насекаде, а и самите вработени тврдат дека нема шанси да не ја изгасат пеглата после секое користење. 



Што се случило вчера - не знам, битно едната чистачка си заминала во некоја чудна состојба. Не сака да зборува ни што видела, ни како... Стигнала, почнала да чисти и по некое време избезумена му се јавила на еден од куварите(кој бил на смена тој ден) и го замолила да дојде што побрзо. Овој ја начекал бледа и испаничена, а малава инсистирала да ја заврши смената во присуство на нејзиниот дечко. Девојката повеќе не работи таму... 
Дури и криво ми паѓа затоа што пред некој ден ги зезав баш таа девојка и готвачот дека сум чула детски плач од местото каде што беа тие (ресторанот е на делови, исто и кујната). 

Како и да е, денес на смена јас и готвачот, си работиме... И слушнавме тропање. Луѓе, течниот сапун што стоеше на чешмата беше оддалечен од неа цели две метра! Буквално како некој налутено да го удрил. Значи ниту јас, ниту тој не бевме во близина на чешмата. Ниту имаше провев, а дури и да имаше, шишето беше полно. Немаше шанси да е од ветер. Чешмата тој ден ја немавме допрено, значи не беше искористена, па сапунот да се лизнал од влагата... 
Доаѓа газдата и му викам насмеана дека ресторанот може слободно да биде туристичка атракција, му треба само мала реклама. Човекот се заозбили и праша што се случило овој пат. 



Пренел: Анонимна

0 comments:

Post a Comment

Коментар?