Monday, May 6, 2013

Бонакон - митско суштество од источна Македонија


[IMG]

Бонакон е митско суштество за кое се верувало дека живеело во Пајонија (денешна источна Македонија). Познато е по неговиот одбранбен механизам што било исфрлање на измет на огромно растојание кое горело се што ќе допре!

За бонаконот пишува римскиот филозоф Плиниј Постариот, кој живеел во првиот век; во своето дело „Природознание“ (овде може да ја најдете на латински и на англиски). 


Наводно, овој опис е преземен од Аристотеловата „Историја на животните“ и е малку преправен. Аристотел пишувал дека животното исфрла измет на растојание од четири стапки, и дека е толку отровен што на кучињата им паѓало крзното од него.
Ова е англиски превод на „Историја на животните“, но јас не успеав да најдам податоци за чудово во него. Прашање е колку е зачувано и изменето од оригиналот, но кој сака нека повели.

Овој запис за бонаконот, подоцна во средновековието, е преземен од многу автори во повеќе дела, а често бил и сликовито претставуван во разни бестиари

Во „Природознание“, покрај многубројните информации за живата и неживата природа, имало запишано и многу неточни и непроверени информации за митски суштества кои тогашните луѓе верувале дека навистина постојат. На пример, опишани се птицата феникслуѓе со кучешки глави,луѓе со само една нога, и слично. Знаењето за многу од овие митски суштества биле пренесено во средновековието, па и надоградено со фантазијата на авторите. Така, за бонаконот подоцна се мислело дека, покрај од задниот отвор, можел да исфрла оган и од устата, како змеј!

Се претпоставува дека бонаконот всушност претставува само едно извртено сеќавање за вид на бизон што живеел некогаш на овие простори. Европскиот бизон постоел во Североисточна Европа се до XX-ти век, но во каменото доба бил распространет низ скоро цела Европа. Веројатно средбите на луѓето со ова моќно животно останале во колективното сеќавање, но сепак оваа слика се изменила со тек на време, давајќи му примат „митско“ на ова суштество.

Следува галерија од различни претстави на бонакон од средновековието:


[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

[IMG]

0 comments:

Post a Comment

Коментар?