Leia Mais…
Saturday, December 7, 2013
Thursday, December 5, 2013
Излевањето на Вардар и старата Учителска школа (слика)
Нешто повеќе за Учителската школа од википедија:
Хафиз Мехмед-паша (турски:Hafiz Mehmed Paşa), роден во Багдад, доаѓа 1820 во Скопје за скопски валија. Помеѓу другото неговото внимание го посветува на образованието па почнува со градба на средното училиште „Идадија“ во близина на градскиот парк, кој е исто така негово дело, во тоа време познат под името „ислахански парк“.
Во средното осмогодишно училиште можеле да учат сите деца и од сите вероисповеди, учејки во дневно или вечерно училиште.
Набрзо потоа се трансвормира во гимназија а во 1898 во Учителска школа. Во неа се создава кадар за потребите на образованието - учители така што во учебната 1913/1914 година завршиле 287 ученици.
Во 1935 Учителската школа е поплавенa од излевањето на Вардар. Kако спомен на таа непогода на едниот столб од порталот е издлабена годината и водостојот која го зафатила.
На 3 ноември 1944 во селото Горно Врановци, е донесена одлука за основање на Школата за народни учители во Скопје.
Школата за народни учители во Скопје официjално започнува со работа на 1 март 1945 година, со 13 наставници и 314 ученици во 9 паралелки.
Третиот кат бил интернат за женските ученици, со болнички стационар, a машките биле сместени во објектите во дворот на истата.
Подоцна од Учителска школа се преименува во Учителска школа „Никола Карев“ – Скопје.
По втор пат во 1962 година реката Вардар го поплавува училиштето, а веке следната година по катастрофалниот земјотрес во 1963 година се урива зградата, оставајќи го само влезниот портал од Учителската школа, како нем споменик.
Во 2006 Општина Центар започна со иницијатива порталот од Учителската школа да претставува симболичен влез во новата општинска зграда, спечувајќи го така неговото пропаѓање од забот на времето.
Leia Mais…
Wednesday, December 4, 2013
Село Локов, месност Закамен - епицентар на скриено богатство или не?
Денес, на тапет ќе ви оставиме три скоро исти приказни од три различни персони.
Маријанела:
Ми има мајка ми раскажувано за селото Локов-Струшко за месноста Закамен. Таму има и ден денес закопано злато-макар што сега како што нема траги од месноста потешко е и да се најде ама порано било полесно па така некој човек од селото што точно знаел каде се наоѓа го откопал златото но подоцна целата фамилија му изумрела бидејќи тоа злато било проколнато па затоа како што кажуваат старите подобро да стои таму закопано.
Hip.Hop_MKD:
Приказнава ја знам од баба ми:
В' Струга, пред празник Преображение секоја година се гледал сноп како запалено сено од над Езерото, па над градот и идел накај Караорман во Село Локов. Демек тоа било не знам кој светец и на секоја година на таа дата идел во црква. Баба ми ми рече дека сестра и нејзина од градот го видела, а и она самата од таму како се движело.
Мојата теорија падна на тоа дека се работи за поголемо небесно тело ( комета или метеорит ) кој имал своја орбита по која се движел и се служувало секоја година тоа време да се поклопи со празникот.
Анонимен:
Јас водам потекло од С.Локов и можам да потврдам за ова.Од месноста Закамен има многу малце урнатини кој ги имам видено и одено со постари луѓе таму.И секако,злато има но е проколнато.Многу пати и еден наш пријател се обиде да дојде до злато но се одкажа поради кажувањето на постарите селани кој го молеа да не чепка таму.Денес од Закамен е многу тешко да се најде,обраснато со трева,дрвја и изгубени се многу траги кој водеа таму.Село Локов ми остана едно од најубавите села и полно со мистерии.Од црквата во која несмеат да влегуваат жени поради иконата до златото од месноста Закамен.
За било каков контакт, вест, договор, обратете се тука: misterijamk1@gmail.com Leia Mais…
Monday, December 2, 2013
Tuesday, November 26, 2013
Гласајте за МистеријаМК за најдобар блог и најиновативен сајт
Оваа година, номинирани сме за најдобар блог и најиновативен сајт. Без форсирања и бламажи, некој ако смета дека блогов е достоен да ја земе наградата за Најдобар Блог и Најиновативен Сајт, слободно нека гласа. Сигурно нема да изгубиме ние ништо, па ни вие.
Friday, November 22, 2013
Од вас за вас: Црвена светлина на небото
Јас сакам да го споделам моето искуство со нло,ова се случи пред околу два месеци.Седев во соба на компјутерот,а прозорот беше отворен.Бидејќи живеам високо на 12 кат одеднаш мајка ми ја слушнав како рече демек што е она што свети толку силно надвор,не е ѕвезда.Јас љубопитен г'з набрзина се кутнав на прозорот и кога видов голема светлечка топка како лебди негде кај воена болница и светеше жар црвено.Си викам еј да си ибеш векот што може да е она.Прво што направив беше да пробам да си ја само-објаснам оваа појава.Си викам,авион не е,хеликоптер не е,сателит не е затоа што топката беше на многу ниско растојание,метеролошки балон никако затоа што беше преголемо,значи си викам ова мора да е нло.Во меѓувреме го извадив мојот чкарт алкател земен на нула денари при-пејд и си викам леле готово се збогатив,Латас ќе ме искешира.Палам камерата кога единствената снимка што ја направив беше фамозната црна боја со 0.5 мегапиксели камера.Си викам пу да ти ибам камерата сега ми преостанува само да набљудувам.Наеднаш црвената жар топка почна да се движи со огромна брзина лево-десно и да се гасне и пак да се пали.Кога го видов тоа сфатив дека тоа што го гледам не е од оваа планета т.е не е направено со човечка рака.Наеднаш светлечката топка стоејќи во место како се палеше и гасеше исчезна негде накај 12 саатот по полноќ,а се тоа се случуваше 5 минути.Си реков толку од сеирите и седнав на компјутерот по брза постапка да известам дека маалото ми го нападнале свемирци.Така скролајќи со маусот на фејсбук наидов на една статија дека истата топка е забележана негде околу 9 саатот по ручек.Така праејќи си филмови со моите дома и гледајќи низ прозорецот цело време љубопитно одеднаш ко на филм ја гледам истата топка како се враќа од пределот накај Шар планина и повторно дојде на истото место.Целиот возбуден за подобар поглед летнав накај терасата да го доживеам тоа чуство на возбуда поубаво.Истата таа светлечка топка повторно со голема брзина мрдаше лево-десно и се палеше и гасеше жар црвена за да за неполни 2 минути да се изгасне повторно.Така седнат на терасата замислен,возбуден помислувајќи дека одисејата заврши наеднаш ко на филм негде од кај пределот на село Волково три бели кугли наместени во правоаголна положба се издигнаа во небото и се распрскаа на три страни со голема во брзина и одеднаш застанаа во место па почнаа да се палат и гасат за на крај скрос да се изгасат.Јас пред да го видам ова не верував во такви работи но после тоа што го видов засекогаш ми се изменија видиците.
Пренел: Кристијан
Saturday, November 2, 2013
Thursday, October 10, 2013
МистеријаМК контакт
Сите приказни, преданија, легенди, случувања можете да ги испратите на misterijamk1@gmail.com
Во најбрз рок истите ќе бидат поставени на блогот.
Бидете слободни, ставајте слики, уредете го вашиот текст по избор. Вистинско име или анонимност, тоа е ваше право. :)
Monday, October 7, 2013
Масоните во Македонија (телеграф.мк)
Wednesday, September 18, 2013
Тажна легенда за како Тетово го добил своето име
Wednesday, September 4, 2013
Од Вас за Вас: "Појави во ресторан?"
Што се случило вчера - не знам, битно едната чистачка си заминала во некоја чудна состојба. Не сака да зборува ни што видела, ни како... Стигнала, почнала да чисти и по некое време избезумена му се јавила на еден од куварите(кој бил на смена тој ден) и го замолила да дојде што побрзо. Овој ја начекал бледа и испаничена, а малава инсистирала да ја заврши смената во присуство на нејзиниот дечко. Девојката повеќе не работи таму...
Дури и криво ми паѓа затоа што пред некој ден ги зезав баш таа девојка и готвачот дека сум чула детски плач од местото каде што беа тие (ресторанот е на делови, исто и кујната).
Како и да е, денес на смена јас и готвачот, си работиме... И слушнавме тропање. Луѓе, течниот сапун што стоеше на чешмата беше оддалечен од неа цели две метра! Буквално како некој налутено да го удрил. Значи ниту јас, ниту тој не бевме во близина на чешмата. Ниту имаше провев, а дури и да имаше, шишето беше полно. Немаше шанси да е од ветер. Чешмата тој ден ја немавме допрено, значи не беше искористена, па сапунот да се лизнал од влагата...
Доаѓа газдата и му викам насмеана дека ресторанот може слободно да биде туристичка атракција, му треба само мала реклама. Човекот се заозбили и праша што се случило овој пат.
Leia Mais…
Од Вас за Вас: "Случувањата на Muranyi"
Имено,еднаш пишував за една случка која ми се случи пред точно 6 години,кога имав непријатно искуство со звуци од дишење-експирации во мојата соба,поточно до мојот кревет.Истите не можев на ниеден логичен начин да си ги објаснам.Првата моја логична претпоставка беше дека можеби го губам разумот,но истите звуци кои доаѓале од мојата соба ги слушала и сестра ми.Штотуку открив дека не сум единствениот на кој му се има ова случено,на нетовима можеби стотици вакви дешавки и као сите немаат поима што може да биде.Буквално истите дешавки насекаде,време на случување после 3 часот,двапати во рок од месец дена.Како да се работи за клише.Се прашувам што би можело да биде?Дали некој од вас имал искуство со овој феномен?
Ај дишењето,туку истиот период,летото пред 6 години,моите беа на одмор а јас бев сам дома.Дента кога ми се случи дешавката за која пишувам,дојде баба ми и ми спреми ручек и си замина со зборовите,ги паметам и ден денес-Сине,имаш ручек,батачиња ти спремив,на шпорет ти се,земи и јади,немој да не си ручал.Тоа беше околу 3 часот попладне и си замина,а после саат време дојде девојка ми и јадевме во некое кафанче.Се вративме дома,седевме некои си 3-4 часа и вечерта излеговме во 12 у дискач.Диското помина и тргнавме накај дома и гладни нормално,почнавме разговор околу тоа каде би јаделе,што би јаделе,па дали до фурна Чаир или на гиро или штотијазнам и пази го моментов-јас,кој сум мрзелив,кој ќе умрам од глад ако некој нешто не ми спреми зашто јас нема шанси да го направам тоа и велам на девојката:Абе ај што ќе јадеме глупости,башка и уморни сме,имам дома батачиња што спремаше баба ми,ќе јадеме тоа.И ок падна договор,стигнавме пред врата кај мене дома,ја отворам клучалката и прво што осетив беше миризба на скара во мојот стан.Беше околу 3.часот по полноќ,т.е. 3 и нешто(и ова имало некоја врска во овие вакви појави,не е случајно тоа време).Се погледнавме со девојка ми и одиме накај кујна,од каде доаѓаше мирисот и ринглата каде стоеше тенџерето со батаците беше вклучена на максимум,а батаците си се крчкаа како да беа пуштени пред 5 мин(остајте вие батаци во масло на максимум пуштена рингла и видете што ќе се случи за еден час,а не за три часа колку што бев излезен од дома-во случај да си помислите дека сум ја заборавил ринглата вклучена пред да излезам,јас шпоретот дента воопшто не го ни користев).Си признавам,се уплашив најмногу што можам,ја исклучив ринглата и таа вечер спиев во кола на паркингот кај Александар Палас
После тоа мајка ми палеше во собата темјан,околу две недели и сите паранормални појави ги снема.Дури и чудно ми е како човек е во состојба да ги голтне свесно,т.е.игнорира такви запрепастувачки феномени и да си продужи со животот и да остане нормален.Но,кога и да се сетам на тоа ме полазуваат морници и не би сакал повторно да ми се случи.
Ај сега некој од форумов нека ми одговори дали слушал експирации во собата и за што би можело да се работи.
Пренел: Muranyi (Кајгана Форум)
Sunday, August 11, 2013
НЛО во Делчево (Видео)
Конечно заврши летната пауза, па можеме да се вратиме со нови постови. :)
Овој пат идеме во Делчево каде што Никола вчера вечер (10.08.2013) успеал да сними НЛО.
Wednesday, July 10, 2013
Сребрената вода во Битола
Leia Mais…
Thursday, June 13, 2013
Пирамиди на Водно или измислица?
Лутајќи по фејсбук, налетав на една интересна страна која апсолутно треба да се најде на овој блог, без разлика дали е вистина или не.
Во продолжение следат најважни слики, но и оригиналниот линк од страната.
Координати:
41°58'50.85"N 21°23'7.04"E
Monday, June 10, 2013
Пренесувате: Случувањето во Прилепската куќа
Ова му се случило на вујко ми кога бил мал, сега он има 55 години!
Значи вака: кога бил средно (матурант) седел во Прилеп во куќата на од мајка му прв братучед, иначе тој бил од село пошо во селото немало средно училиште он морал да престојува во Прилеп оти таму му било школото!
Секоја вечер кога си легнувал и ја гасел сијалицата за да спие во собата на креветот скокнувало нешто и му идело право на нозете, детето многу се плашело... значи ова се повторувало повеќе време. Баби ми, значи мајка му, не му верувала ај си рекла да дојди да провери... ја изгасила сијалицата и седнала на креветот... штом се изгасило светлото веднаш и на неа и скокнало во скут нешто со големина на мачка.
После тоа не знам што правеле... кога ќе прашам ми: "вели ај доста со тоа не е важно"...
Пренел: Flikson
Sunday, June 9, 2013
Непознатите карпи
Wednesday, May 22, 2013
Wednesday, May 15, 2013
Сектата Црна Ружа во Македонија (think.mk)
Еве го целиот текст и оригиналниот линк од think.mk.
ЦРНА РУЖА ВО МАКЕДОНИЈА
Monday, May 6, 2013
Бонакон - митско суштество од источна Македонија
Бонакон е митско суштество за кое се верувало дека живеело во Пајонија (денешна источна Македонија). Познато е по неговиот одбранбен механизам што било исфрлање на измет на огромно растојание кое горело се што ќе допре!
За бонаконот пишува римскиот филозоф Плиниј Постариот, кој живеел во првиот век; во своето дело „Природознание“ (овде може да ја најдете на латински и на англиски).
Ова е англиски превод на „Историја на животните“, но јас не успеав да најдам податоци за чудово во него. Прашање е колку е зачувано и изменето од оригиналот, но кој сака нека повели.
Овој запис за бонаконот, подоцна во средновековието, е преземен од многу автори во повеќе дела, а често бил и сликовито претставуван во разни бестиари.
Во „Природознание“, покрај многубројните информации за живата и неживата природа, имало запишано и многу неточни и непроверени информации за митски суштества кои тогашните луѓе верувале дека навистина постојат. На пример, опишани се птицата феникс, луѓе со кучешки глави,луѓе со само една нога, и слично. Знаењето за многу од овие митски суштества биле пренесено во средновековието, па и надоградено со фантазијата на авторите. Така, за бонаконот подоцна се мислело дека, покрај од задниот отвор, можел да исфрла оган и од устата, како змеј!
Се претпоставува дека бонаконот всушност претставува само едно извртено сеќавање за вид на бизон што живеел некогаш на овие простори. Европскиот бизон постоел во Североисточна Европа се до XX-ти век, но во каменото доба бил распространет низ скоро цела Европа. Веројатно средбите на луѓето со ова моќно животно останале во колективното сеќавање, но сепак оваа слика се изменила со тек на време, давајќи му примат „митско“ на ова суштество.
Следува галерија од различни претстави на бонакон од средновековието:
Leia Mais…
Куќата во Битола (мапа)
Во Битола има стара еврејска куќа за која велат дека е опседната од дух на мало детенце. Имам пишувано за ова во една друга тема ама ајде и овде да раскажам.
Како што кажав,се работи за еврејска фамилија (имало тука цела населба пред војната,сега нема ниедна фамилија колку што знам) и кога дошле бугарите ги депортирале сите освен едно мало дете кое се скрило во куќата. Изгледа некој им кажал пошто тие се вратиле и го убиле. Куќата долго време седела празна се до 70тите кога некој решил да ја купи ама веднаш по вселувањето почнал да му се појавува духот на детето. Човекот немал појма која фамилија живеела пред него ниту пак за детето. Неколку пати викал попови да ја крстат куќата ама џабе и на крајот некоја бајачка му рекла секоја вечер да пали кандило пред икона од некој светец. Не знам што бидна со човекот ни дали од тогаш некој го има видено духот,ама имам неколку пати поминато на вечер пред куќата и навистина има запалено кандило пред икона (од оние електрични што се со сијаличка) се гледа преку прозорци
Куќата се наоѓа во уличка позади дрвен пазар во Битола за тие што сакаат да поминат на вечер и сами да се уверат. Куќата се разликува,само таа е стара трошна куќа и претпоставувам некој од комшиите го пали кандилото пошто куќата е празна а тоа секоја вечер
МАПА
Симптоми на опсесивно-компулсивно растројство
Вистински настани, тазе или минато, сеедно.
1. Ми се случувале некој ептен чудни работи, еве како на пример ќе се случи нешто ВИСТИНСКО и јас имам чуство дека тоа се случило истото и порано, ова не ми се случува еднаш туку повеќе пати. Пр: Некое случување ќе се случи, и јас откога ќе заврши тоа и ќе се задлабочам како да ми се повторува нешто...
2. Пред 3,4 години јас убеден бев дека некој ќе ме киднапира кога се враќав накај дома. Што е најинтересно се враќав во 7 саатот, не беше ни стемнето. А јас толку бев сигурен дека некој ќе ме киднапира, секоја кола што поминуваше мислев дека во неа се киднапери и секој човек ми беше крајно сумљив, трчав накај дома како луд, ептен беше страшно...
3. Ова ми се нема случено многу пати, ама ми се случува бар еднаш годишно, кога си легнувам упорно слушам некој звуци како некој да чекори кон мојата врата во соба, ептен е морничаво, еднаш дури и станав да проверам што е(можете да ме замислите хехе) и немаше ништо, но кога се вратив и легнав пак слушав звуци како некој чекори кон мојата соба.
4. Ова е најинтересно ми се има случено еднаш (фала богу), ако за се можам нешто да најдам објаснување за ова стварно неможам. Бев многу мал станувам рано и легнував рано. И едно утро станав во 8 и 15, отидов во кујна да земам нешто за лапачка и кога гледам саатот е 10 и 10. Ова немаше да биде чудно, и јас немаше да одадам важност ако не се јавив на мајка ми во 8 и 15, значи имам зачувано во повици дека толку бил часот.
И со вакви работи не се зафркавајте. Појдете на психијатар, не дека ве навредувам или сте луди, туку навистина ви треба помош.
Пренел: Филип.