Saturday, February 2, 2013

"Очи широко затворени" во Македонија

Верувам дека повеќето од вас го имаат гледано култниот филм на Стенли Кјубрик - Очи широко затворени. Нешто слично се случува во Македонија и тоа најмалку 3-4 години. Е сеа јас не сум Том Круз и не би можел да кажам што се случува во замокот за кој се бара лозинка, ама сепак нз што ми требаше па истражував и така стигнав до некои информации. Се надевам дека и некој друг ќе пише за да разбереме нешто повеќе околу ова.

Еве за што се работи: 
Група која се претставува како организација (не е регистрирана проверено е) има канцеларии во повеќе градови во РМ. Пред канцелариите нема име на фирма, ниту некоја друга ознака. Тие не кажуваат со што се бават, ниту пак со што вие ќе се бавите и колку пари ќе ви даваат за тоа. Ќе слушнете за нив само гласини. Функционерите во канцеларијата не кажуваат колку пари би ви давале и строго забрануваат на нејзините членови да зборуват за тоа. Впрочем ако стнете член една од обврските е да не кажувате за ништо што се случува и што се работи.

Единствени услови за да бидете примени во групата е да имате желба, да носите црна облека (костум), да сте оженет/ омажена (има сличност со очи ширум затворени а?) и да уплатите 1500 денари (мислам дека толку беше одамна праев муабет). Типците имаат канцеларии во повеќе градови во Македонија. Местата не се во некоја забутана населба, а во централното подрачје кајшто кириите и не се баш евтини шо ќе рече имаат пари. А сигурно се поврзани и со луѓе од власта штом нерегистрирано работат ко организација, а и бараат пари за нешто што не кажуваат што е, па и вработените не се регистрирани и не се плаќа данок за тоа.

Е сеа тоа е за да се зачлените. Но нема да ви кажат во што се зачленувате. Во канцаларијата има само еден двајца од пониските членови на групата (сектата). Тие ќе ви кажат дека од нив е толку, а за потаму ќе ви кажат нивните шефови на состанок за кој ќе ве известата накнадно и кои ќе ги видите само доколку ги исполните условите што и јас ви ги наведов. Пробав нешто повеќе од нив да извлечам ама не успеав. Горепишаното лесно можете да го дознаете доколку отидете во нивна канцеларија.

Нешто што нема да ви го кажат:
Плаќаат од 500 или 1000 евра месечно. После извесен период истражување разбрав дека членовите ги собираат (петок чинам беше денот, приквечер) со кола (комбе) и ги носат во куќи. Првиот пат нема да ви кажат кај ве носат, а за потаму дали носат по различни објекти нз, но имаат неколку објекти по неколку градови во РМ. Пред куќите има обезбедување, што ги проверува дали се со препорака и дали се облечени ко шо треба и дали носат оружје. Што се случува во куќата може само да се претпостави. Некои од луѓето што разбрав дека се во групата финансиската состојба значително им се подобри. Не сум сигурен дали се истата група но од другар разбрав дека и тој познава луѓе од сектата што ги земаат на тој начин и им помагаат финансиски. Знам и други случки ама не сум сигурен дали се истите луѓе па не би зборел. Понекогаш ги собираат само жените, а не мажите (зошто не ми е чудно). Што мислите вие околу ова и дали сте слушнале нешто повеќе.





Пренел:Eddie_rebel (кајгана)

0 comments:

Post a Comment

Коментар?