Friday, January 11, 2013

Локалитетот Локубија во Кочанско

 Археолошката екипа на Музејот на Македонија, предводена од археолог, кустос Илинка Атанасова, ги заврши дваесетдневните сондажни истражувања на локалитетот „Локубија“ кај Кочани.

За време на сондажните истражувања откриена е некропола од Римскиот царски период, односно 2-3 век, во која се пронајдени предмети од керамика и друг движен материјал кој ја потврдува констатацијата за периодот во кој археолозите го врамија овој локалитет.

Покрај тоа, откриени се и остатоци од бедем кој упатува на постоење на тврдина или заштитен бедем на некој град или пак населено место.

Резултатите од истражувањата на локалитетот „Локубија“ кај Кочани деновиве ке бидат презентирани пред пошироката јавност.

2. Се истражува кочанска Локубија
На археолошкиот локалитет Локубија во центарот на Кочани деновиве археолозите открија некропола од римскиот период, која потекнува од 1 до 4 век од новата ера, како и фрагментирана керамика и друг материјал. Според археолозите, во некрополата имало комбинирано погребување - истовремено и скелетно и хумирање. Тоа укажувало дека автохтоното население тогаш се' уште не ги прифаќало новините од Римското Царство и си задржало дел од своите традиции. 

Кочанскиот археолог Илинка Атанасова истакнува дека се задоволни од резултатите од првото заштитно сондажно истражување на тој археолошки локалитет, познат од 1978 година, иако првите случајни наоди на тој терен биле уште во 1933 година. (Љ.Ш.) #

3. - Пронајдениот археолошки материјал укажува дека некрополата опстојува долг период. Најстариот материјал откриен во 2006 година датира од помладо железно време, изјави Илинка Атанасова, археолог, кустос-советник во Музејот на Македонија, Музејска збирка Кочани.






komarec.com.mk

0 comments:

Post a Comment

Коментар?