Thursday, January 3, 2013

Исчезнувањето на Панче Неделковски

10 октомври 1945 година.
Во Скопје се припрема голема свеченост - една година слободна Македонија.Поканет е и Панче Неделковски-Полошки,полковник воен пилот,кој е на служба во Београд.
Но по мистериозни околности загинува, не стига во Скопје жив
„Во Кралево стигнале без никакви проблеми.Меѓутоа,само што летнале од аеродромот за Скопје,на надморска висина од 100 метри,според кажувањата на очевидци,авионот одеднаш почнал да паѓа,а според други се запалил и паднал во реката Ибар,близу градот.Сите патници и пилотот загинале.
Панче кој неколку пати се креваше на Београдското небо на шести април 1941 година и водеше воздушни битки со германските штуки,ја загуби оваа битка-мистириозна.
По повод оваа авионска несреќа се подигна официјална постапка за утврдување на причините за несреќата.Беа формирани и неколку комисии од страна на Воздухопловната команда,но за нивни наоди не беа известени ниту семејствата ниту јавноста.
И покрај инсистирањето на семејствата на загинатите,несреќата остана под превезот на таинственоста.Затоа во јавноста се слушаа разни претпоставки,за наводна саботажа од страна на непријателски елементи.Се посочуваа како виновници прочетничките елементи меѓу техничкиот персонал во Кралево кои намерно ја олабавиле елисата од авионот.Друга верзија беше дека авионот снемал бензин,односно резервоарот бил продупчен на неколку места и заради истекување на бензинот авионот се срушил и тн.
Книга- Панче Неделковски-Полошки
Архив на Македонија-Матица Македонска-Скопје 1998
стр 204-208 ( Книга седумнаеста)



0 comments:

Post a Comment

Коментар?