Wednesday, November 28, 2012

Проколнатата куќа на непозната локација

Кај мене в маало има една куќа без фасада и без таван на вториот спрат. Куќава е од татко му на едно дугарче мое маалско и знајш татково на детево одма до куќава има автосервис. Му тргнал бизнисо па сакал да се прошири или сакал да си се всели во куќава незнам, ама.... од ко знам за мене куќава стои како шо ви кажа и буцио... ко распадната. И знајш ние деца сакавме да знајме шо е работава, и демек на местово од куќкава уште во турско време имало црква. И сеа на местово од црквава се најдува куќава. А други вела дека тука живеел поп, шо си ги убил и жената и децата и се самоубил ( ова второво тро поглупо е и понелогично ). Нема врска. Шо е финтава со куќава... Кога и да го напра таванот на вториот спрат, другио ден таванот е паднат... дали се вандали ова она не знаеле. И еден ден овај газдава ( татково на другарчево ) решил да преспија една вечер на вториов спрат во куќава..... другио ден чоеков не е ист, и си ја остај куќата да си стој така :toe:. Ова другарчево ништо не кажува шо се случило, ама шо и да било не било баш забавно. Ние ко мали сакавме да влезиме еднаш и еден пијаница не исплаши уште пред да ја поминиме улицата, а толку е од мојава зграда, една улица ме дели со куќава.... 



Пренел: IksonamzuK(Кајгана Форум)

0 comments:

Post a Comment

Коментар?