Friday, November 16, 2012

Стапките во МРТВ

Вака беше тоа, трета смена во МРТВ, големата зграда, на времето кога работев како одјавувачка на програмата во живо (ако памтите она: „Драги гледачи, утре на програмата ќе гледате...“). Вечерта се фати на муабет темава за духови и некој рече дека меѓу спрат во ходниците каде се студијата за снимање се слушаат чекори, и нормално, ние 5-6 љубопитни отидовме да чуеме. Додека ние галамиме и си збориме, ништо не се слуша, ама на едно место (колегата што веќе знаеше за ова) рече да застанеме и никој ништо да не збори. Се слушаа чекори, како во кломпи, кога ги влечка некој кога оди, го знаете тој звук. Се слушаат од горе (горниот спрат, демек), и можеш точно да го лоцираш: прави чекори, застанува, па се оддалечуваат чекорите, па пак застанува, и тоа не е еднолично, во ритам, туку како некој по потреба да се шета.

Не може да се чуе дури и да трчаат горе, затоа што тоа се студијата за снимање каде меѓу два спрата има барем пола метар (ако не и повеќе) многу јака изолација, токму за да може да се добие тишина додека се снима нешто. Јас и сега се ежам кога ми текнува на ова.


Пренел: виолетова од форум тинк

http://think.mk/forum/threads/%D0%A1%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BE%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8-%D0%BC%D0%B5%D1%81%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B8%D0%B7-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82.545/#post-3436




0 comments:

Post a Comment

Коментар?