Некој претходно има спомнато за фабриката Ино Спектар во К.Вода близу цементарницата. Јас живеев близу до тој дел, татко ми цело детство го прошол таму и кажува дека порано навистина таму имало гробишта. Кога се градеа некои фабрики таму пред 10-12 години и кога се копаа темели, се најдоа многу коски, черепи со што уствари и се потврдува дека имало гробишта. На нас децата не ни даваа да идеме натака додека се копаше и градеше пошто знаеја дека можеме и коски дома да им донесеме да ги проучуваме И таа приказна дека имало духови, па ги снемало откако се изгради камбаната се вртеше долго време низ населбата, али колку е вистина незнам. Знам само дека пола невработени чичиња од населба пробаа да работат како чувари и после ден два се откажуваа. Еден дури и срцев удар го стрефило додека бил 3та смена на работа, ама мислам дека тоа му беше од што многу цврцкаше а не од што видел некаков си дух.
А малку погоре од тоа место, одејќи накај Припор ама не по главниот пат туку по една друга споредна уличка на еден свиок има кош којшто одамна стои само со табла и за тоа место сум чула две приказни. Првата е дека пред 20тина години некоја невеста која што била присилно омажена ноќта после свадбата се обесила на кошот и дека сега ноќе излегувала на тоа место. Втората е дека таму се случило убиство, односно дека некој сопруг си ја упукал жената баш на тоа место и дека сега таа жена се појавува. Многу пати сум поминувала навечер оттаму бидејќи имам роднини по таа улица, па ништо не ми се случило
Пренела: Milly (Кајгана Форум)
Tuesday, March 20, 2012
Фабриката Ино Спектар (Milly)
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
0 comments:
Post a Comment
Коментар?