Tuesday, March 20, 2012

Легендата за Кадмо

Легенда за Кадмо

Кадмо е син на кралот Агенор и кралицата Телефаса, брат на Феникс, Циликс и Европа односно митолошки лик. Откако Зевс ја грабнал Европа, Агенор ги испратил своите синови да ја бараат, и им кажал да не се враќаат без неа. Браќата се разделиле во потрага по својата сестра а Кадмо заминал на својот пат заедно со неговата мајка Телефаса. После кратка потрага на островите Рода и Тера, подолго се задржал во Едонака, Тракија каде Телефаса неговата мајка се разболела и умрела. Потоа Кадмо заминува за Делфе за од пророчицата дознае каде се наоѓа неговата сестра Европа. Пророчицата му кажува да престане залудно да ја бара својата сестра и да основа град на местото до кое ке го однесе крава. Кога Кадмо поминувал низ Фокида, помеѓу говедата на Пелагон синот на Амфидаман, здогледал една крава која на бедрата имала бел знак во вид на полна месечина. Кадмо ја купил кравата и долго ја следел, се до тебанското поле, каде животното од умор паднало. На тоа место Кадмо го поставил Атенинскиот кип и одлучил да ја жртвува кравата во чест на божицата. Бидејќи за жртвувањето му била потребна вода, Кадмо испратил неколку пријатели да донесат вода од изворот кој бил во близина. Страшниот змеј син на Ареј кој го чувал изворот ги нападнал неговите другари и пред Кадмо да стигне ги убил. Кога Кадмо стигнал на изворот го поразил и го убил змејот. По совет на Атина половина од забите на змејот Кадмо ги посеал, додека другите половина божицата ги поклонила на колхидскиот крал Етеј. Од посеаните заби одма изникнала наоружана војска позната како Спартанци ( Посеани ). Кадмо меѓу нив фрлил камен а тие не барајќи кривец започнале жестока борба, и од борбата преживеале само 5 Спартанци.

Заради убиството на змејот, Кадмо 8 години морал да му служи на Ареј, По завршувањето на тие 8 години Атина му ја подарила власта над Теба а Зевс му ја дал сопругата Хармонија, ќерка на Ареј и Афродита. Венчавката на Кадмо и Хармонија била прославена во Кадмеја, тврдина околу која подоцна се развил градот Теба. Тоа била првата свадба на смртници на кои присуствувале сите Олимпијани. Музи со златни венци во косите пееле свадбени песни, а боговите им донеле големи дарови. Кадмо на Хармонија и подарил огрлица која му ја поклониле Хефест, Афродита и Европа како и прекрасен фустан кој подоцна ќе им донесат голема несреќа на сите кои ги поседуваат.
Кадмо среќно живеел со Хармонија која му родила 5 деца: синот Полидор и ќерките Агаве, Инона, Семела и Аутоноја. Откако доживеале длабока старост сопружниците биле принудени да ја напуштат Теба и престолот да му го препуштат на нивниот внук Пентеј. По заминувањето дошле во земјата на Енхелеите кои живееле на тогашното “Бело Езеро” каде Кадмо го основал градот Лихнид ( денешен Охрид ). Затоа Кадмо се смета за првиот Лихниѓанец, а и името на нашите хит локации во Охрид го враќаат неговото име во новото време за да го запознаат и оние кои што порано не го знаеле – КАДМО.

Кадмо Семејно Дрво

[IMG][IMG]
[IMG]

0 comments:

Post a Comment

Коментар?