Monday, January 30, 2012

Најголемата масовна гробница во Македонија

Емисија на Код прикажана на Канал 5 со Снежана Лупевска


- Гробницата е откриена во рамките на последните археолошки истражувања на некрополата во Скупи. Но за тоа ќе би зборуваат надлежните истражувачи, рече Паско Кузман.

ЕВЕ ГО ВИДЕОТО НА YOUTUBE






КОД во една теренска просторија на Музејот на град Скопје ги наоѓа остатоците. Скелетите и коските од античките луѓе под бројки се наредени во кутии, на дел од нив има запишано какво истражување веќе е направено. На една полица во кеса се складирани повеќе черепи. Еден од черепите е скршен, трага на насилство. Можна причина за смрт. 
Во истражувањата покрај експертите од скопскиот музеј е вклучен и Институтот за судска медицина. Таму заминавме по одговор од што умреле античките луѓе. 

- Не се сите тела испитани, меѓутоа кај над 95% пронајдени се сигурни докази дека станува збор за насилна смрт. Повредите што се пронајдени на коските се од убодносечни средства, односно нож, меч..., вели Александар Станков, од Институт за судска медицина.

Историчарите ќе ги чекаат прво откритијата на археолозите. Потоа и тие ќе се зафатат со работа. Но сите научници Скупи ги возбуди.

0 comments:

Post a Comment

Коментар?