Речиси во средината на Овче Поле, јужно од Свети Николе се наоѓаа месноста која што народот ја нарекува Канда.

Според анализите и набљудувањето на составот на песокот и примесите во него од едри каменчиња и школки, потврдувам дека песокот е пренесуван од Кнежје, до археолошкиот локалитет Билазора кој се наоѓа неколку стотини метра западно. Овде се поставува прашањето кога и кој го направил платото. Дали е подигнато во времето кога Билазора е во својот најголем административен, воен, културен подем или пред тоа, не знаеме. Одговорот можеби ќе го пронајдеме во идните археолошки истражувања. Платото е со површина од околу еден хектар, во која се ископани ровови од околу 0, 60 м.длабочина. Формите на рововите претставуваат една неправилна елипса која е протегната во посока север - југ. Во неа има уште три рова. Два од нив се во насока исток - запад, се наоѓаат во северната половина на елипсата и се со должина од 2,5 м, додека третиот е во насока север - југ и е речиси двојно подолг. Тој започнува помеѓу двата помали рова во северната половина и се протега скоро до работ во јужната половина на елипсата. Неговиот завршеток наликува на растегната и накосена буква `W` од латинската азбука, или М од нашата. Во кратки црти можам да кажам дека на платото во Пударница, со помош на рововите грубо е скицирано лице на човек.

Јас неможам во никаков случај да го интрепетирам геоглифот, бидејќи немам познавања од астроархеологија и лингвистика, но во статијава ја представив топографијата на геоглифот, составот на земјата од кој е изграден, а во наредниве неколку реда ќе ја пренесам и неговата поврзаност со неколку археолошки локалитети. Секако, во неговата близина е Градиште – Славев Дол до селото Кнежје или популарно наречената Билазора. Јужно од акрополата на древниот град се наоѓа некрополата. Таа е ориентирана исток -запад, т.е. гледа кон исток или кон платото со геоглифот. Самиот терен на некрополата е на повисоко ниво од околината, благо се спушта кон исток и завршува пред платото на кое е поставен геоглифот. Освен тоа од некрополата на Билазора до платото на геоглифот постојат неколку извори, поставени во права линија, остататоци од тие извори немаме на површината, но јасно се гледа водата која се уште ги преплавува околните ниви. Од овде изведов заклучок дека тие извори мора да бидат поставени покрај пат, кој е во посока некропола – геоглиф.

Геоглифот не е изолирана појaва во нашава територија. Тој се наоѓа во права линија помеѓу мегалитска опсерваторија на врвот Кокино, Цоцев Камен и рудникот Алшар на Кожуф планина. Освен тоа тој е врв на рамностран триаголник со точките Стибера и старите Пајонски гробишта.


0 comments:
Post a Comment
Коментар?