Tuesday, December 11, 2012

Урната нашата позната куќа во Црниче


Најголемата скопска мистерија – куќата на духови, лоцирана во скопската населба Црниче, замина во историјата.
Според информации на "Вест", викендов куќата била до темел урната, а багери ги расчистувале остатоците.
На местото на кое со децении стоеше мистериозната куќа, наскоро ќе никне нов објект.
Од општина Кисела Вода велат дека издале решение за уривање врз основа на барање на сопственикот Крсто Велјановски. Откако тој ќе плати комуналии, ќе му биде издадена и дозвола за градба. Сеуште нема информации што конкретно сопственикот ќе гради на тоа место.






0 comments:

Post a Comment

Коментар?