Monday, August 27, 2012

Мистериозен Сон

Овој сон го сонував во периодот помеѓу 23-27 јули. Многу јасно се сеќавам на него, но сеуште неможам да го протолкувам. Ако некој го знае значењето, нека пише во коментар. 

-QuickSilver-


Сонови? Омилена тема. Лето? Ненаспаност? Кошмари? Погоден момент за таков морничав сон. Како да доживувам робинсонада, само три пати по жестоко и по реално. Не, не 3 пати, десет пати! Слика: Соба, сиво, црна природа. Се` околу мене беше така празно и безволно. Да, се сеќавам, се сеќавам на некои визии и на моменти. Се сеќавам на полу истрошената ламбада која неуморно гореше потпрена на тетрода која својот век на траење го имаше завршено уште одамна. Околу мене чуствував магнитуда, не обична, туку колку што беше мистериозна, толку беше и наивна. Во таа соба имаше само една полица и една шоља. Да, добро прочитавте, шоља. Собата имаше правоаголен облик и беше последното место каде што сакам да бидам. Додуша, јас и незнам како се најдов таму. Пригушената светлина на ламбадата беше единствената светлина што ја осветлуваше мистериозната просторија. Се наоѓав на десниот крај на просторијата. Со несигурни, мирни и тивки чекори почнав да се движам кон рефлектираната тенка светлина на шољата. По цел вел, барем мене така ми се виде, конечно стигнав до дестинацијата. Со двоумење, полека ја надвив главата над округлестиот прстен кој ја формираше шољата и останав подзинет. КРВ! Да, имаше крв. Не само крв, туку имаше и рака која лефтерно лебдеше во водата. Згрозен од глетката, ми остана едно нешто, да БЕГАМ! Но имаше еден проблем, собата немаше врати. Паѓањето во кома и мавнувањето на малиот мозок беше последното нешто што го памтам.

Нова сцена, но за жал, во истата просторија јас се наоѓам помеѓу мои пријатели. Се разбудувам, но чудно, они не го менуваат нивниот застрашувачки поглед. Се расонив од кома и пробав да ги убедам дека се` е во ред, нема потреба од ништо да жалат. Но, не трепнувајќи, безволно ме одрекуваат: "Не, брате, не е тоа што мислиш." Овие зборови ме трогнаа. Останав подзинат и преплашен. Како млазен авион ми помина слика низ главата. Во нејзе видов непозната агенда и во нејзе бледо нацртана полусрушена капија, а позади капијата рушевини. Одеднаш мрак и трепет се пролеа во моето срце. Незнаев што се случува, а уште помалце и сакав да дознаам. Ми пролета уште една мисла, а тоа беше крвта во шољата. Чива е собата, чива е раката, како таа се нашла таму?! Не, не како ЈАС се најдов тука? Мислејќи и изговарајќи ги последните зборови се свртев накај шољата и што да видам! КРВ! И тоа многу крв. Капка по капка гледав како капе на подот, а звукот од капките полека, но сигурно ми ги уништуваше тапаните. Крв течеше на сите страни стана лепливо, одеднаш ми проработе и осмото сетило! Почна да ме фаќа страшна параноја, почнав да гледам црно-место во боја. Само се свртев кон пријателите, но тие така жално гледаа без да трепнат во подот пред нив, како да ги преживуваат последните мигови од нивниот живот. Како можат да бидат рамнодушни? Како можат да седат со потпрени раце, секој своја приказна? Извикав! Но, сите само трепнаа и продолжија со својот гледачки ритуал. Само еден, ми се сврте, се насмеа и им се придружи на останатите. Почнав да се прашувам што се случува?! Дали халуцинирам или се трансформирам? Како цреша над шлагот ми беше страшниот крик кој доаѓаше од недојдија. Се свртев и осетив извик и отварање на врата, иако истата и нигде ја немаше. Наеднаш здогледав жена, просечна жена. Црномуреста, изгледаше изморено. Прозборе нешто неразбирливо и матно, а јас бев пресреќен што слушам глас, а да не се извиците од мојот. Кажа уплашено, но сигурно, веродостојно. Се приближив и слушнав еден од пријателите: " Ви реков дека тоа е тој!" И ги ококорив очите, се стрчав да го фатам за гуша, со желба дека ќе ми објасни се`. Но, само осетив влага. Да, влага, потта ме обли цел и станав од сонот. Наеднаш се почуствувам како да паѓам во бездна, како да гонам нешто недопирливо. Се разбудив во последниот миг. Ги кренав колената, се стуткав и почнав да размислувам: Каде се наоѓав? Чива беше просторијата? Каде беше просторијата? Чива беше раката, а воедно и крвта? Кои беа луѓето во собата? Која беше црномурестата жена? Што им пренесе? Кој е "тој" тој? А кој бев јас? И што воопшто се случуваше? Овие прашања засекогаш ќе ми останат мистерија на која неможам да одговорам и на кои ќе ме лазат морници на самата помисла. Но, со надеж дека повторно ќе го сонам сонот, сега легнувам...

0 comments:

Post a Comment

Коментар?