Saturday, November 19, 2011

Клеопатра зборувала Македонски? [Курир]

Грчкиот историчар Плутарх запишал дека мајчин јазик на Клеопатра бил „македонскиот јазик“.

kleopatra240
Античките историчари различно ја опишувале Клеопатра. Еврејскиот историчар Јосиф Флавиј пишува за неа во негативен контекст, што е и разбирливо ако се знае дека таа владеела со Јудеја.
Меѓутоа, грчкиот историчар Плутарх во својата биографија за Марко Антоние пишува само пофални зборови за неа. Притоа, тој наведува дека Клеопатра зборувала голем број јазици, при што индиректно спомнува дека нејзиниот мајчин јазик бил македонскиот.
- Беше вистинско задоволство да се слуша звукот на нејзиниот глас со кој, како инструмент со многу жици, таа преоѓаше од еден јазик во друг, така што имаше само неколку барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека со поголемиот број од нив таа директно разговараше, пишува Плутарх.
Ова многу значајно сведоштво од Плутарх ни зборува дека мајчиниот јазик на Птолемеите бил токму македонскиот јазик! Гледаме дека, според Плутарх, некои од нив (веројатно поради политички причини) го запоставувале македонскиот јазик на сметка на јазикот коине. Но, Плутарх не пишува такво нешто и за Клеопатра, што значи дека таа си го зборувала мајчиниот македонски јазик.

Превземено од Курир

0 comments:

Post a Comment

Коментар?