Вистина или не? Одлучете сами
Sunday, May 29, 2011
Thursday, May 19, 2011
Смртта во Црн Дрим
Во 1997 во Струга поточно по прекрасниот кеј на реката Црн Дрим се случило нешто неочекувано. Оваа случка ви ја раскажува М.М. жител на Струга, а воедно и очевидец. Раскажано:
Летото 1997 Марко шетајќи се по кејот заедно со неговата тогашна девојка ( денес сопруга ), забележал нешто што никогаш нема да го заборави. Во 2:45 по полноќ наеднаш и неочекувано се слушнало едно големо ШЛАП во водата. Се слушале извици и дерења, но телото неможеле да го видат. Извесно време погледите не ги тргале од водата се додеко девојката на Марко не забележала рака заглавена на скалите. Се симнале да му помогнат на човекот, а пресретнале крвава мокра рака без телото. Викнале полиција и истражувале во период од 2-3 часа.
Никогаш телото не било пронајдено, а ни сопственикот на таа мистериозна рака заглавена на скалите. Тоа што Марко неможе да си го објасни е врисокот на човек и звукот на водата и подоцна најдената рака.
Tuesday, May 10, 2011
Мистеријата за гробот 170
120 кукли во селото Куклица
120-те кукли во Куклица
За 120-те кукли во село Куклица близу Кратово се препоставува дека се стари 10 милиони години, за што биле направени овие кукли и каква примена имале воопшто не се знае
Каде е закопан Ѓорѓи Карев?
Братот на Никола Карев, Ѓорги, по Втората светска војна е осуден и затворен во Идризово, од каде што никогаш не излегол. Така семејството Кареви се соочило со една необјаснива игра на судбината: цел живот се бореле за македонската државност, но токму таа Македонија го ликвидирала братот на претседателот на Крушевската Република. Каде се закопани коските на Ѓорги е мистерија што до денешен ден не е решена.
Плиток гроб
Инаку, Ѓорги, како шеснаесетгодишно момче учествувал во Илинденското востание во борбата кај месноста Слива, а постариот брат на Никола, Петруш, бил член на Штабот на крушевските востаници. Со тоа, Ѓорги бил учесник и сведок на битката што за многумина е поепска, но и посурова и од таа на Мечкин Камен, а Петруш, меѓу другото, бил сведок и на последната расправа помеѓу Никола Карев и Питу Гули, пред вториот да тргне кон својата последна битка. Семејството Кареви во борбите за ослободување на Македонија има дадено седум жртви, војводи и обични борци. И покрај тоа, чудната омраза кон Кареви, според Мише, траела со години, па затоа дури и коските на Никола Карев завршија поттурнати под скалите на споменикот „Македониум“ на Гумења.
Кога по војната во Крушево се славело Илинденското востание и Крушевската Република, централната власт, а пред сé локалните послушници, речиси редовно се погрижувале семејството Кареви да биде понастрана од прославата, особено од главната бина. Според сеќавањата на Мише, на првата прослава на Илинден по ослободувањето, постариот брат на Никола Карев, Петруш, бил поканет на свеченоста.
Песочно островче
Најстариот брат на претседателот на Крушевската Република, Петруш Карев, успеал да ги надживее двајцата свои браќа и покрај сите малтретирања и голготи што ги поминал во животот. Умрел во 1968 година. Според внукот Мише Карев, старецот си заминал од овој свет со голема болка во душата поради недостоинствениот и понижувачки однос на македонската власт кон брат му Никола, но и поради судбината на Ѓорги, кој беше убиен од властите на македонската држава, за која целото семејство со децении се борело.
Некои тврдења упатуваат на тоа дека во времето кога Ѓорги е ликвидиран, на средината на реката Вардар која минува близу затворот Идризово, се наоѓал мал песочен остров и дека е можно таму да биле закопани убиените затвореници за кои властите сакале да им се изгуби трагот. Подоцна реката го однела малото островче и со тоа оневозможила да се открие дали, меѓу другите, таму се и коските на Ѓорги Карев.
Го видов Ѓорги како градинар кај Колишевски
Дамчевски, роден крушевчанец, веднаш го препознал Ѓорги, но не смеел да му се јави. По неколку дена дознал дека Ѓорги Карев починал во затворот во Идризово.
Сликата на братот на Никола Карев како во затвореничка облека ги полева цвеќињата во дворот на Колишевски засекогаш му се врежала во сеќавањето.
Атентатот врз Глигоров
Можеби ова не претставува некоја мистерија, но сепак ќе ја напишам
Разнесеното ами бомба, уништениот мерцедес на претседателот Глигоров и се уште неоткриените атентатори полека 15 години по експлозијата кај Бристол стануваат мит.
Атентаторите биле прецизни како хирурзи и не сакале да предизвикаат големи жртви меѓу граѓаните. Искуство за вакви атентати немало во балканските тајни служби, а многу од инволвираните во истрагата починале-сметаат експертите.
-Балканските тајни служби и групациите кои условно се занимаваат со ваква работа кај нас немаат искуство со тој тип на правење експлозивни направи. Ами -8 како возило е многу интересно бидејќи е единствено возило во свет составено од делови сите поврзани со шрафови и всушност целото по експлозија се претвора во шрапнел. Со игра на случај или не почина истражниот судија, многу инволвирани во истрагата, некогашниот раководител на управата за државна безбедност.- изјави Зоран Доревски, тогашен заменик раководител на Службата за државна безбедност.
Се помалку интерес на надлежните за расветлување, па младите криминолози и воените ветерани побараа да се решава атентатот. Актуелни владини претставници и клучни функционери од времето на атентатот не беа заинтересирани за нивната дебата и не дојдоа. По атентатот, беше сменет Милошевиќ, беше убиен Ѓинѓиќ и се случија серија убиства на Балканот.
- Ова отвора прашање дали сите убиства и атентати се поврзани и некој се обидува да ја замајува јавноста со нерешевање на случајот со атентатот врз претседателот Глигоров. –вели генералот во пензија Илија Николовски и претседател на Здружение на воени ветерани.
За експертите мотив за атентат врз претседател е менување на политички прилики. Атентатот се случува во време кога е потпишана Времената спогодба со Грција и кога претседателот на Македонија има реална власт за разлика од наследниците на Глигоров.
-Се пишуваше и одредени интелектуалци предлагаа да има рекомпонирање на власта и коалицијата , па да му се одземат ингеренции на претседателот и да се дадат на владата. Никој не испита дали тоа рекомпонирање е поврзано со атентатот- изјави на трибината, пратеникот Стојан Андов кој во време на атентатот (03-ти октомври 1995-та) беше претседател на Собранието.
Остануваат и приказните за лошо водена истрага, 15 години подоцна атентаторите се на слобода, а атентатот се уште е мистерија.
Leia Mais…
Учителот од Броди
Андреј Хрлев имал зет Турчин, а пролетта 1903 година веќе бил разочаран од македонското ослободително движење. Тој навистина би можел да биде предавникот, но симптоматично е што бил поштеден од одмаздата на Организацијата, која наместо него убила десетина селани од Баница и од Броди, сметајќи ги за виновници за смртта на Делчев. Меѓу ликвидираните е и Ѓорѓи Агов од с. Старчишта, Неврокопско. Обвинението е дека тој бил облечен во турски алишта и ја водел потерата кон Баница. Во декември истата година, во речиси изгореното село Баница, Марин Георгакиев е исечен на парчиња токму на местото каде што е убиен Гоце, а Коста Маџаров, Ѓорѓи Орешков и Коста Петров се заклани врз гробот на Гоце. Неколку ликвидации извршил и војводата Таската Серски, а од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов.
Триесетина години подоцна, Андреј Хрлев, за кого уште во тоа време по весниците се пишувало дека го предал Делчев, напишал текст во кој тврди дека предавството е извршено од двајца врховисти во врвот на Организацијата во Солун. Меѓутоа, ниту тој ниту кој било друг наведува поконкретни податоци за тоа кои би можеле да бидат тие двајца предавници. Интересно е, меѓутоа, што во една турска шифрирана телеграма поврзана со убиството на Делчев стои дека даскалот од Броди, Андреја Ѓорѓи Хрлев, на 16 мај 1903 година примил „бомби донесени од Неврокопско и ги внел во црквата“. Значи, власта знае дека скрил бомби. Зошто тогаш не го уапсила, кога за такви работи се одело дури и во Дијарбакир?
Следната линија на предавството ја загатнува Ѓорче Петров, кој, повикувајќи се на разговор со сестрата на Делчев, Руша, во своите спомени вели дека војводата бил откриен уште во Солун. Гоце во Солун пристигнал на Велигден 1903 година, за да се сретне со Даме Груев и да расчистат за различните ставови околу самото востание. Двајцата останале три дена затворени во соба во солунската гимназија и што разговарале таму никогаш не е разјаснето.
Учителот од Броди
Андреј Хрлев имал зет Турчин, а пролетта 1903 година веќе бил разочаран од македонското ослободително движење. Тој навистина би можел да биде предавникот, но симптоматично е што бил поштеден од одмаздата на Организацијата, која наместо него убила десетина селани од Баница и од Броди, сметајќи ги за виновници за смртта на Делчев. Меѓу ликвидираните е и Ѓорѓи Агов од с. Старчишта, Неврокопско. Обвинението е дека тој бил облечен во турски алишта и ја водел потерата кон Баница. Во декември истата година, во речиси изгореното село Баница, Марин Георгакиев е исечен на парчиња токму на местото каде што е убиен Гоце, а Коста Маџаров, Ѓорѓи Орешков и Коста Петров се заклани врз гробот на Гоце. Неколку ликвидации извршил и војводата Таската Серски, а од страна на четата на Илија Тешовалијата биле убиени и таткото Апостолов од селото Баница, неговите двајца синови и едната снаа. Како учесници во други предавства биле ликвидирани и Георги Дурата, Михаил Каптовали и Атанас Костов.
Триесетина години подоцна, Андреј Хрлев, за кого уште во тоа време по весниците се пишувало дека го предал Делчев, напишал текст во кој тврди дека предавството е извршено од двајца врховисти во врвот на Организацијата во Солун. Меѓутоа, ниту тој ниту кој било друг наведува поконкретни податоци за тоа кои би можеле да бидат тие двајца предавници. Интересно е, меѓутоа, што во една турска шифрирана телеграма поврзана со убиството на Делчев стои дека даскалот од Броди, Андреја Ѓорѓи Хрлев, на 16 мај 1903 година примил „бомби донесени од Неврокопско и ги внел во црквата“. Значи, власта знае дека скрил бомби. Зошто тогаш не го уапсила, кога за такви работи се одело дури и во Дијарбакир?
Следната линија на предавството ја загатнува Ѓорче Петров, кој, повикувајќи се на разговор со сестрата на Делчев, Руша, во своите спомени вели дека војводата бил откриен уште во Солун. Гоце во Солун пристигнал на Велигден 1903 година, за да се сретне со Даме Груев и да расчистат за различните ставови околу самото востание. Двајцата останале три дена затворени во соба во солунската гимназија и што разговарале таму никогаш не е разјаснето.
Monday, May 9, 2011
Куќата во Сушица
Куќата во Сушица претставува вистински феномен во околијата на Гостивар.
Прво да ви го претставиме селото:
Селото се наоѓа во Горен Полог од десната страна на реката Вардар во нејзиниот изворишен дел. Сушица е ридско село сместено на надморска височина од 680 метри. Сушица е одалечена околу 6 километри јужно од градот Гостивар. До 2004 година селото беше под општината Долна Бањица. Највисока точка во селото е врвот “ВИКАЛО“кој се наоѓа над месноста „КЛЕН„ со околу -950-метри надморска височина на јужната страна од с.Сушица.Источно од местоположбата на селото тече Сушичка река која во летниот период Јули,Август,Септември пресушува.Низ сушички атар поминува во должина од 7-километри а цела нејзина должина од изворот во с.Ново село до влевањето во река Бањешница во с.Долна Бањица а потоа во река Вардар изнесува околу 15-километри.Во пролет и после силни дождови редовно ги поплавува нивите по целото течение.
Leia Mais…
Sunday, May 8, 2011
Македонската ''Ареа 51''
Лаборатирија, аеродром или скривница?
Македонската Ареа 51? Да, постои и такво нешто во Македонија. Во Националниот парк Јасен се наоѓа нешто слично како Ареа 51. Се верува дека подземја има големи лаборатории кои не се знае за што служат. Некои тврдат дека се вршат различни експирименти, тајни оружја контакти со НЛО и слично.
Некои мислат дека тоа е скривница за политичарите. Оваа теорија е најмалце за верување.И последната теорија е дека тука се крие подземен аеродром. Но, локалните жители велат дека ни во 2-та светска војна не забележале авиони. Па, така и оваа теоирја отпаѓа
Петнаесет Тивериополски свештеномаченици
Петнаесет Тивериополски свештеномаченици е манастир близу Струмичко кој ја крие една од најголемите мистерии во Македонија. Во 1942 година во мало Струмичко село, баба Савица и дедо Алекса бегајќи од убијците на селата(за овие убијци ќе има постирано) избегале во шумата. Криејќи се во пештера, еден ден им се сменил животот. Ловејќи, Алекса повеќе не се вратил во пештерата. Нетрпението на Савица неможело да издржи. Неспремна, тргнала по потрага на Алекса. Трагајќи по шумата Савица забележала нешто што не никогаш не го забележала досега. Петнаесет суштества кои вршеле ритуал и вриштејќи ја нарушувале тишината. Савица исплашена веднаш избегала најдалеку што може. Животот го продолжила уште 2 месеца во пештерата. Потоа се вратила во селото каде што им ја раскажала оваа случка на селаните. Оваа случка била иницијатор на изградба на мал објект кој ќе го симболизира исчезнувањето на Алекса и на петнаесетте суштества. Потоа Савица отишла во Русија и никогаш се нема вратено. Се шпекулира дека умрела при бомбардирање. Овој објект подоцна станал манастир и до ден денес постои близу Струмица.
Коментари?
Мистериите на Кожув
Планината Кожув е полна со мистерии. Треба ли веднаш да се каже дека рудникот Алшар, на планината Кожуф кај Кавадарци, во изминативе години и децении е веќе доволно истражен за да се донесат релевантни научни заклучоци: во него во изобилство ја има талиумовата руда лорандит, која е природен детектор на "неутрино", честичка која од Сонцето до Земјата патува за 8 секунди. Со други зборови, тој единствено ги препознава реакциите што доаѓаат директно од јадрото на Сонцето. Лорандитот најмногу ги преокупира светските научни кругови, бидејќи станува збор за мошне редок минерал, за кој е утврдено дека во целиот свет го има единствено во Македонија и можеби уште во Шри Ланка. Лоцирани се 32 минералa на талиумот, од кои 17 единствено ги има во Алшар. Во него, исто така има и злато (некои тврдат околу 20 тони, чија вредност се проценува на околу 150 милиони евра), потоа антимон, хром и бакар. Денес постои само едно отворено окно, кое се наоѓа на 25 метри во планината. Ходникот е долг 300 метри, а постои и вертикален за вентилација. Постојат легенди за минералот лорандит кои се поврзани со Александар Македонски. Наводно, тој прв ја открил неговата моќ, па неговата фаланга ги премачкувала своите штитови со овој минерал. Во битките, кои тој ги водел секогаш точно напладне и со движење на војската од запад кон исток, се јавувал силен одблесок од штитовите кој ја заслепувал противничката војска. Со тоа и се поврзуваат успесите на Александар. Тоа, пак, се поврзува и со изгравираното сонце на нив, она од Вергина, па оттаму и култот на Македонците спрема Сонцето. Легендата не е начуно потврдена, само се знае дека рудникот Алшар бил активен и во антиката. Имено, при ископувањата во минатиот век се најдени рударски алатки од античкиот период, што е непобитен факт дека тогаш бил активен. Приказните за неверојатната моќ на лорандитот во своите уметнички дела ги прикажува и академскиот сликар Ацо Станковски, кој режираше и филм. Ако ова уште е мистерија сигурно не е дрвото кое вирее само на Кожув и за кои претпоставувам не сте чуле. Дрвото се вика Гол човек баш поради фактот што нема кора на стеблото на дрвото.Составено е само од срцевина и има боја на човечка кожа. Интересно е тоа што ова дрво ја менува својата боја. Кога сонцето изгрева стеблото му позеленува ,во текот на денот има боја на човечка кожа додека пак на зајдисонце поцрвенува.
Језиво?
Мистериозните риби во Тиквешко Езеро
На прекрасното Тиквешко езеро се наогаат ,,чуда,, од риби. Порано постоела една рибарска приказна која се пренесувала со генерации дека во езерото постоеле огромни риби кои голтале цели чамци со се луѓе. И нормално ќе си речете во рибарска приказна кој верува.Така тоа останало легенда. Се до пред некоја година додека не дојде на истото езеро една словенска експедиција за друга цел за на крај да бидат толку преплашени од што се наоѓало на дното на езетото. Во Тиквешко езето постојат сомови кои се претпоставува дека се премногу стари и се ненормална големина. Има претпоставки дека најголемиот е од прилика колку некој вид на кит. Не постојат такви кранови кои би можеле да ги извададат и ако успеа да се извади еден кој беше со големина на чамец. И истиот беше поставен на плоштадот во Скопје. Бидејќи сомовите се мрзливи суштества кои само за да се прехранат излагаат на површината ја отвараат устата и чекаат нешто да влезе.Можеби ако сте на ова езеро еден ден ке видите еден ваков сом кој сигурно би ви го одземал здивот. За разлика од Неси овие сомови навистина постојат и туристите со повеќе среќа можат навистина да видат едно вакво чудно животно. Кога сме веќе кај митовте и легендите Македонскта историја е преполна со исти.Имаме толку многу волшебни шуми и пештери, гори, езера и мистични тврдини.Секое си има своја приказна и легенда исполнета со митски суштества која е убава да се чуе и како за крај убаво да се спакува и продаде.
Дали некој ги има видено овие риби?
Откритие во Штип
Черепот е со отвор за само едно око, без ушни шуплини и со три рокчиња на челото Пронаоѓач кој се занимава со карпеста уметност, во пештера во околината на Штип, случајно ископал череп со исклучително необична форма. Засега само еден општ лекар ја анализирал формата и заклучил дека черепот не е од човек. Сензација или квази-научност? Раководен од сопственото искуство за распознавање на човечки черепи случајно ископани при обработка на земјата, сопственикот на овој пронајден череп е убеден дека овие коски не се остатоци од човечко суштество. Иако наликува на череп од човек, оваа глава од двете негови страни има остатоци од три пара коскени израстоци во вид на рокчиња. Случајниот пронаоѓач тврди дека ова може да дешифрира еден сосема поинаков вид на суштество кое опстојувало или случајно се нашло на ова тло од пред најмалку 1.000 години, исклучувајќи ја можноста дека се работи за некој вид на животно кое живее во земјата. „Одделно беа закопани главата и телото на ова суштество“, вели пронаоѓачот. Скелетот бил составен од необично долги коски на екстремитетите. Пронајдениот скелет не се наоѓал во хоризонтална положба, туку во исправена - блага вертикална положба. Претпоставките на пронаоѓачот дека не се работи за остатоци од човечко суштество засега ги потврдил само еден лекар по општа медицина. Черепот нема два очни отвори, ниту отвори за уши, специфична усна празнина без заби. „Ова суштество не е од оваа планета. Тоа е со едно око, со рогови и предниот лик на главата е многу интересен. Само науката може ова да го докаже“, тврди пронаоѓачот. И колку да се расчисти дилемата за да се докаже дали дел од овие „лаички“ претпоставки се точни, потребна е неопходна антрополошка анализа. Така се согласува и сопственикот на черепот кој ќе го отстапи своето случајно откритие само под еден и единствен услов - да ја добие соодветната материјална награда пропишана со закон. Човекот, кој за почеток, не сака неговото име да се експонира во јавноста, останува на ставот за можни евентуални измени во базичната еволутивна теорија на Чарлс Дарвин.
Ликот на Св.Илија на истоимениот рид
Верувале или не, но ликот на светецот Св.Илија е длабоко врежан во рељефот на ридот над Велес што го носи токму неговото име. Останавме вчудоневидени од намерната или случајната игра на природата, а можеби ништо на светов не е случајно, па така и чудото наречено Св.Илија. Фала ти боже што ни го даде Google earth за да можеме емпириски да ги потврдиме митовите на нашите претци. Споредувајте и уживајте во глетката која од 6.600 метри височина ни го дава толку јасно ликот на светецот.
Leia Mais…
Охридскиот Бермудски триаголник
Се зборува дека еден маѓепсан триаголник на оној Бермудскиот постои и на Охридското Езеро – поточно на југоисточниот брег: трите точки се следниве: Првата се наоѓа нешто појужно од селото Пештани, Втората се наоѓа кај манастирот Свети Наум и Третата е на 6 км во езерото. Првиот знак е ако над Галичица се појави густ, хоризонтален облак во вид на легната греда. Одеднаш почнува да дува силен ветар, водата станува темна и се подигнуваат високи бранови. Изгледа како површина на езерото да врие, па во еден момент се создаваат страшни вртлози, а во другиот од исто место се креваат водени столбови како по експлозија. Забележано е дека еден албански брод, што превезувал железо од Охрид за Подградец, после Пештани се нашол во вакво невреме и дека исчезнал. Никогаш не нашле ниту човек, ниту најмал остаток од бродот. Или за човекот кој успеал да се пикне под превртениот чамец и така да се спаси, додека неговите сопатници ги снемало за секогаш. Многумина ја изгубиле главата на ова опасно место, а оние кои ја преживеале, по правило, подоцна се многу внимателни кога пловат по истата маршута. Што се однесува до поново време не се забелеани несреќи, што е веројатно резултат на брзите моторни чамци.
Leia Mais…Каде е погребан Александар Македонски?
ККаде е погребан Александар Македонски? Овие податоци ги пронајдов по разни форуми и вебсајти.
Прва Теорија е: Александар е погребан некаде во Источна Македонија. Александар бил погребан под земја и никој незнаел точно каде. Можеби, некој знае, но знаејќи дека може да дојде до големи проблеми, не ја открива оваа теорија. Раскажувањето на оваа теорија би можело да ја промени историјата.
Втора теорија: Гробот на Александар Македонски е некаде во Александрија. Се наоѓал во некоја просторија во која не можело да се влезе. Денес многу малце луѓе ја знаат оваа просторија, а и при интервјуто со Најпознатиот египетски истражувач Таху, било разговарано за оваа просторија. Но, Таху несакал да ја открие таа мистериозна просторија. До ден денес, никој незнае зашто?!
Трета теорија: Оваа теорија можеби е и најинтересната, но и најмистериозната. Според оваа теорија, гробот на Александар се наоѓал некаде на некое мистериозно место на Беласица. Според Кузман, овој гроб се наоѓа во северниот дел на Беласица, во некоја пештера. Бил обвиен со мед за да не се распадне при неговата преселба. Каде е точно?!
Четврта теорија: Оваа теорија останува само теорија, без докази. Се вели дека е погребан во Вавилон. Но, никој незнае дали е ова вистина или само приказна