Tuesday, May 10, 2011

Атентатот врз Глигоров

Можеби ова не претставува некоја мистерија, но сепак ќе ја напишам


Разнесеното ами бомба, уништениот мерцедес на претседателот Глигоров и се уште неоткриените атентатори полека 15 години по експлозијата кај Бристол стануваат мит. 

Атентаторите биле прецизни како хирурзи и не сакале да предизвикаат големи жртви меѓу граѓаните. Искуство за вакви атентати немало во балканските тајни служби, а многу од инволвираните во истрагата починале-сметаат експертите. 

-Балканските тајни служби и групациите кои условно се занимаваат со ваква работа кај нас немаат искуство со тој тип на правење експлозивни направи. Ами -8 како возило е многу интересно бидејќи е единствено возило во свет составено од делови сите поврзани со шрафови и всушност целото по експлозија се претвора во шрапнел. Со игра на случај или не почина истражниот судија, многу инволвирани во истрагата, некогашниот раководител на управата за државна безбедност.- изјави Зоран Доревски, тогашен заменик раководител на Службата за државна безбедност. 

Се помалку интерес на надлежните за расветлување, па младите криминолози и воените ветерани побараа да се решава атентатот. Актуелни владини претставници и клучни функционери од времето на атентатот не беа заинтересирани за нивната дебата и не дојдоа. По атентатот, беше сменет Милошевиќ, беше убиен Ѓинѓиќ и се случија серија убиства на Балканот. 

- Ова отвора прашање дали сите убиства и атентати се поврзани и некој се обидува да ја замајува јавноста со нерешевање на случајот со атентатот врз претседателот Глигоров. –вели генералот во пензија Илија Николовски и претседател на Здружение на воени ветерани. 

За експертите мотив за атентат врз претседател е менување на политички прилики. Атентатот се случува во време кога е потпишана Времената спогодба со Грција и кога претседателот на Македонија има реална власт за разлика од наследниците на Глигоров. 

-Се пишуваше и одредени интелектуалци предлагаа да има рекомпонирање на власта и коалицијата , па да му се одземат ингеренции на претседателот и да се дадат на владата. Никој не испита дали тоа рекомпонирање е поврзано со атентатот- изјави на трибината, пратеникот Стојан Андов кој во време на атентатот (03-ти октомври 1995-та) беше претседател на Собранието. 

Остануваат и приказните за лошо водена истрага, 15 години подоцна атентаторите се на слобода, а атентатот се уште е мистерија. 




0 comments:

Post a Comment

Коментар?