Monday, May 9, 2011

Куќата во Сушица



Куќата во Сушица претставува вистински феномен во околијата на Гостивар.


Прво да ви го претставиме селото:

Селото се наоѓа во Горен Полог од десната страна на реката Вардар во нејзиниот изворишен дел. Сушица е ридско село сместено на надморска височина од 680 метри. Сушица е одалечена околу 6 километри јужно од градот Гостивар. До 2004 година селото беше под општината Долна Бањица. Највисока точка во селото е врвот “ВИКАЛО“кој се наоѓа над месноста „КЛЕН„ со околу -950-метри надморска височина на јужната страна од с.Сушица.Источно од местоположбата на селото тече Сушичка река која во летниот период Јули,Август,Септември пресушува.Низ сушички атар поминува во должина од 7-километри а цела нејзина должина од изворот во с.Ново село до влевањето во река Бањешница во с.Долна Бањица а потоа во река Вардар изнесува околу 15-километри.Во пролет и после силни дождови редовно ги поплавува нивите по целото течение.




Можеби звучи примамливо, но прочитајте го ова...



Во текот Илинденското востание и на Втората светска војна селото дало повеќе македонски борци.Како најпознат и единствен Сушичанец кој го бранел селото од турските башибозуци и арамии во средината и крајот на 19-век се споменува Кузман Трпески кој бил немилосрден кога селаните биле напаѓани од турците.Во неколку наврати Турците се обиделе да го запалат селото, а посебно неговата куќа (која и ден денес постои во селото како жив доказ со трагите од обидите за спалување) но не успеале од неговиот жесток оружен отпор во кој Турците имале и жртви.Наследници на Кузман Трпески од село Сушица и ден денес живеат во селото и во Гостивар. Кузман умрел бранејќи го селото и тоа не претставува никаква мистерија. Но, куќата каде што живеел претставува. По неговата смрт се слушал гласот како ја повикува сопругата и неговите деца. На ѕидовите на куќата се појавувале дупки од куршуми иако никој не пукал во нив. Куќата претставува страв и до ден денес. И можеме да кажеме дека е една од помистериозните куќи во Македонија, а ги има многу



0 comments:

Post a Comment

Коментар?