Saturday, December 17, 2011

Ѓаволски Ѕид x2

Убавините на Република Македонија не можат да се набројат набрзина и да се опишат со леснотија.

zid1.jpg-500
Низ своето богатство оваа прекрасна земја крие многу тајни и мистерии кои се интересни за светот, а значајни за Македонците.
Интересната природна геоморфолошка појава на десниот брег на Брегалница се нарекува Ѓаволски ѕид.
Легендата говори дека ѓаволот се обложил со Господ дека кај месноста Богословец во атарот на општина Свети Николе само за една ноќ ќе изгради ѕид со кој ќе ја пренасочи реката Брегалница од нејзиното природно корито, нејзините води ќе ги упати кон Овчеполието и целосно ќе го поплави. Господ го прифатил облогот, а ѓаволот се обврзал да го изгради ѕидот додека не закукурикаат првите петли. Истата ноќ ѓаволот започнал да го гради ѕидот и тоа го правел толку брзо и вешто што не оставал место за сомневање дека работата ќе ја заврши навреме. Тогаш Господ се послужил со итроштина - пред зори клоцнал еден заспан петел кој закукурикал и така порано го најавил доаѓањето на денот. Ѓаволот не успеал во својата намера, Овчеполието било спасено од потоп, ѕидот го добил името Ѓаволски, а огромните камења останале до ден-денешен да сведочат за легендата за која не се знае кога настанала.
Интересната легенда остана меѓу народот, кој до ден денес ја раскажува секогаш кога ќе се спомене ова прекрасно место.
zid2.jpg-500
Друга легенда говори дека токму на овој простор се криело големото богатство од освојувачките походи на Александар Македонски, а овој мит бил предизвик за многу трагачи по закопано богатство да си ја пробаат среќата.
Тоа се карпести изданоци т.е. карпести ленти кои се јасно забележливи во релјефот, а се протегаат фрагментарно во правец исток-запад-северозапад, во должина од неколку стотици метри. Појавата е последица на побрзата ерозија на еродибилните еоцени седименти-песоци, песочници и друго, во однос на тектонски пореметените, вертикално поставени поцврсти карпести ленти. Овие карпи како поцврсти во однос на околните, заостануваат во релјефот во вид на природен ѕид. Според тоа појавата воопшто не е последица на директна човечка активност или градба, освен ако не се смета човековото влијание врз забрзувањето на ерозивните процеси преку оголувањето на теренот.
zid3.jpg-500
Д-р Александадр Балабанов, познат класичен филолог и универзитетски професор во Лајпциг рекол дека Ѓаволскиот ѕид е чудо какво не постои во светот.
Кога во веќе далечната 1970 година, познатиот археолог од Белград, Милутни Гарашанин, случајно наиде на овој Ѕид восхитено изјави:
- Ова е неверојатно! Ова е генијално дело, сеедно дали на природата или на човекот! Ова е светско чудо! Овој импонзантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри во правец на протегањето на “Богослвоец”, и вдолж дес-ниот брег на Брегалница а негови траги можат да се забележат дури и пет километри кон запад. Траги од ѕидот можат да се забележат и на левиот брег на Брегалница кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри, а широк околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатни - на од 4 кубни метри, а помеѓу нанесе-ните камења се наоѓа тенка, црвеникава врзивна материја вешто нанесена од вештиот грдител.
zid4.jpg-500
Кај трагачите на злато постои приказна според која ова е ѕид од римскиот период, односно дека тој крие еден тунел со неверојатно големо богатство. Тој тунел е вцртан и на одредени топографски карти што на наивните трагачи по богатство им ги продаваат вешти измамници од околните земји. Тој тунел, според нив е главната причина што последните години диви копачи на богатство се повеќе го посетуваат овој ѕид и го оштетуваат. Последниве две години предмет на вакво опсервирање и активности Ѕидот бил и на одредени НАТО војници кои со хелихоптери често се спуштале крај самиот Ѕид. Исто така, на повеќе пати се забележани и диви копачи од соседните земји, така што тие стануваат најголемата опасност за состојбата на овој редок феономен.
Ѓаволскиот ѕид создава немир и спокој истовремено. На човекот му носи опасности, но и зрачи со сета своја убавина, грандиозност и мистериозност што го одземаат здивот и предизвикуваат вистинска стравопочит.
zid-karta.jpg-500

0 comments:

Post a Comment

Коментар?